Фан клуб - РК Вардар

Штом минувал низ такви работи во приватниот живот...може да се разбере падот во формата и се' што е различно од она што го памтиме од него лани.
 
Не е уште потпишан во Криенс, иако подолго време му нудат луди суми кои нема теорија да ги добие во Скопје.
Вардар ниту има таков буџет, ниту може да си дозволи некои играчи да отскокнуваат толку во плати.
Дискутираме веќе месец дена на темава, не е новост. Кажав и претходно во друг пост што добива, а што губи ако си замине.
 
Заеби таков играч што за пари ќе отиде да игра во факинг Криенс. Алал нека му се парите, а ние памет во глава и да не ги правиме “легенди” после една сезона.
Никој не го направи легенда. За таков статус треба фурни леб. Но беше препознаен како лидер на тимот и некој што е заљубен во Вардар, Скопје и Македонија. Се чинеше дека добивме втор Кара.

Криенс е Луцерн всушност. Инаку преубаво и богато место. Има се' што ние немаме, а немаат ништо од она што ние го имаме. Он ќе си стави на кантар.
 
Ако навистина Марко Митев потпише наредната сезона, би бил одлична замена за Малус, мислам дека од реалните опции подобра варијанта нема за нас.

Ние малку и ги потценуваме домашните играчи, треба да сме свесни дека во дресот на Вардар, во соблекувална како нашата и пред атмосфера како со Пелистер или Нант на пример, сигурен сум дека секој млад македонски ракометар би имал голем напредок во играта и ќе биде барем за 30% подобар.

Гледаме Васил Гогов кога доби вистинска шанса како се наметна оваа сезона, претходно Мечка стана најдобар македонски пикер, Талески беше одличен, дури и Гоце Георгиевски откако дојде во Вардар ја врати најдобрата форма од кариерата и живее втора младост.

Убеден сум дека играчи со карактер како Марко Митев и Марко Стојковиќ ќе се прилагодат одлично во целата енергија на клубот и ќе бидат права експлозија во Вардар.
 
ДЕМЕК продолжил договор до 2028?
 
ДЕМЕК продолжил договор до 2028?
Сликата што е објавена на инстаграм од профилот на некоја агенција е само реклама, си прават дечките задоцнета реклама, инаку него првичниот договор со Вардар му е до 2028 година, али дел од нашиве медиуми наседнаа на сликата и објавија дека продолжил договор...
 
Никој не го направи легенда. За таков статус треба фурни леб. Но беше препознаен како лидер на тимот и некој што е заљубен во Вардар, Скопје и Македонија. Се чинеше дека добивме втор Кара.

Криенс е Луцерн всушност. Инаку преубаво и богато место. Има се' што ние немаме, а немаат ништо од она што ние го имаме. Он ќе си стави на кантар.
Само во влезовите некад потсеќа на Кара иначе генерално нема везе. Кара беше многу покомплетен ракометар , играше лукаво и имаше луда асистенција и до пикер и до крила. На Малус на прст му се бројат асистенциите, и ако го затворат тогаш и немаме некоја преголема добивка од него , нешто што се виде на добар дел од натпреварите оваа сезона. Плус ако со главата више не е тука нема што да очекуваме. Једино да се стегне да одигра до крај за клубот и за оваа публика која буквално го дигна на пиедестал. После нека иде, ќе се снајдеме и без него , како и секогаш. Така беше и со Хориха, па се појави Љевар и им зачува 7 гола и дерби.
 
Само во влезовите некад потсеќа на Кара иначе генерално нема везе. Кара беше многу покомплетен ракометар , играше лукаво и имаше луда асистенција и до пикер и до крила.
Така е. Малус е атлетски понадарен од Кара, поексплозивен е на влез, брз. И појак шут има, ама послаб е во разигрување, нема голема визија за асистенција. Сепак, загуба е за нас ако си отиде.
 
U Švajcarija plata 20k e ko ovde 5-6 :D Daj nekoj od podforumite Makedonci vo dijasporata neka mu objasnat nekoi raboti))
Ko ga jebe ako ima uste sega potpišano, forsiraj go Faduil, dur i on ne kidne, pa daj novo dete posle i taka u krug )
Не бе пријател, џабе е било што и да се објаснува, со среќа нека му е и нека тера како мисли
Он треба да си ангажира луѓе кои на тоа треба да се посветат.

Се надевам ќе се најде некој од нашите да покрие на бековската линија, така и клубот ќе може да ангажира играчи за останатите позиции
 
Така е. Малус е атлетски понадарен од Кара, поексплозивен е на влез, брз. И појак шут има, ама послаб е во разигрување, нема голема визија за асистенција. Сепак, загуба е за нас ако си отиде.
Па кога ќе се сетам долго време кубуревме на среден бек...и пркнавме дури кога го имавме Јасухира на кратко. Таа празнина конечно Малус ја покри. Го имаме Фадуил, ако доаѓа Митев може пак ќе бидеме добри на таа позиција со тој двоец.
 
Луцерн е во најмала рака 3-4 пати поскап од Скопје во однос на намирници, ресторани, кирија, сметки, транспорт итн итн, а моментално просечната плата е 10 пати поголема од Скопје, така да ќе му се деси тежок downgrade ако отиде за 1.5-2 пати поголема плата.
 
Back
На врв Bottom