Поврзи се со изводи со дедо ти, поднеси ги заедно со воената книшка, однеси ги ЛИЧНО ТИ во Министерството за правосудие и не губи време. Нормално изводите треба претходно да ги адаптираш и завериш во амбасада.
Кај и да е веќе треба да ти го потпишат указот, јас сум 1 месец после тебе. Ако сакаш сподели на форумов кога ќе ти потпишат да знаеме дека оди работава.
Мислам дека би требало да поминеш со тоа. Ако немаш друг документ немаш ни што да загубиш. Во најлош случај само може да си купиш време да не те прекратат - цела година си на дополнителна, треба да побрзаш.
Во правосудие до шалтерот има примерок како треба да изгледа молбата. Ќе си ја напишеш на лице место и ќе ја предадеш на шалтер заедно со документите. Важно е да го наведеш бројот на преписката и сите останати податоци.
И да, мора на бугарски.
Јас не закажував, отидов директно и ми ги примија документите најнормално. Само провери си за секој случај дали е работен ден кога ќе се носат документите.
И јас имам добри вести. И мене ми се смени статусот :ojeaa:.
Знае некој од прилика сега за колку време треба ни излезе указот?И јас сакам за децата да вадам БГ државјанство но овој пат не сакам да одам преку посредник туку сам. Дали знае некој каде можам да најдам што ми е потребно од документи...
Пријателе, јас бев на интервју во септември 2013 и уште не ми е разгледана молбата и кај мене го пишува истиот статус како и кај тебе. Не верувам дека ќе ти се смене нешто многу брзо.
Тие што се без приложени докумети за потекло се вратени на дополнителна проверка (до околу 15000/2013). Останатите сме со неразледани молби. Зашто не ни ги разгледуваат молбите и што се чека - кој знае.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.