Дечки, кое дрво би ми го препорачале да направам рачка (од нула) на Опинелот што го модифицирав?
Малку претерав со делкањето, си работи убаво но не се закочува добро, надворешниот прстен нема каде да допира кога е заклучен, а и башка сакам да си чепкам и модифицирам. Мислев на (срцевина од) орев...
Victorinox baker's, стандарден и модифициран. Не само што му ја сменив формата на сечилото, туку го направив и подлабоко да влегува во рачката и со тоа да е покомпактен.
Така е друго, сепак од продавница е друго кога ќе го осетиш во раце (што верувам дека си имал прилика), не е лошо да се поддржува локален бизнис и такви продавници, интернетот уништува многу такви, но да не навлегувам во политика, твој е изборот од каде ќе си го земиш, ако јас сум на твое место...
Земи си од продавница директ. Ако има пратка од Британија, ќе ја надушкаат на царината и ќе те изгорат, од искуство ти давам совет.Стандарден и модифициран Opinel 8.
Јас најдов Wera, Wiha, Felo и сл. штравцигери од панаѓурот кај нас за 50д. парче. Земав 3, ќе пробам да ставам слики.
Имбусот е скоро нов, електричарскиот не би ризикувал да го користам на 220ка, а зелениот е хебла, длето, машина, би преживеал нуклеарка активирана директно врз него. Олд скул...
Ова ти е најдобро, а верувај, нема да ти е криво. Еве околу 3 години го носам 940ката со запци и ги употребувам исто колку и рамното сечило. Незнам зошто луѓето толку ги кењаат запците... Ќе си порачаш едно вакво за долар-два, и ќе му ги извадиш керамичките парчиња, со тие запците се прават...
@boleramone @Almeida @Волчко Баш вчрра бев во Хубо и најблиску нешто беше овој:
700д. беше, Инокс, од прилика 2,5мм, според мене ништо посебно, би чекал да донесат Мори.
Има ли тука (во цела ебана држава!) некој добар мп3/4 плеер, а да не е 150е на Apple?? Освен овој Sony (што претпоставувам им стое 5г. во магацин) друг салам немам начекано...
Инаку ова:
Sloche - J'un Oeil
Сепак земав Sony, JBLот ми беа некако стари, дури и пожолтени, и налепницата и самите слушалки. Сега за сега добро грмат овие, се надевам ќе издржат барем некоја година.
Не знам каде да прашам, па си викам тука нај-рандом фаци се мотаат. Ноу офенс... Сакам да земам слушалки (earphones) до 2000д. со моќни ниски фрекфенции (да не бидам меме и да користам ,,Extra Bass") се мислам меѓу JBL E10 (Нептун) и Sony mdrxb510as (АМЦ...знам...). Има некој некој друг предлог?
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.