Не треба многу да се сфаќа драматично се поизвесното испаѓање од групите во ЛЕ.
Шансата беше со Ла Риоха дома,тука се избламиравме за сите пари, се изгуби самодовербата, па после и со испуштената победа во Гдањск ( чиста добиена утакмица беше, само требаше да се приведи рутински кон крај).
Да се победеа овие 2 утакмици, ќе беше друга песна.
Теоретски шанси има, дури има треба да има надеж и желба за надигрување, ама да не се креват апетитите, посебно не со помпезни најави на ФБ, вака ќе биди, така ќе биди, да не се крева еуфоријата без потреба, па после ако тргни надолу работата да има критики, а нејќат критики.
Сега треба да се мисли на иднината, праење на основа и костур на екипа.
Кога веќе се почна со чистење на играчите, да се дочисти еднаш то шо смета Лино дека е вишок и да се тргни со чисти сметки.
Ете излезе шанса за EARLY BLACK FRIDAY , во случајот со Партизан,
Ама прашање е колку сме спремни да искористиме.??
Лумбросо е премија за оваа екипа, и ако има шанса да се земи треба да се оди на него, ама прашање е колку ќе биди од корист при оваа тактика на Лино.?
Со ваква игра ко шо играме, со бавни напади, минимални промени на позиции во напад, укрстувања, игра со втор пикер.
За 7 на 6, веќе нејќам ни да помислувам со Лумбросо.
За него треба брза напаѓачка постава, шо ќе ротира и ќе трча без топка.
Играч ко Лумбросо ќе му биди од корист на Фитиљо, а уште појќе ќе му биди од корист на инертните десни бекој, Мартин е катастрофа оваа сезона, ни 20 % не е од то шо беше во Алкалоид, се виде и во репката до кое ниво е, штета за дечкото, Видомски за нијанса подобар, ама далеку од то шо ни треба, не постои оваа позиција кај нас, во напад, а уште појќе во одбрана, ко со играч помалку сме ко ќе бранат овие двајца во одбрана.
Плус треба да се мисли дека Лумбросо не игра одбрана, а ако веќе е во постава го чува крилото/
Тој не игра одбрана, Жаре не игра, Видомски, Мартин не играт, Фитило треба да го штедиме....
Штом веќе се вклучија појќе екипи за Лумбросо, значи ќе си ја крева цената тој, прашање е колку сме спремни ние да понудиме, и на кое ниво би ни бил потребен?
По мое, ако не е малку подолг договор, од барем 1.5 сезона, не вреди да го земаат, колку да ја дотурка сезоната и пак да си оди, па пак барај играчи.
Со -3 бода во однос на брендот, и уште 2 тешки утакмици кои не чекаат, кај шо не се знај дали ќе победиме, прашање е колкави се шансите за нешто појќе во суперлига.
Јас кога би се прашвал, ако веќе Лумбросо е скап, треба/ше да се тргни по Трнавац, екстра голман за балкански услови, Аљоша Дамјановиќ, добар бек, во два правци, пробивен, силен, со влез, сигурно и далеку поевтин од Лумбросо.
Црноглавац и Иванов се типој на десни бекој, шо ни требат во овај момент, посебно Иванов, оти игра и одбрана, Црноглавац е офанзивец, со подобра техника.
Еден салам шутер немаме надвор од 9. да земи да разбие монотонија, то фали.
Сега треба да се прај ростер со долгорочни договори, од барем неколку сезони, па така да се гради екипата.
Ако менваме на секое играчи, тешко ќе оди, оваа сезона беше ХАЈП СО ПРЕОДНИОТ РОК, полош преоден рок амин, а сите се надевавме дека ќе изненадиме, на крај тотален хаос, на играчки, а богами и на финансиски план, кузнеј колку пари се фрлени во предвремени раскини на договори, онај Џелиловиќ алал да му е на дечкото, 1 секунда не изигра, плата си капеше, дали и се испоти дечкото, а си лапна незаслужени парички, господин.
Оваа сезона треба да е поука, како не треба.