Со здравје да си го користиш. Мене ми изгледа сосема солидно. Јас колку што гледав по продавнициве нема под 3500 добар ранец, така да според мене супер зделка си направил.
Логото не ми е познато. Инаку и кај кинеските ножиња има разлика во квалитетот. Ако е шведско логото, тогаш тоа е реклама за некоја фирма најверојатно, а не е производителот. Производителот става жиг на сечивото најдоле.
Ако можеш стави уште некоја слика (целосно да се види ножот со отвотени алатки и логото ако можеш сликај го подобро) па да видиме ако знам или ако најдам информација на интернет за да ти одговорам
Не би ти препорачал еден број поголеми, но никако не смее да те стегаат на прстите. Ако е тесна, ретко која планинарска чизма ке попушти со време, за да се надеваш дека со носење ке престане да стега. Јас моментално ги имам Lomer, од Артурс ги земав и сум презадоволен. Претходно имав Alpina...
Имаше еден на Реклама 5, пред 2 дена го видов, го продаваа за 1300ден. Ама сега набрзинка пролистав, не го најдов за да ставам линк, можно е да го тргнале.
Paracord има во Camouflage, (позади универзална) и кошта 550ден. за 15 метри. Не знам кој квалитет е, не сум го видел. Можеби најдобро е да си нарачаш од Aliexpress, таму ке најдеш во сите можни бои, и е многу поефтин, ама квалитетот не е баш најдобар.
Тој модел е, не би требало да е лимитед, порано ги правеа во сите бои, овој е некој рекламен ама штета што пријателот што ми го даде му ги има избрусено запците, го уништил. Инаку има и бејкерс со рамно сечиво, ама тој е по редок.
Истото го мислам за пилата. А од 130-ките јас се мислам да го земам Rangergrip 78, одличен нож за во природа. Плус тоа немам ниеден SAK од 130 мм во колекција, така да мислам дека следен е тој.
Според мене, си ја одбрал една од најдобрите комбинации на алатки за EDC. Инаку, порано имаше сличен модел кој наместо отварач за вино имаше крстач, ама веке не се произведува. А тоа не би рекол дека е турпија, тоа е пила за метал (бонсек) со еге (фино и грубо) и сече челик како луда. Како и да...
Не би рекол дека е ефтин. Ова не би требало да се случи на ваков мултитул. Имаше и некој друг на форумов што се пожали од летерманот, а гледав видеа со тестови што ги правеа за сечење на челични жици и се воодушевив, ама ова сега што го глеам ме разочарува.
Еден интересен нож што го најдов деновиве - Victorinox Solo 108mm
Беше лошо острено сечивото, ама со малку труд го средив, и сега сече екстра а и лесен е ко пердув. Овој модел се произведуваше до 2012 година и беа многу барани, незнам зошто ја укинаа оваа серија од 108мм.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.