Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Плус Вагнер! Пикериштето од Австрија ако веќе милува Червар игра со пикер....
Најбитно да се задржи курсот и на овие грешки да научиме!
Сега ни е шансата да се подобро екипираме и од на зима веќе да тргниме како треба а од догодина да напаѓаме и титула
Единствено од таму шо вреди е Кос и Ламбросо се др е бижутерија па и тој алпинистот.
За Кулеш од ко замина (избркаа) од Килце неможе да склопи цела сезона само со повреди и да се влечка. Со него имаа контакт да го донесат предходната сезона пред да замине во Мелсунген кај шо не изигра апсолутно ништо, но сумата која ја бараше неговиот агент беше тотално неприфатлива за нас.
Мигалон супер дефанзивно лево крило кое брка мн работа но е слаб офанзивно. Единствено само таму би можеле да го користиме.
Црноглавац и тој ќе биде на ниво од тоа по го имаме сега моментално.
Додека од кај голманите да може да се гибне нешто Кривокапич е доста солиден голман со добри рефлекси и може да се размисли за него добро би ни дошол но мислам дека може да се најде нешто поквалитетно.
Додека босанецот е во мизерна форма и има наприцкано премногу килажа, беше голман кој има голем потенцијал и му предвидуваа убава кариера но дувај бегај шо подалеку од него.
Остатокот е тешка бижутерија.
 
Мигалон, Вагнер, Лумбросо и Иванов се ко за кај нас, и плус некој голман од страна ако се најди ама чисто сумљам дека ќе донесат некој и дека ќе се ослободат од одредени во клубот...
 
@Tomasino пак половично се сложвам со постот, има и доста нереалности....
Прво од типот Валах е слаб, мало морген, неколку меча го имав пратено уште во Киелце, не можеше да дојди до израз за поголема минутажа поради големата конкуранција, па шансата ја добиваше со послабите екипи или ако е земен трет голман и да водиш со поголема разлика па така да му дајш шанса на сите - грото како кај скоро сите екипи, најповолно за него беше да бега од таму....
Уште пред Келентриќ ги имаше покажано квалитетите, со него доби плус мислам, а сега одбраните двоцифрени му се тоа шо вардар почна да игра одбрана....претходно одбраната не беше на ниво на задачата...
И не знам зошто и кои си правеле филмој дека ќе тепаме во Јане, кога со моменталната ситуација тие пак ќе речам ќе не тепат 9 од 10 без разлика каде и да се игра.
ОБЈАВАТА НА ФИТИЉОТ! :nesumjas: Пак ќе речам, меѓу редој разјасни многу работи, испадна го задржваме него, а екипата е за 50% послаба од лани, уште не можам да разберам, ги даваш Манасков, Радивојевиќ, Хосни, ти иди Басенесе кој кузнај дали се води реално, на крило играч шо не го облеше дресот на Пелистер и друго крило кој освен решавачкиот гол со Охрид, си билда статистика со тренинг спаринг екипите.
Околу голманите, точно статистички нашите не се ни на 10%, јас не знам навистина за Ицката, оди секоја година на тие семинарите со звучни познати светски имиња, па ако не го бива некој од голманите одма разрешете го, за Никучот можи е младолик, има физикус и личи на дете, ама годините друго му кажват, не се исти нозете, рефлексите, ни ќе брани уште ни ништо, атер на тој мечот во Охрид мислам си доби на плус една сезона, тука мораше да се бара чаре, вистина наш, битолчанец, мотиватор, ама барем него пуштајте го на семинари, па можи ќе биди нешто, и се сложвам голман немаме погодено од Секељи, Лесјак јас би го додал и Гедбан, ова тројка беше топ. Нинџа исто интересен голман, висок, долги раце, нозе но уште не ми е за прв голман, за втора опција е супер..
Според мене ланскиот тим беше најјак на Пелистер до сега, толку звучни имиња, толку репрезентативци, толку искусни играчи, не знам дали сме имале и претходно и ланската сезона печени бевме за нова титула АМА пусти поделби, релација тренер-играчи, поделба на кланови си го зеде данокот таквата игра и титулата летна.
Многу ќе треба да се спотни газот сега, за да дојдиме некогаш пак во таква поволна ситуација.
И не ми е јасно шо тренират на кондициски план, не е само теретана и кревај на бенч тежински тренинзи, плус играчи искусни шо го знаат дербито така лесно се предаваме. Види ги кај нив, од минатите сезони Хориха, па Малус, сега Љевар, Фадуил ни знаеле ни чуле за дербито, земат косат втерен како 250 утакмици вакви да изиграле....
Самодовербата дечки, немање самодоверба кај играчи како Хагберг ќе го земам за пример, плачеше лани дека Богдан бил пред него немал минутажа, ајде еве повели треба да го откорниш паркетот сега, не цел гол да го промашиш, дури беше Манасков исто, не играл близнако, децата шанса да добивале.....не се деца повеќе треба да се носители, после оти играле другите до 37 години - е ќе играт, дете е само Самоил, дете - мажиште кој и те како му го ниша столчето веќе на Жаре.
Не ни се криви толку играчите, колку шо некој салам ја мати водата во клубот со трансфер политиката....
 
Следно коло е во Автокоманда.
Ако не чукнат и тие, кој сака нека честита после.
 
Во Автокоманда и во најдобри времиња тешко сме врвеле. Не е ова Охрид со Вардар па полесен тренинг да е.
 
