Ама ако, продолжи да читаш, без разлика шо ти имаат кажано дека ќе се случи.
Јас ја имав првата сезона гледано пред да ги земам книгите, ама пак уживав во читањето. Има многу ликови и случки што ги нема во серијата или не се доволно објаснати.
Јас мислам дека четвртата е подобра од втората, а петтата е најслаба.
Четвртата многу ми се допаѓа поради новите ликови, новите локации и новите POV. Дознаваме повеќе за луѓето чија моќ постепено се зголемува ( или намалува ) и гледаме како се справуваат со опасностите на војната.
па добро, вторава најверојатно ќе биде со многу битки помеѓу старкс и компанија и ланистер, оваа петтава неможам ни да замислам што се случува, како што разбрав голем build up за шестата имало, ќе видам ќе стигнам, случајно да не знаеш колку пари е 5тава, имам 1000че па си викам да ја купам посовреме
инаку се нервирам што на Мартин ќе му требаат најмалку уште 365 дена да ја допиши шестата, а рачунај дека до лето планирам да ја исчитам комплетно со Dunk &egg
GRRM рабори на енциклопедија, The World of Ice and Fire, со создавачите на Westeros.org, која треба да излези во Октомври. Со неа побрзо ќе ни врви времето.
Многу голем оптимист си ако мислиш дека TWoW ќе излези во 2014. Јас мислам нема да заврши до 2016.
Петтата книга ја нема како Paperback во Америка, па јас ја купив австралиската PPB верзија, ме фати 700 денари, како другите исто.
е ова со енциклопедијава не го знаев, значи ќе си чекаме, нели мартин имаше најавено дека имал напишано некое поглавје од шестата ???
ќе ја побарам по пордавници во ск и битола и ќе видамшо пара е
ако е ефтина и хардковер ќе ја земам
На почетокот на Јануари рече дека има напишано ~400 страни. Ако продолжи со ова темпо можи да заврши за година, година и пол, ама многу е зафатен со серијата. Консултант, ова - она, него го пуштаат по интервјуа...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.
Ама ако, продолжи да читаш, без разлика шо ти имаат кажано дека ќе се случи.
Јас ја имав првата сезона гледано пред да ги земам книгите, ама пак уживав во читањето. Има многу ликови и случки што ги нема во серијата или не се доволно објаснати.