Покетино > Керик, нема дискусија тука. Но, не очекувам којзнае што. Можеби мала стабилизација, мид тејбл позиција на крај на сезона.
Ама, ако пак истото се случи како летово, овој Јануари ништо да не се донесе и следно лето пак онакви глупости од трансфери, истото ќе го снајде и Поч.
А за сега, верувам дека ќе извлече подобри верзии од некои играчи, али одбраната леле мајко. Ќе гледаме циркузи уште, поготово што тој е тренер што сака висока линија а нашиве се тромави како бабуши пред кооперација со посебна салама во рака. Ниеден од нашите штопери не може да игра високо, така да ќе мора да се адаптира Поч.
За неговиот престој во Челзи не би судел, таман почна да подсредува некои работи таму го набркаа.
Сума сумарум, истото ќе го снајде ако некои работи во топ менаџментот не се сменат како и начинот на раководење со клубот, а тоа...тешко, многу тешко...