Кога имаш самодоверба и инает во себе, и кога никој не очекува/ше ќе се случат чуда.

Заслужена победа, ѕверски партии на Нтанзи и Самоил, првиот страшен преглед на игра, асистенции, влезови, мислам дека ниту една единствена техничка грешка немаше дечкото, страшен бек, еден од ретките шо ги оправдува очекувањата и парите шо ги зема, во 2 правци врши, ко ќе набие и кондиција ќе биди уште подобар( да ги пофалам и останатите, за разлика од минатите мечеви, техничките грешки беа сведени на минимум).
Самоил, тенк,

ја гледав сношти на раат снимката, друго е кога не си таму, да видиш од разни агли, ПА МАМИЦАТА ИМ/МУ ЈА

,како партали ги фрлаше од себе, како деца мали се одбиваа од него,

според мене, тие неколку врзани гола на Самоил го свртија моментумот во утакмицата, и секако тие скинати зицери на Никучо, тој е клучот, кога брани тој имаме игра.
Одбраната 3-2-1, одлична, ќе треба да се прат корекции, пред се на 2и5, тука ако се најдат во иднина соодветни решенија ќе биди топ, па да не се троши Фитило и во одбрана, вчера прегоре чоекот во 2 правци.
Добро покрија Павле и Алекса на моменти на десен, тука имаше голема дупка, со Видомски и Мартин, се виде разликата од прво полувреме.
Чиста среќа шо Гудјон го седна на клупа Вујовиќ во второ, не уби тој мајмуно во прво, иако и Кодрин даде неколку гола, сепак далеку поопасен беше Милош.
Прва победа над бундеслигаш, по цели 28 години, по таа победа во Битола во КУП НА ЕХФ, со Фленсбург, 30-27 мислам беше тука, па таму не товарија со -10, иако на полувреме водевме, па после беше таа дешавката со КАНОНАДАТА СО ЈАЈЦА

Каква екипа имавме тогаш, дрим тим, Ходик на гол, крила Марковски и Аљушо, пикер Заре, бекој Пепи, Боро и Новокмет.

, цела прва постава на репката на ЕП во Италија, во Болзано.
Да го поминевме Фленсбург ќе стигневме далеку таа сезона, ама то е.
Се надевам дека ова ќе биди пресвртница на сезоната, да се оди сега all in во Автокоманда, со добра одбрана имаме шанси иако ќе биди многу заебано таму.
Па после да се проба да се добијат Пољаците, тие се страшно непредвидливи, засега само ние ги надигравме, со сите други изиграа со огромен број на постигнати голови, зато ќе биди многу важно да се сведат на некој минимум, под 30 гола, па после да решаваме во Логроњес.
Да одиме чекор, по чекор, има шанса, дури има треба да се игра.
Па после на зима, со преструктуирање, да се исчисти клубот еднаш засекогаш од вишок играчи, ако се начека некој салам играч да се земи, по можност десен бек шутер, голман и по можност уште еден деснорак шутер.