Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.304
- Поени од реакции
- 12.298
И претходно зборував дека универзални симболи не може да се толкуваат само преку еден систем кој што гледа негативно кон сите други! Посебно кога симболите за кои се гради негативен став постојат со еони пред да дојдат овие кои креваа врева за сешто што не им одговара во однос на нивната догма. Заради нив имаме тајни учења кои полека се појавуваат повторно низ светот... кроце
Змијата е зло само како симбол во егзотеријата односно религиите наменети за масите, за мноштвото. Бидете мудри како змии, не им верувајте премногу на луѓето што е што, ако не сте имале искуство и знаење за нештата...
„Змијата на Мудроста ги следи патеките од Тав(תו) па до Алеф (אלף) каде што завршува нејзината глава.
Во стариот еон, врвот на постигнување беше во Тифарет – или Убавина, средиштето на Дрвото на Животот. Таму беше „гробот“ на мистичниот Розенкројцер кој ги пренесе големите тајни да бидат предавани до денешно време, скриени во христијанскиот мистицизам. Тифарет беше Синот, најголемото постигнуавње кое што можеше да се добие од највисоките три сефироти кои христијанските мистици ги препознаа како Татко, Син и Светиот дух.
Нема ништо погрешно во ова. Иницијацијата се менува во однос на човештвото. Сега е ново време, нови искушенија, нова иницијација – која еден ден ќе мора исто така да помине, друг бог да седне на тронот на Истокот!
Од Тифарет секој поглед упатен нагоре дозволувал(за некои и сеуште погледот завршува тука) да се види само последната патека пред големата Бездна, патеката која ги поврзува сефиротите Милост и Строгост (Гебура и Чесед). Таа патека создаваше илузија дека над сето тоа или позади нејзе не постои ништо освен хаос.
Да, постои хаос во негативна смисла, кој што не иницира, кој што носи забуна, измешани мисли и дела, но само ако го прифатите тоа како знаење или разбирање, ако дозволите неистренираниот ум да ги премерува работите и да одлучува што е вистина, а што не.
Името на таа патека која стои пред Бездната во хебрејскиот мистицизам е Тет (ט) и значи Змија. Тоа е последната и единствена патека која се гледа пред Бездната , местото на лажната Еманација – Да’ат која профаните ја гледаат преку таа патека и ја нарекуваат „Знаење“. Оваа патека е поврзана со знакот Лав, а во Тот таротот со картата Страст, Ату XI. На оваа карта се дадени Скерлетната Жена која го јава Големиот Ѕвер – Бабалон и Терион во eдно.“
- За ЗМИЈАТА