Кајгана форум

Вештица
Вештица
може и за 5 евра? Не дај боже да сака човек купатило да реновира.
Windfucker
Windfucker
5 евра е најефтиниот мајстор за керамика и во таа цена не е вклучено евентуалното кршење на старите плочки. 2.5 евра монтажа се бекатон плочките за во двор.
Вештица
Вештица
ја мислам дека му плативме од прилика 3 евра за ставање на плочки во купатилото. Како и да е, човекот не заеба за подните плочки во кујната и ги намести на криво и многу високо, па ќе бидат за сантим повисоки од паркетот. Али вака испаѓа дека сме поминале ефтино, фала за утехата :)
Windfucker
Windfucker
Ако е за утеха ретко да најдеш и добар мајстор без разлика на цената која ќе ја платиш, изгледа го мрзело да ја вади и ископа кошулицата, па најверојатно ги наредил директно новите плочки на старите со лепак плочка на плочка.
Windfucker
Windfucker
Така нема ни некаква опција да ги оправаш. Ако ги извадил старите плочки и кошулицата па ги редел на полусув цемент долу тогаш е навистина засрамувачки да не ги нареди во иста висина на паркетотАко се криви и зидните плочки тогаш требало да ви каже да си го санирате прво тоа. Се надевам дека ти ќе бидеш подобар мајстор од ликот што редел кај вас дома. :)
На врв Bottom