Лино, а и било кој да беше тренер во неделата, не беше крив, ниту можеше да е виновен за то шо се случи на терен, за то шо промашват + 10 зицери, од не зицери, зицеришта, огромни агли, де Петар, Хакбарт, Павле, Самоил. Граховац, Серафимов, која мизерија е напраен дечкото, страшен пад во форма..
То е недостаток на самодоверба, пад на концентрација, непоседување идеја каде да се шутира.
ГогOFF, ти да го напрајш голман PRIME ПАЛИЧКА, па одете легнете си бе деца, замислете се уште еднаш дали треба во иднина да се занимавте со ракомет.

Само ги крева рацете, не мрда, ништо не прај, се поставува рутински од голмански агол, и овие кутрите, од пусти страв и падната самодоверба го годат, во раце, нозе, рамо, тренерка, во

.
Е па другари, треба да седните сериозно и да почните да се потите на тие тренинзите, малку да си ги чукните глајте, професионален тим, со преку 90 % репрезентативци од еден куп држави, да промашва по + 10 зицери на меч. е па не го бива.
Не е случајно шо сите голмани против нас се MOTM.
Разбирам да ти фаќат удари голманите, со некои паради, лептири, спуштања на земја, ама да ти бранат преку 70 % од ударите, топки кои како бонбончиња ни ги топат противничките голмани, зато шо грото се шапабајзерски удари, шо не доликуваат на професионално ниво на ракомет.
До 16-15 се држевме, после то распад систем. се умори Нтзанзи, шо е нормално, преден 3-2-1. формација која BTW даде резултати, даде дечкото еден куп асистенции до пикер, ама кој да искористи, после Нтанзи, потоп.
Страшно е колку е паднат Павле, во психофизички план, исто и за Петар, ако отвори лошо, не го барај појќе, Хакбарт веќе не го ни коментирам. очај е дечкото со реализација, срамота е за крило да има такви ужасни проценти, со удари од огромни агли, кратери, кутрио голо не можи да го погоди.
Се гледа дека никој не работи со играчите на ова поле, рекордери сме во промашени зицери, од агли кратери, колку сака нека е голманот добар, тебе ако ти е умот тука ќе бидиш во апсолутна предност пред голманот, оти имаш огромен агол пред тебе, имаш залет да скокниш, да падниш на паркет, да бираш агол, страна, бираш удар каков сакаш.
Тука се гледа разликата помеѓу играч и вечити талент.

Овие нашите мижат ко ќе шуткат.
Не знам дали има детална статистика од РФМ, во однос на голманските проценти, ама сигурен сум дека нашите голмани се нешто околу 10 %,, и то не само оваа сезона, тука и во грото од ланската, шо е фрапантна бројка и поразителна, за таков калибар на голмани ко НИКУЧ И НИНЏА.
Ги пратев некни, на сите двојбени удари, надвор од 8-9 метри, еднаш страна не погодија, на ќоро ќе погодеа, барем еднаш, блокот тргнува да брани една статива, овие ко муви без глај, заедно со блокот.

1 ( една) ебана топка фати во прво, на ќоро Нинџа, кога немаше каде и изгуби сила Фаудил, и та сам не знај како ја фати.
И ние си прајме филмој ќе тепаме во Јане, каде бе?
И со 1 ( една) одбрана, тука бевме до кај 40 та минута, после то распад систем.
Не знам стварно, шо прај тој Ице Соколески, тренеро голем

, ете го викат на семинари, Волф, и компанија, не знам шо, па послаби голмани никогаш сме немале. од времето на Секељи и Лесјак голман се нема припарено овде, а и тие шо ќе дојдат, како готови голмани, ќе се уназадад овде, то кажва дека ништо не се работи со голманите, а и да се работи нема ефекти на терен, исто ти се фаќа.
Споредете ја формата на Гогов и Валах, пред доаѓањето на Келентриќ и сега, едниот беше тежок месечар, другиот подаваше шишиња на клупата на Киелце, сега кинат, и то какви статистики вадат, над 30 %, во ЛШ, споредете со нашите статистики, мизерија.
Никучо каков голман беше, во не толку далечно минато, кошмар за противниците, сега не е ни 20 % од времето во Порто, Бенфика, да не прајме муабет за времињата во Металург.
Ќе речи некој годините, по мое не се годините, како дете е, по физикус, став и се, онај комотно можи до 50 да брани, ама нешто не штима.
Мора сериозен рез, то шо го прајме муабет, да се носи квалитет, а не играчи од ТЕМУ КАЛИБАР, ете со Нтанзи се виде разлика, наместо да земаш 5 души ко Џелиловиќ итн, земи еден салам, доста е, па после ко ќе начекаш, земи уште еден, напрај костур, така се прај екипа, ако веќе форсираш млади, форсирај твои деца, кои ќе те чинат 3 пати поевтино од Котар, Мехмедовиќ, Татар, Џелиловиќ, играчи за кои фрливме сигурно досега над 200 К ( само оштетета за Татар беше 100 К) и шо ќар?
Со тие пари, ќе платиш за една сезона екстра класа играч од 15 К плата, шо ќе даваше по 5,6 гола на меч.
Е то е то, КО ЌЕ СЕ ПРАЈШ ЃУПТИН СТАЛНО ДУПЛО ЌЕ ПЛАЌАШ.
Се надевам дека Лино има некој план, визија, не е излапен, во то сум сигурен, далеку од то, ако сите експерти на интернет го хејтат, старио има ракомет во него, ако му изгледат неговите методи луди, застарени, ама мора да се координират малку со тие од управата.
Овај вика, треба време, треба работа, треба трпение, шо е апсолутно во право, овие викат атак на 2 титули,

ќе сме биле 30 % појаки од лани, чекајте бе каде.
Донесете играчи, дајте му зајре за да работи чоеко, па давајте оптимистички изјави, дотогаш треба работа, без многу мрчење, километарски статуси по ФБ, ветувања за подобри деној, вака ќе било, не знам шо ќе било.
Треба да се напрај селекција, на играчи шо можат да играт,под било каков притисок, не да видат полна сала и да му се сечи рачето, па после на тие играчи да им се дај шанса, и да се чека резултат.
То шо не чини, крати го од ростер, за двете страни е поубо така, и за клубот и за играчите.
Ама то се прај, кога во екипа имаш +16 квалитетни играчи, шо нема да му се сечи рачето ако некој викни УУ од сала, а за да ја имаш таа сигурност, треба да ти поминат низ раце многу утакмици, да ја стекниш таа самодоверба, за жал кај нас, на прстите на една рака се бројат таквите играчи, иако речиси сите играчи имаат искуство зад себе, ама џабе е, кога немаш самодоверба во себе, стално ќе грешиш, непишано правило.
Та самодоверба и дрскост кај играчот е то шо ги одделва јаките играчи од тие обични просеци на играчи.