Орел

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.808


Денес додека пешачев случајно погледнав нагоре и видов огромна птица со раширени крилја како кружи, се спушти со голема брзина, за прв пат видов толку блиску орел во лет, ме фасцинира, па ете нема таква тема за да научиме нешто повеќе за ова птица, ваши искуства?
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.756
Ги има доста во Македонија. Кој патувал со воз према Тетово, Гостивар и Кичево сигурно забележал дека на секоја втора бандера од тие што се покрај пругата има или орел и јастреб кој демнат за да видат некаква храна. јадан најмногу глувци, гуштери, змии а во урбаните средини деликатес им се питомите гулаби.

Секој квалитетен гулабар има квалитетна пушка до него кога ги пушта гулабите на летање:ROFLMAO:.

кај нас во јужниот дел од земјата, некаде према Мариово , Дерим Капија, Кожуф....го има и лешинарот. Има друштво на љубители на овој мршојадец кој како така се грижи за тие парови кои се сотанати кај нас
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.808
...ме фасцинира начинот на женката орел како си го создава потомството избирајќи мажјак орел!



... и како женката орел го избира таткото на своите идни орлиња? ... со својот клун ќе скршела гранка и со неа се кревала високо вртејќи кругови во облаците додека не ќе се собереле околу неа сите мажјаци орли, тогаш таа ја пуштала гранката да паѓа од височината и кој мажјак орел ќе ја фател гранката тој ќе бидел нејзин избраник...

upload_2018-4-5_22-30-5.jpeg

...потоа следувало правење на заедничко гнездо на највисоките карпи, носејќи големи груби гранки, за да потоа самите се „кубеле“ ваѓајќи неколку свои пердуви ставајќи ги над тие гранки правејќи го помеко и потопло гнездото!



... кога гнездото ќе било спремно, женката орел снесувала едно до три јајца, при што идните родители седеле наизменично над нив !



... младите орли се хранети од своите родители додека не пораснат до некоја возраст кога веќе таткото орел ќе ги истресел сите пердуви од гнездото при што се губела топлината и мекоста со што младите орли се вознемирувале мрдајќи во гнездото!



... во тој момент на вознемиреност на младите орли, мајката орел најчесто ќе уловела риба поставувајќи го пет метра подалеку од гнездото, за да испаднат гладните млади орли од гнездото користејќи го тој вроден инстикт за барање храна...



.. и така младите орли гладни, смрзнати во ладното гнездо немале друга опција туку да испаднат од истото, но често пати поради висината и стрмните карпи каде секогаш се градело гнездото, младите орли се слизнувале и паѓале во бездната, тогаш настапувал таткото орел кој се пуштал по нив и ги фаќал во лет едно по друго повторно и повторно, се додека не и се исправавеле крилјата на младите орли и сами ќе почнеле да летаат!



и затоа на почетокот женката орел го одбирал мажјакот кој ќе ја фател испуштената гранка која го симболизира падот на нејзините идни млади орли од карпа што тој мажјак орел во лет морал да ги фати и спаси од бездна !
... се надевам дека не бев предолга со постот ама мнооогу фасцинантна е ова приказна која морав да ја споделам овде, инаку текстот е мој, а сликите сама си ги одбрав од Нет и ги поставив во приказната за мајката Орел !
 

Attachments

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.808
https://365.com.mk/281067/kako-orlite-si-gi-vospituvaat-detsata :P Сепак дал било орел и сокол не знаеме :D
..па сигурно не сум била качена на карпа па сум зела интервју од женката орел, нормално дека некаде сум прочитала и овој линк што ми го пушташ „365 портал“ си го преведе од друг портал, на пример од овде ...ама пустото македончето, наместо да коментира на тема или да каже нешто друго ќе постави линк демек не е твое колку да гледа сеир ццццццц ццц , а и сликите најди ги да докажеш дека не се мои нели, доврши си го сеирот ? :(
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.756
На времето додека седев во студенскиот дом Гоце Делчев во Тавталиџе, фатив сокол кој влегол од некој прозор и се обидуваше да избега . Се собравме повеќемина и го фативме во еден кош кај лифтовите. Го лував соколот саат-два додека можев да го држам во рацете, и потоа го пуштив. Многу интересно е што шарите и боите на соколот беа многу поинтензивни него што се гледа од фотографии на интернет

