Lupos, па зарем Европа не падна токму на тестот за човекови права и демократија? Ако е европа толку демократска, тогаш зошто државава 20 години е не признаена од западно европските држави под своето име и зошто една од нејзините најстари членки прави се што може да направи за да не уништи? Ако е...
Германија, одговараше и плати. Судењата во Нирнберг, со што огромен голем дел од "архитектите" на холокаустот беа осудени, поделбата на западна и источна Германија и милионските суми од воени репарации кои ги плаќаше Германија кон оштетените земји.
Таков член во Букурешкиот договор не постои. Има два начини да се направи промена на меѓународен договор - со друг меѓународен договор или со војна. Трето нема.
Не верувам дека е можна промена во политиката на Австралија према Македонија. Можеби во некои други времиња, но колку што имам слушано од пријатели, грчкото лоби таму е навистина во голем број и доста добро организирано, за разлика од нашите кои се поделени.
Изградбата на пругата беше започната кога го добивме ембаргото од страна на Грција. По потпишувањето на Времената спогодба и колку-толку нормализирањето на односите, изградбата беше прекината, поради наводно немање на средства. Со два збора - Македонска Работа!
Цената на километар автопат, во најголем дел зависи од тоа низ каков терен поминува автопатот. Ако се работи за рамничарски терен, тогаш цената од околу 2 до 3 милиони евра по километар е реална, меѓутоа ако се работи за планински предел, може да достигне и многу, многу повеќе од тоа.
Нека дозволи Албанија нејзините граѓани да се изјаснат како сакаат на наредниот попис, ќе се навратиме на темава, па ќе видиме каков народ живее таму, дали Торбеши, Македонци, Бугари, Германци.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.