Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Плус Вагнер! Пикериштето од Австрија ако веќе милува Червар игра со пикер....
Најбитно да се задржи курсот и на овие грешки да научиме!
Сега ни е шансата да се подобро екипираме и од на зима веќе да тргниме како треба а од догодина да напаѓаме и титула
Единствено од таму шо вреди е Кос и Ламбросо се др е бижутерија па и тој алпинистот.
За Кулеш од ко замина (избркаа) од Килце неможе да склопи цела сезона само со повреди и да се влечка. Со него имаа контакт да го донесат предходната сезона пред да замине во Мелсунген кај шо не изигра апсолутно ништо, но сумата која ја бараше неговиот агент беше тотално неприфатлива за нас.
Мигалон супер дефанзивно лево крило кое брка мн работа но е слаб офанзивно. Единствено само таму би можеле да го користиме.
Црноглавац и тој ќе биде на ниво од тоа по го имаме сега моментално.
Додека од кај голманите да може да се гибне нешто Кривокапич е доста солиден голман со добри рефлекси и може да се размисли за него добро би ни дошол но мислам дека може да се најде нешто поквалитетно.
Додека босанецот е во мизерна форма и има наприцкано премногу килажа, беше голман кој има голем потенцијал и му предвидуваа убава кариера но дувај бегај шо подалеку од него.
Остатокот е тешка бижутерија.
 
Мигалон, Вагнер, Лумбросо и Иванов се ко за кај нас, и плус некој голман од страна ако се најди ама чисто сумљам дека ќе донесат некој и дека ќе се ослободат од одредени во клубот...
 
@Tomasino пак половично се сложвам со постот, има и доста нереалности....
Прво од типот Валах е слаб, мало морген, неколку меча го имав пратено уште во Киелце, не можеше да дојди до израз за поголема минутажа поради големата конкуранција, па шансата ја добиваше со послабите екипи или ако е земен трет голман и да водиш со поголема разлика па така да му дајш шанса на сите - грото како кај скоро сите екипи, најповолно за него беше да бега од таму....
Уште пред Келентриќ ги имаше покажано квалитетите, со него доби плус мислам, а сега одбраните двоцифрени му се тоа шо вардар почна да игра одбрана....претходно одбраната не беше на ниво на задачата...
И не знам зошто и кои си правеле филмој дека ќе тепаме во Јане, кога со моменталната ситуација тие пак ќе речам ќе не тепат 9 од 10 без разлика каде и да се игра.
ОБЈАВАТА НА ФИТИЉОТ! :nesumjas: Пак ќе речам, меѓу редој разјасни многу работи, испадна го задржваме него, а екипата е за 50% послаба од лани, уште не можам да разберам, ги даваш Манасков, Радивојевиќ, Хосни, ти иди Басенесе кој кузнај дали се води реално, на крило играч шо не го облеше дресот на Пелистер и друго крило кој освен решавачкиот гол со Охрид, си билда статистика со тренинг спаринг екипите.
Околу голманите, точно статистички нашите не се ни на 10%, јас не знам навистина за Ицката, оди секоја година на тие семинарите со звучни познати светски имиња, па ако не го бива некој од голманите одма разрешете го, за Никучот можи е младолик, има физикус и личи на дете, ама годините друго му кажват, не се исти нозете, рефлексите, ни ќе брани уште ни ништо, атер на тој мечот во Охрид мислам си доби на плус една сезона, тука мораше да се бара чаре, вистина наш, битолчанец, мотиватор, ама барем него пуштајте го на семинари, па можи ќе биди нешто, и се сложвам голман немаме погодено од Секељи, Лесјак јас би го додал и Гедбан, ова тројка беше топ. Нинџа исто интересен голман, висок, долги раце, нозе но уште не ми е за прв голман, за втора опција е супер..
Според мене ланскиот тим беше најјак на Пелистер до сега, толку звучни имиња, толку репрезентативци, толку искусни играчи, не знам дали сме имале и претходно и ланската сезона печени бевме за нова титула АМА пусти поделби, релација тренер-играчи, поделба на кланови си го зеде данокот таквата игра и титулата летна.
Многу ќе треба да се спотни газот сега, за да дојдиме некогаш пак во таква поволна ситуација.
И не ми е јасно шо тренират на кондициски план, не е само теретана и кревај на бенч тежински тренинзи, плус играчи искусни шо го знаат дербито така лесно се предаваме. Види ги кај нив, од минатите сезони Хориха, па Малус, сега Љевар, Фадуил ни знаеле ни чуле за дербито, земат косат втерен како 250 утакмици вакви да изиграле....
Самодовербата дечки, немање самодоверба кај играчи како Хагберг ќе го земам за пример, плачеше лани дека Богдан бил пред него немал минутажа, ајде еве повели треба да го откорниш паркетот сега, не цел гол да го промашиш, дури беше Манасков исто, не играл близнако, децата шанса да добивале.....не се деца повеќе треба да се носители, после оти играле другите до 37 години - е ќе играт, дете е само Самоил, дете - мажиште кој и те како му го ниша столчето веќе на Жаре.
Не ни се криви толку играчите, колку шо некој салам ја мати водата во клубот со трансфер политиката....
 
Следно коло е во Автокоманда.
Ако не чукнат и тие, кој сака нека честита после.
 
Во Автокоманда и во најдобри времиња тешко сме врвеле. Не е ова Охрид со Вардар па полесен тренинг да е.
 
Следно коло е во Автокоманда.
Ако не чукнат и тие, кој сака нека честита после.
Не знам оти, али осеќам дека ќе успејме, редно е да се уклучи Битолскиот инает :cool: .
Одиме:uzi:
 
Back
На врв Bottom