Можеби некој знае....но на поткровјата на големите згради во Скопје редовно има соколи. Тие се повеќето урбани животни
 
B

Bafra

Гостин
..па сигурно не сум била качена на карпа па сум зела интервју од женката орел, нормално дека некаде сум прочитала и овој линк што ми го пушташ „365 портал“ си го преведе од друг портал, на пример од овде ...ама пустото македончето, наместо да коментира на тема или да каже нешто друго ќе постави линк демек не е твое колку да гледа сеир ццццццц ццц , а и сликите најди ги да докажеш дека не се мои нели, доврши си го сеирот ? :(
Не реков дека темата не е убава. Ми текна негде претходно го прочитав истото и баш беше интересно, па зборевме во друштво како е кај нашите женки т.е. врз основа на што ги бираат мажјаците :D и како повеќето си ги правиме децата паразити.

Кажа дека си пешачела, претпоставувам тоа не било негде високо па се прашувам дали стварно било орел или сокол.

П.С. ако некој ти одговори на пост или контрира незначи дека сеир ти фаќа. Гро ап :anco:

инаку текстот е мој
:misticen:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.808
Орелот и човекот !



...што друго прочитав интересно за орелот, па би сакала да го споделам токму сега за Велигден, Воскреснување на Господ Исус Христос со новото раѓање на орелот сиболична сличност !



орелот за разлика од другите птици живеел најдолго, слично како човекот живеел скоро 70 години, но неговиот крах го чувствувал на половина од тоа кога веќе не можел да го користи ниту клунот кој премногу се свиткал, ниту каџите кои веќе отупеле, ниту крилјата зошто перјата премногу се споиле на градите при што ниту можел да лета, тогаш орелот имал две опции - или веднаш да умре, или да се одлучи на нов живот со повторно болно раѓање т.е. целосна негова трансформација која траела пет месеци во неговото гнездо на високите карпи...



Дали орелот ќе се одлучел да доживее старост поминувајќи ја тешката трансформација за негово повторно подмладување, слично како кај човекот што преломни му се границата на 40 години од животот, зависи од самиот ...
во своето гнездо стариот орел со безвредниот стар свиткан клун удирал на камен се додека не ќе испаднел клунот, потоа орелот чекал да му порасне нов клун со кој веќе можел силно да удира при што ги исклука старите канџи



...кога старите канџи ќе испаднале, изникнувале нови со што ги кинел старите споени перја на градите со што му растеле други нови, и така „обновен“ да не речам „воскреснат“ повторно летал и ловел и живеел уште цели 30 години ...



интереснава трансформација на орелот секој може да си ја спореди со својата судбина, кога нешто иде или не иде, да се гледа напред, да не се врти назад... споредбенио спомнато во Библијата во псалмот 103 во стих бр.5 , каде псалмистот Давид му се заблагодарувал на Господ за негово исполнување на желбите на човекот со зборовите„ ...ги исполнува твоите желби со што се повторува твојата младоста како кај орелот...“



и така орелот одлучи да ја доживее својата старост !
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.756
И од мачки.....во вакви грмушки се најзаштитени. Деновиве ќе ставам слика од прем мојата кужа каде врапците се кријат во слична грмушка
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.308
Поени од реакции
4.702
И косот проба да се крие во грмушка од мачката...
IMG2.jpg
едвај ги зачував да пораснат и одлетаат.
IMG_20210926_170243.jpg
Секој ден ги демнеше мачката, така да морав решение да и најдам.
heiz.jpg
На крај станаа најверни другари...
huk.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom