Најтрагично ќе беше ако се повредеше Љевар на крај. Повреда на лев скочен зглоб во 59 минута...
Се надевам нема да е страшно.
Макар што полусезоната горе-доле е завршена. Трагично што кога сме во добра форма, немаме веќе утакмици со конкурентите.
Колку само фали таква СЕХА лига ко на времето...
Остануваат Мулти Есенс на гости, па гостуваме кај Пелистер 2, па дома со Куманово, Младост и Тиквеш.
Наредно дерби тек во февруари во Охрид.
Денес офанзивно беспрекорни. Скоро секоја акција ни беше добро одиграна. Две пробивања на Малус, два зицери на Марио му скинаа, еден на Абделхак и горе доле ништо не одиграа друго во одбрана Алкалоид.
Се утепаа од мавање, се' да им ебам.
Цела сезона беа ОГРОМНА НУЛА. Јас ги рачунав за сериозни кандидати за титула, а до ова коло беа на ранг на Бутел, за денес да одиграат доста добро. Митев со најдобра партија сезонава, досега беше како умрен. Тоа свињетината Сухолењик многу проблеми ни правеше во напад. Па и доста маваше во одбрана. Неколку гнасни фаули направи.
Некако ревијално игравме во одбрана, се' додека не заводеа они во 40-та минута. Не влеговме толку сериозно како со Пелистер и Охрид. Фалеа и одбраните, па кога фати Гогов 2-3 топки, одма им отидовме на +6.
Се чекаше таква серија во секој момент. Ги убивавме во напад и се чекаше само да се стегне одбраната малку.
Фадуил феноменален. 11/11 со 8/8 од пенал, два гола од лево крило. Неколку асистенции, изнудени пенали, а скромна минутажа има. Згрешивме повеќето со проценката. Дечкото се заљуби во атмосферата во Скопје и ако немаме некои поголеми финансиски проблеми, верувам дека долго ќе остане во Скопје. Верувам и дека ќе напредува во играта, ќе биде доста важен играч. За пенали веќе коментиравме, страшен репертоар на удари има, ретко греши.
Сите бекови беа топ, освен Јака.
Малус се гледа дека е тотално отсутен. Индиспониран, ни сенка од ланските партии. Веројатно си има некоја тежина и не му е паметот во ракометот. Се' послабо игра некако...
Ни Хориха не беше толку блед ланска година колку што е он на некои натпревари сезонава.
Воркапиќ ѕвер. Марио имаше многу шанси и мислам заврши 4/6. Ама утна два добри зицери од широк агол. Многу сакам да успее, ама засега наликува на ранг на Ќосевски. Фалеше Тузо во одбрана можеби.
Вака така сите бекови ни се погодени за наша лига, па донекаде и за во Европа. Добро ја воигра Чупко оваа формација со 4 бекови.
Ќе ми биде многу криво ако не остане бар 5 години во Вардар. И ако паднеме со буџетот во иднина...