Прегледај го приврзокот 490402Ckembari da ne vi izgleda idejata slicna, mie sme vashiot koshmar ? Nightmare on your dreams - shkëndija - vardar 2016u kumanovo
Комити имаат песна од пред вас што завршува со "Комити се ноќна мора" (на
ритамот на ружна женска имам) пред вас. Генеричка фраза е, секоја втора група ја вади (па и вие и Чкембари). Друго, паролата ви е напишана граматички погрешено. Nightmare on your dreams не постои како фраза на англиски. Можеш да кажеш на пример: "A nightmare in your dreams" или "The nightmare of your dreams" али вака напишано ви е малце утната.
Едно од двете златни правила за пароли: прво, паролата треба да може да се извади од вас и само од вас, и истата да неможе да биде извадена од било која група. На пример, "ние сме ви кошмар" може секоја група на планетава да ја извади, досадна е и нема ништо креативно во неа. Али пароли од типот на "Шура, ти ли си?" може само Комити на Чкембари да ја извадат и е 1 од 1 пошто имаат заебанција по таа линија. Неможе ни Делије на Гробари да има ја извадат, ни Ирудичибили на Другхи, уникатна е, конкертно за однос меѓу Комити и Чкембари.
Како бе така си мислиш, ќе утепам некој на улица у навивачка тепачка и дека полиција ништо не ти смее. Надреално е ова, глеам и те лајкаат повеќе сте со ваков мајндсет кој нема апсолутно никаква смисла искрен да бидам.
Ради тоа и темава е тифоманија, да беше тифо-разумна дискисија, ќе беше друг муабет.
Зошто вака ти реагираат, во навивачки води има култура на oneupmanship: ние сме боље од вас (ние сме попаметни, поградски деца, похрабри, побројни, поредовни, вие сте сељаци, пички, нигде ве нема, и тн). Цела култура е околу тоа - припадност, ние против вие, идентитет, гордост и понижување. Во овој амбиент, храброст (дека можеш да останеш кога е густо), лојалност (дека си тука за другарите) и чест (нема да си понижен), е јак мотиватор за еден навивач. Како навивач, не го гледаш тоа како "се тепаме пошто они се од Карпош ние од Аеродром" него како начин преку кој се пребродува страв и се докажува лојалност кон луѓето околу тебе (дека се жртвуваш за друг, не само за себе). Така стекнуваш почит внатре во групата и добиваш посилни другарства (во теорија). Ради тоа и ти реагираат вака што од страна ти делува надреално.
Проблемот е што често овие култури на докажување, ескалираат, додека не се направи некоја глупост и после има или екстерна репресија или интерно гасење моментум. Во Југославија прво навивачко убиство се има случено на доста сличен начин (91ва/92ра) каде во слична ситуација (напад од Делије на Гробари пред ЈНА) е убиен дечко од Делије поради удар со палка во глава. Ова е прво убиство во Југославија во навивачки води. Во Русија причината зошто се на раце, се поради исто слична ситуација каде неколку луѓе губат живот (утакмица Зенит-Динамо во Ст. Петерзбург) баш поради оружја (бекатонки, палки и сл). Цели филмови се правени на оваа тема - Грин Стрит, Футбол Фектори, Кас, и тематиката е иста: колку далеку е предалеку? По мене, се додека глупостите се во граници на заебанција и зезање се безопасни, али проблем е што често ради докажување, некапирање колку е саат, може да се случат озбилни проблеми. Така да: навивање да, али насиље је глупост.
