Ајде уште еднаш.Со учество во шарената револуција придонел за негово доаѓање и се што од тоа доаѓање понатака произлезе. Измеќарењето кај Катица Јанева е секако бонус.
Шарената куртонијада кој ја смисли и организира?
Со каква цел?
Дали целта беше редефинирање на Македонската држава и промена на името?
Ако искрено одговориш на прашањава и самиот ќе увидиш дека Димче имал маргинална епизодна улога во сценариото и бил искористен како корисен идиот (што се потврди подоцна) што го тврдам д самиот почеток.
Да."Револуцијата беше продадена" и слични глупости не треба да му бидат на мени. "Млад бев и неискусен" е попаметен правец.
Како голем недостаток кај Димче е неговата политичка неписменост, неговата политичка реторика и познавање на правото тоа не го анулира.
Но, и покрај сите овие недостатоци кај Димче кои не се аргумент во полза на политиката на ДПсНЕ напротив доплнително ја покажува нивната неспособност.
Не ги амнестира од улогата на “добар полицаец“ во изведбата на сценариото за редефинирање на Македонската држава а за што сум сигурен знаеле многу порано особено оној во Пешта знаел барем 90% од сценариото а неговата реакција беше народот така гласал заборавајќи дека и на тие избори доби мнозинство Макеоднски гласови со кои тргуваше без нивна согласност.
Единствена работа која би одела во негова полза е тоа што опасноста од војна беше една од опциите, а имаме скромен биолошки материјал и негово трошење без обезбедување на барем политичка подршка од некоја голема сила е несериозно, но и квислинштвото не е ништо добро па секој со своја памет.
И да и мене ме изненади Димче што не покажа капацитет да ги согледа сите овие работи но денес е единствениот на политичката сцена кај нас кој нема ништо против БРИКС+ и градење на добри односи со тој блок кој е носител на промените во Светот, а како се одвиваат процесите ќе биде доминантен и во економскиот но и во секој друг аспект во 21 век.

