Кајгана форум

М
Мачорка
Да, и моето беше сиво, најверојатно за истото праиме муабет, скоро сите имаа такво...Не знам зашто, ама моево требаше да го наместиш во некоја специфична положба за да има добра слика и ми текнува на стол го стававме, па одоздоле додававме перници...цела наука беше тоа. :)
D
Daedalus
Или кабелот или пинот/приклучокот заебавале.
Али за 150-200 денари Нинтендо склопено у Косово беше добро, башка се штедеа пари што би ги трошел на флипери, а сеа можев да си купам Лики Кул и Дигимон наполитанки со картички, со истите и оние сокчињата у проѕирни кесиња што беа во разни бои :'D
М
Мачорка
Пред неколку години бевме со една другарка кај баб и село на неколку дена и таму најде старо нинтендо у исправна состојба и после не можев да ја тргнам од пред телевизор, цело време Супер Марио играше. :D
D
Daedalus
Абе а ти текнуе на играна со ликон со секира што шеташе. Знам рипаше на облачиња исто и фрлаше едни ко бомби што пукаа, ти текнуе како се викаше играта?
М
Мачорка
Не знам, не ми текнува у моментов...таа сигурно била на дискета, не била од стандардните шо беа на нинтендото.
D
Daedalus
не бе, на нинтендо беше, чеј ќе гуглам сеа ќе ја најдам
D
Daedalus
М
Мачорка
Не ми е позната играва, изглеа не ќе да ја имало на моето нинтендо. :(
М
Мачорка
D
Daedalus
Си пропуштила многу! >.<
Патем, тек сеа му ја глеам фацата на типот и со овој изопачен стар памет ми личи на педофил што бега од оној што им вика take a sit xD
D
Daedalus
дааа бе, ја пичевме оваа со Димитар од доле комшијата. Моеше дуо да се игра, а онаа со мувите? Чеј ќе ја побарам xD
D
Daedalus
https://www.youtube.com/watch?v=437Ld_rKM2s еве ја, сум пукал ебани 2 пиксела што треба да бидат репрезентација на UFO што сум мислел дека се муви ко мал и тек сега сфаќам како владата на САД пробува да ни имплантира потсвесни мемории за да не манипулира и да не се разбудиме спиритуално
На врв Bottom