Кајгана форум

ЈуријАркадиевич
ЈуријАркадиевич
Да. :) Скоро ја прочита, па импресии или?
M
Mary Poppins
Всушност, Се викам црвено ми е прва и единствена прочитана книга од него, па во библиотеката ја најдов оваа слободна и ја земав и потоа дома прочитав на корицата дека е политички трилер и сега не знам дали да ја почнувам и ми треба мислење од некој друг па на тебе ми текна.
ЈуријАркадиевич
ЈуријАркадиевич
Напишав долг коментар за прашањето, не го собра тука зашто ги премина тие проклети 420 букви, па ќе се обидам да го напишам истото или делумно истото. Судејќи по моето искуство со Памук ( се викам црвено, музеј на невиноста, снег и нецелосно прочитаната новиот живот ) тој секогаш ги претставува разликите помеѓу истокот и западот, па така и во снег.
ЈуријАркадиевич
ЈуријАркадиевич
Карактеристично е и тие разлики најчесто ги претставува преку еден љубовен пар па често паралелите на цивилизациите ги прави преку нив ( парот ).
ЈуријАркадиевич
ЈуријАркадиевич
Не би рекол дека снег е само политички трилер, иако главната тема е разликата на западното политичко општество и источното, но преку неговиот бајковит, можеби и малку наивен но сепак привлечен ( за мене ) приказ на двајцата вљубени, дозволува да се чита и малку поинаку тој текст.
ЈуријАркадиевич
ЈуријАркадиевич
Важен е многу разговорот меѓу двајцата вљубени Но, преку одредени симболики во интимните разговори на двајцата вљубени стои доста повеќе од " љубовен говор ". Не знам, мене ми се допадна затоа што преку таа љубовна приказна дозволува да не биде читана само како политички трилер, но и како таква ја обогатува.
M
Mary Poppins
Прво фала за исцрпниот одговор, не морало до толку :)
И искрено се надевав дека ќе прочитам дека има и некоја љубовна приказна колку да се направи баланс зашто поимите "политика" и "трилер" во комбинација и не ме баш нешто привлекуваат, а и на книгата нема никаква кратка рецензија. Дефинитивно ќе ја почнам, фала уште еднаш!
ЈуријАркадиевич
ЈуријАркадиевич
Немај гајле, кажи ми потоа импресии. :) Се надевам нема да те разочара.
M
Mary Poppins
Ја прочитаааав :D Може ли да ги споделам импресиите? :DD
На врв Bottom