Кајгана форум

Iceboy
Iceboy
Не, не нема уште ништо испаднато.
Туку ти на преведувачка си или на наставна....јас сум уште во фаза на размислвање, па разгледувам опции
VLJ
VLJ
Преведувачка и толкувачка. Тоа повеќе ме интересира, особено толувањето, а и мразам да предавам на луѓе, особено на деца :) Инаку после испадна дека наставна е малку потешка насока. Keyword: Бабамова.
Iceboy
Iceboy
Мхм....и мене повеќе ме влече накај Преведувачка, јас сакав на ПИТ да се запишам, ама скаран сум со германски и француски.
Ај ќе видам до понеделник ќе разгледам поубаво шо и како, ама најверојатно преведувачка ќе биде.
VLJ
VLJ
Ако повеќе те влече превод - не се мисли, бидејќи во спротивно ќе умреш од досада/ напор на наставна. За една година ќе речеш: фала VLJ за советот хах
Iceboy
Iceboy
Абе и кафе во Фонтана ќе частам ако треба не е проблем :)
Туку до каде си со Six Feet Under?
VLJ
VLJ
Чекав сесијата да ми заврши, тоа бидна неќни и затоа после викендот почнувам сериозно SFU во комбинација со GoT книгите. Осеќам дека ќе ги смачкам и двете многу брзо.
Iceboy
Iceboy
Јас се решив дека книгите не ги читам....нејќам да си ја зезнам серијата (доволно спојлери знам за понатаму)....
Iceboy
Iceboy
Еј што имаше земено во втора година за изборен....контрастивна анализа или американски расказ?
VLJ
VLJ
Во трет семестар од изборните ги имав Теорија на литература, Вовед во општа лингвистика и Мак. јазик 3. Расказ не зедов, а Зозе го имав во четврта.
На врв Bottom