Резултати од барањето

  1. Тањушка

    Aбе "Попе" зошто затвори?

    Е не прашав, не се заинтересирав до толку :). Само видов дека отвориле и толку ;).
  2. Тањушка

    Aбе "Попе" зошто затвори?

    Попе отворил сендвичарница кај мене во комшии, денес видов. Во новата зграда кај уличката близу Апче.
  3. Тањушка

    Највисоката зграда во Скопје...

    Јас колку што знам, црвената кула во Карпош 1 на улица Иван Аговски (помеѓу полицијата од една страна и СП Маркет од друга). Има 17 ката.
  4. Тањушка

    Донација за Ивона

    Само убави мисли . Се разбира дека се` ќе биде во ред, нашите мисли и позитивна енергија ги имате . Бацувки за Ивона :back:.
  5. Тањушка

    Рецепти за макала

    Мх,мх,мх :vozbud:. Изгледа во сите краишта има различен рецепт за макало. Знам од баба ми и мајка ми дека во Битола под макало се подразбира она највкусното рецептче што сега ќе ви го кажам. Лукот заедно со солта се толчи во дрвен сад. Потоа се додаваат варени компири и варени суви везени...
  6. Тањушка

    Бело или црвено вино?

    Т`га за југ. Црно, тешко, боемско, таман ко за мене :wink:. Особено го сакам како додаток уз м`скање, дали пица некоја, паста, или нешто печено...мх, мх, мх. Белото исто така го сакам, ама поретко го пијам. Обожавам Траминец, уз свежи охридски плашици седејќи во кафанче на Канео, на пример...
  7. Тањушка

    Свекрва / мајка - како ги нарекувате родителите на вашиот партнер?

    Еј сега и вие го тупите по малку :wink:. Кој како си милува, нека си ги вика :). Ако мене ко модерна, напредна, еманципиСАНА женска не ми смета да и викам на свекрва ми, „мама“, значи се` е можно. Си ја обожавам жената! Јес дека ми е далеку 2000 км, па од далеку е лесно да се сакаме, ама баш...
  8. Тањушка

    Бременост

    Еј супер! Да ти е жива и здрава :pipi:. Инаку што се однесува до симптомите на бременост. Индивидуална работа е тоа иако јас со двете ќерки ги поминав подеднакво, со исто реагирање на организмот. Првиот знак беше доцнењето на менстроацијата. Е дури отпосле, значи некаде при крајот на првиот...
  9. Тањушка

    Платите во државниот сектор зголемени за 10%!

    Значи, оваа злобава никогаш не ја разбрав и нема до крај на живот. Наместо да се потепаме на сите да им биде фино, ако може да се издејствува на сите да им се покачи платата и достоинството, јадеме бурек зошто на некој друг му ја зголемиле за 10%. Па, и ваква зголемена една висока што е, леле...
  10. Тањушка

    Житарици и житни производи

    Леле која убајна е ова! Од мајка ми се научив, она фура некоја здрава храна, а особено ми се вкусни овесните снегулки + ленено семе + обезмастен јогурт. Закон! Или класични мусли со овошен јогурт. Ем хранливо, ем нискокалорично, ем вкусно. Мераци.
  11. Тањушка

    Разликата во години

    Не е убаво да се генерализира. Секоја врска си е своја приказна, секоја планина-своја тежина. Ако имате 17 години, разликата во години може да биде непријатна, но кога имате дваесет и некоја, значи кога си веќе зрела личност од секој аспект, годините се` помалку се важни. Мојот маж е триипол...
  12. Тањушка

    Вие и кафето

    Кафе. Сосила го засакав, се натерав само затоа што ритуалот ми делуваше неодоливо. И сега не можам да си го замислам започнувањето на денот без тој миг на задоволство што ми го пружа. Една лажичка турско кафе, една и пол кафејав шеќер и млеко. Во мојата шоља од Кина од тенок порцелан :pipi:.
  13. Тањушка

    Бјело дугме во Метрополис Арена - 25.10.2008

    Бијело дугме без Бреговиќ, без Ипе, без Влада, без Реџиќ...смешки :tapp:.
  14. Тањушка

    Вo Треблинка "осамна" Македонија

    И тука сме соседи. Инаку, иритирачки наслов околу настанов има во Дневник, напишан од Татјана Поповска. Вели: „ТАЖНА ЦЕРЕМОНИЈА ВО ПОЛСКИОТ ЛОГОР НА СМРТТА“ Полскиот логор??!! Ете, така се шират бесмислени муабети. Тоа е наци, а не полски логор. Страшно.
  15. Тањушка

    Дали би заминале во странство?

    Како прво, сосема ги оправдувам оние на кои им е сон да отидат во ветените земји. Шетаните луѓе се секогаш поотракани и ако им успее да бидат среќни во туѓина, зошто да не...само напред! Но што се однесува до мене, пробав, ама...Добро, не можам ништо децидно да тврдам, ама сега за сега, се`...
  16. Тањушка

    Послабата или посилната страна?

    На првата страна се имам искажано околу проблематикава, но сега имам потреба да ја илустрирам со пример. Разгледувајќи ја галеријата, наидов на една фотографија од собиранката на која беа сликани некои дечки. И сега, момчињава се дотерале како што мислеле дека треба, значи дошле, ја испочитувале...
  17. Тањушка

    Затвори прозор, чади! (ајвар, зимница...)

    Чекајте сега, не сум баш во тек. Тетка ми вика не смеела да ни прави ајвар годинава, зашто забраниле да се чади зад згради, пред гаражи...Абе аман? Стварно? Па ако е така, ќе се уништи традицијата што ја прави земјава ни убава. Толку малку фини работи останаа со кои можеме да се пофалиме. Ако...
  18. Тањушка

    Што се суканиците?

    Аман бе младино, арно рече некој погоре, во време на диктатура да не живеете, па генерализации од ваков тип?! 1. Суканиците се дел од андерграунд културата, поврзани се со философија на живеење и сл. Доколку некој ги направи од чисто помодарство, ако де, нека му се. Ќе му помине ќеифот, ќе се...
  19. Тањушка

    Кафе и локум

    Многу почитувам вакви домаќински делиции. По можност кафенцето сервирано во оние ѓезвињана златесто-бакарни, еден филџан што им е мерката, а локумот со ореви...Лелелелелееле :nesvest:.
  20. Тањушка

    Дино Дворник

    Човекот што не умееше да порасне. Бог нека му ги прости гревовите. Дино, биди мирен таму некаде...
Back
На врв Bottom