Следно коло е во Автокоманда.
Ако не чукнат и тие, кој сака нека честита после.
Не знам оти, али осеќам дека ќе успејме, редно е да се уклучи Битолскиот инает :cool: .
Одиме:uzi:
 
Јас бев еден од тие шо трансферите летово ги мислев дека ќе се топ... Најмногу поради тоа шо скоро сите играчи шо се донесоа беа испод радар, скоро никој од тука ни ги видел ни ги чул, очекував дека ќе дојдат мотивирани и желни за да напредват, испадна сосем поинаку.
За мене секогаш ќе е тоа многу поинтересен начин да склопиш екипа, да најдиш некој анонимус кој ќе пркни овде него да бркаш некој пред пензија да се заебава овде и да ги земи парите само. Така функционираше Пелистер и порано, беа селектирани играчите како таленти ама афирмација како топ играчи достигнуваа тука.
Е сега... Процес дека било ова, можеби е, можеби не е. Процес значи кога имаш некоја цел и кога менуваш работи со цел да профункционираат кога-тогаш. Ние натоваривме играчи, пола од нив ги набркавме шо создава впечаток дека не се знај кој јади кој пие во политиката на носење играчи, пола од нив дремат на трибини или на клупа не се ни за некоја поширока ротација. Не ја бива едноставно, на времето бевме клуб кој од 5 странци 4 ќе ги погодеше најмалку, сега од 5 странци ние еден дали просечен ќе погодиме, се прошалтоваја овде странци годиниве наназад како никогаш до сега, грдна пара се фрли а за возврат многу малку. Да се тргнеше од почеток на сезона со овие новите и да се кажеше не функционира вака ама треба трпение да се уиграат е едно, то шо ние пак играме со истата постава од лани без измени малтене, сосем друго. Ракомет со одење повеќе не врви, ќе не ораат сите екипи од странство макар и просечни да се. Лесно е тука со боранијата и со Ловчен во таа лигата да ги товариш по 20-30 разлика, ама секој малце посериозен тим ни е огромен проблем.
Загрижува и одбраната, мислам дека то треба да е столбот на играта, од таму голманите да имаат по 15+ топки фатени па преку јака одбрана да играме контри-полуконтри, брзи напади... Назад се држиме до одреден период, после то одма кратери се појавуваат, макар и некогаш добра одбрана да изиграме со факинг 7 на 6 одма примаме голој така пошто не стигнуваат да се заменат со голманот и ко ќе ти заминат 5-6 разлика, после тури му пепел. Зицерите се исто голем проблем, немаат самодоверба играчите, немаат глад во играта. Најмногу нешто шо ме иритира е рамнодушност, излегваш на терен онде дерби да си ги ладиш мадињата наместо паркетот да го откорниш, да си играт мајтап онде со нас, како можат меѓу нив да се погледнат после не ми е јасно. Како никогаш ама баш никогаш не сум видел Вардар да се такви млитави, цели постави странци доаѓале и сите максимално мотивирани цела утакмица небаре во војна влегват, Чупиќ како играч на глава се местеше иако беше ветеран, сега како тренер беспрекорно му се мотивирани играчите, сите до последен. Колку год да не ги сакам како клуб, тоа е за поздравување во секој случај.

Шо можи да се напрај за да не оди и оваа сезона во ветер? Веројатно наместо како минатите сезони кога се вртеа по 3 тренери во сезона, да се седи мадро со чиката, веројатно да се седни со него и да се види шо можи да се попрај, човекот има искуство и то барем сигурно знај шо чини а шо не чини во клубот. Спрема мене лично е симптоматично шо секој тренер шо дојде од надвор дојде сам без ниту еден асистент, кондиционен тренер, тренер на голманите. Па по 10 години се во клубот овие нашите без никаков ефект, Џинксо спрема мене е сто пати подобар тренер и подобро работи со голманите него овој Ице, светот се смена ама Ице е незаменлив во клубот.
После то треба да се напрај некоја доселекција на екипата, овој го бива/овој не го бива. Ако има достапни играчи на пазарот да се донеси некој океј, ако нема нека се проба со некое дете од двојката, посекако ништо не губиме повеќе од ова. Играчи се договараат сезона две унапред, ние сакаме во август и во јануари да ги погодиме сите а тогаш освен некој набркан или 2 години повреден шо бил тешко да напалкаш нешто шо чини.

Сигурен сум дека сите овде му посакуваме само добро на клубот сме останвале по цели ноќи да пишиме и ко немавме 7 играчи екипа да извадиме и игравме со едни исти дресој по 3 сезони, сме се надевале дека ќе дојдат подобри времиња, еве дојдоја на крај ама работата е да продолжи клубот напред и да биди поуспешен.
 
malce:oftopik:ama pred nekoe vreme kazvavte zelbi za igraci pa da kazam i jas
ja gledav slovenija so izrael po osvem lambroso moja zelba bi bil i desniot bek na izrael Daniel Mosindi
pa gi ubi slovencite denes shut od 9m imase samo 1 ama na vlez nevrojatno brz i stasna finta pokaza denes coeko a igra vo tatabanja
momentalno e po kvaliteten od 2ta nasi desni pa samo velam deka mozi da e top za kaj nas so se lambroso vo paket :D
imajte uba vecer:ајнапиво:
IMG_7438.jpeg
 
Back
На врв Bottom