Фан клуб - РК Вардар

Ако се навратиме малку наназад, прва желба за ново десно крило ни беше Вајлупов, само откако бараше астрономска плата, ние се одлучивме за Воркапиќ.

Ако ги споредиме после една година, Вајлупов лани со Бенфика заврши на трето место во домашното првенство, оваа сезона се наоѓаат на четвртата позиција.
Во Европската лига се во многу неповолна позиција, моментално се трети во група, имаат два порази и само една победа, многу веројатно натпреварувањето ќе го завршат уште во групната фаза.
Микита не е ни блиску до формата што ја имаше во Веспрем, а со тоа и до евентуален нов ангажман во некој од европските гиганти.

Додека Вуле денес ги живее најдобрите денови од својата кариера, освои домашно првенство со Вардар, за првпат играше Лига на шампиони каде е прва опција на својата позиција и постигна 27 гола.
Секако со своите настапи веќе има и загарантирано место во репрезентацијата на Србија како прво десно крило и настап на Светското првенство во јануари.

За нас само уште еден пример каде навистина може да видиме што добиваат играчите со потписот во Вардар.
Работи што не се купуваат со пари, најдобрата ракометна атмосфера во светот и можност за експресен напредок на самиот играч каков што не би имал во ниту еден друг клуб.
 
Се повредил Митро со Естонија. Да се надеваме дека не е сериозна повредата.
 
Воркапиќ и пред да дојде во Вардар беше етаблиран играч, репрезентативец и порано голем талент а потоа и готов производ со интернацинална кариера во Франција и дома во Војводина. Преминот во Вардар му е полн погодок иако веќе има јаки понуди за надвор, за у Бундес лига .
 
Косоротов е моментално еден од најдобрите леви бекови во светот, такви готови играчи прашање е и со буџетот од пред 10 години дали можеше да потпишеме, сега нема апсолутно никакви шанси.

Туку ако веќе си кажуваме желби, можеби реална опција да биде Тин Лучин од Нексе.
Стварно не знам што прави таков играч веќе неколку години во клуб кој не игра Лига на шампиони или Бундеслига (нешто со Фуксе Берлин се поврзуваше летово, само не бидна ништо од тоа).

Гледам и договорот му истекува на 30.06.2027 година, може преку влијание на Чупиќ да пробаме да го донесеме.
Би бил страшно засилување за нас и таман некој што ќе ја преземе лидерската улога на Малус.
 
Лучин го иам гледано два три пати, има израз од надворешна зона.
Не се сомневам дека бековската линија ќе биде досредена и покрај тоа што Малус си оди, најголем проблем според мене е лево крило и кој би можел таму да се наметне..
 
Косоротов е моментално еден од најдобрите леви бекови во светот, такви готови играчи прашање е и со буџетот од пред 10 години дали можеше да потпишеме, сега нема апсолутно никакви шанси.

Туку ако веќе си кажуваме желби, можеби реална опција да биде Тин Лучин од Нексе.
Стварно не знам што прави таков играч веќе неколку години во клуб кој не игра Лига на шампиони или Бундеслига (нешто со Фуксе Берлин се поврзуваше летово, само не бидна ништо од тоа).

Гледам и договорот му истекува на 30.06.2027 година, може преку влијание на Чупиќ да пробаме да го донесеме.
Би бил страшно засилување за нас и таман некој што ќе ја преземе лидерската улога на Малус.
Лапа 15.000 месечно и се куропеца, плус дома. Фуксе беа заинтересирани, ама ништо не испадна на крај.
 
Не знам што је биде до Бомаштар/Валах, ама мислам дека Трнавац би им бил одлична замена. Исто на десно крило добар е Лазар Анѓелковиќ, мислам дека би бил каде каде подобар од Французинот. И исто така на пивото доста благодарен играч е Иван Миќиќ.
 
На десно крило ни се Воркапиќ, Гоце и Поповски. Французите се лево.
 
Французите ќе добијат клоца, едниот можеби и одма на полусезона.
Во Вардар играчи не добиваат клоца, сепак сме господски клуб, точно е дека ќе си одат двајцата, дали некој на полусезона или двајцата на крај ќе видиме, ама какви и да се, двајцата коректно си го одработуваат договорот, можеби офанзивно потфрлија, ама далеку е ситуацијата од клоца.
 
Метафорично кажано. :)
 
Back
На врв Bottom