Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди синоќа јужна Грција.
Нема информации за настрадани и причинета материјална штета.
Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека земјотресот се случил на 173 километри југозападно од Атина во регионот на Пелопонез.