,,Празнини во пукнатините"
Дупките помеѓу полиците
осамени стојат,
тежнеејќи по нежноста на воздухот
што ги прави помалку празни.
Пукнатини.
Цртежи врамени
висат на ѕидот,
го чекаат сончевиот допир
да ги излекува
од мајсторската рака
на гневот.
Празни празнини.