Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Се дури Ванчо, Сајкало и Шундо се луѓето кои се задолжени за скаутинг во Пелистер, клубот нема да напрај никаков прогрес и ќе оди уште во надолна линија. И покрај сите срања шо ги наметнаја овие гореспоменатите ликој во последните беколку сезони, пак добиват огромна поддршка од трибини и никако да возвратат со сериозен пристап од управа.
Која екипа од суперлига има ваква поддршка ?
Одат во Охрид на дерби една цела трибина навивачи од Битола, салата 50:50 со домаќините навивање како да играт во Битола.
Одат во Скопје на дерби, 4 автобуси и комбиња се закревст да му дат поддршка.

И како возвратија ?
- Донесоја играчи шо немат минутажа во босански екипи, шо не се кадар ни за во двојката и ги избркаја уште во септември непочнати.
Сега буквално Пелистер игра 60мин со втората постава од минатата сезона само Фитиљо сам се тепа на секој меч.
Буквално втората постава од лани е сега носител на играта и се лутите овде ко пишевме на стартот дека ние имаме екипа за 2/3то место.

Како можи Ице и Алек да останат бепроменети од 2019та? Па ниеден тренер не дојде со свој стручен штаб, на сите му беа наметнати овие двата.
Ице ги осакати сите голмани шо дојдоја во Пелистер. Испод 5 одбрани се на секој меч двата заедно. Иранецот ужас, Никучо е за пензија.
1 ебена одбрана имаше иранцот во прва . Па јас да застанам на гол, сигурно 3 пати ќе ме погодат на грешка, само да мавтам како будала со рацете.

Прв проблем е слабиот стручен штаб. Ице и Алеко мора да бидат заменети со професионалци.

Втор проблем се Сајкаловци шо креират мислење кај управата и ги наведват газдите на погрешни одлуки 6та сезона по ред.

Трет проблем е лошиот маркетинг на клубот.

Дури овие три работи не почнат полека да се решават, за жал ќе одиме чекор назад со секоја нова сезона.

Кој како сака нека свати ама веќе нема изговори.

Газдите се на потег!
 
Не не @Зелено Бел ...Таман работа!!! Сакав да се навратам малку на тие времиња vs дискусијата....
Како беше то време...И арно и лошо...
Арно оти толку можевме и си се лажевме дека е "супер" и се навиваше иако однапред ќе изгубевме...Лошо од оваа перспектива е колку сега имаме а не можиме (знајме) да го искористиме моментумот....
Од друга страна луѓето беа гладни за ракомет (99% фанатици) сега всала дали 40% има вакви луѓе ....
Зато и видеото во прилог...Малку ретро "носталгија" :D

Сите шо пишиме тука му мислиме прво најубо на клубот и секој шо е со клубот.
Поздрав
Многу убаво го опиша тоа време (невреме) од аспект дека клубот за ништо не го биваше,а на трибини имаше вистински фанатици - периодите кога навивавме и на тренинг! Штета што за краток период се изгуби тој жар, посебно после 2014та натаму. За жал многу луѓе кои ги познавам од сликите и видеата веќе не доаѓаат на ракомет ниту како публика ниту како навивачи. Остана вака 'ретро носталгијата' понекогаш да се навратиме и да ја прокоментираме.

П.С Во однос на двоумиците пишани погоре/подолу, околу (ЗА и ПРОТИВ) прво, здраво е да се има дебата околу нашиот клуб. Ова е место кај што можиме да се информираме околу работи поврзани со клубот. Исто, здраво е да е има конструктивна дебата и да се почитува секакво различно мислење, да не ги сведуваме мислењата (ти вака рече во август, ти онака мислеше во јули). Клубот веројатно влегува во некој ' слаб турбулентен период', битолската публика бара (сака) резултати - не велам дека не треба, некој мисли дека треба време (и тоа е точно). Секој со свое видување од нас, со желба за силен и стабилен Пелистер!
 
Ако имам различно мислење од тебе одма нечини работата.
Ајде сега вратисе неколку страни наназад а може повеќе па да видиш што имаш пишувано. Јас сум на форумот многу години никогаш ама никогаш немав вреѓано некој за мислење кое го има, едноставно си го пишев моето согледување и мислење ти беше тој што го оспоруваше не само моето мислење тику и на другите овде што е и демократски но некогаш ја преминуваше и границата, ќе те цитирам “чекате да изгуби ПЕЛИСТЕР да пишете негативни коментари" и се поради тоа што имаме друго мислење од вас неколку (кое го поштувам иако не се сложувам), во тој момент неколку пати бев во искушение да ти вратам на исто ниво но се воздржав.
Кога малку само малку ја спуштив реториката да ја доближам до твојата одма реагираш.
Секој треба да си има свое мислење и треба да си го искажи, јас некогаш се сложувам со некој работи некогаш не но нема да ве навредувам вас кој сметате инаку од мене.
 
Де бе еве Лино нека си оди и која е варијантата.Само со смена на тренер по милијардити пат ништо нема да се смени.
Еве ако има некоја варијанта која ќе биди подобро за клубот пишете.
Играчи требат тука е проблемот
 
Де бе еве Лино нека си оди и која е варијантата.Само со смена на тренер по милијардити пат ништо нема да се смени.
Еве ако има некоја варијанта која ќе биди подобро за клубот пишете.
Играчи требат тука е проблемот

Уште пред да дојде Алонсо го спомнав Alejandro Mozas Garcia тренер на Бидосоа и на у20 Шпанија, тренер кој ите како може да биде долгорочна опција.
Покрај сите опции Алонсо беше најдобрата но жена ако не те заеби кој можи... Верувам на Алонсо му беше нај безвезната опција која ја има избрано во животот и дека таа негова одлука тешко ги погоде и Стерјеви но Алонсо е најидеалното решение за долгорочен потег. Овај е чкртнат во секоја опција иако според мене мислам дека треба да биде во план.
Др идеално решение не само тренерско влијание него и на скаутинг кое би одзвало големо влијание е Зоран Рогановиќ.
Трета и можеби најголемо влијание кое би направило тектонски пореметувања е Aлеш Пајович кој после оваа сезона па макар и освоил Бундеслига па и ДФБ покал и Евро Лига ќе добие отказ.
Четврта глупа опција е Тони Херона чоек кој блиску беше до склучување на договор но Алонсо беше "подобрата" опција.
Петта опција е Тамше но е со валиден договор исто.
Шеста опција и од сите овие нај арогантна можеби би го вметнал Даниел Гордо тренер кој е шпанец но не негува тотално шпанска игра.
Сите овие се тренери со дебел тефтер на контакти кој би повлекле нивни играчи.
Бранче според мене има сенс за ракомет но не беше чоек кој би повлекол играчи да дојдат и играат за него.
Да не сакаш да отворам карти и за играчи кој би биле идеално решение пред се како играч за нас близок со сите овие тренери погоре на играчки карактеристики и подневје кое би им била Битола/Пелистер за нивно прилагодување? Имам и такви од голман до носач на крпи/топки.
 
Нешто ќе се случи со @joveko и @Prezimeto да се сложам за нешто... господ на помош.

Прво ќе почнам од то кој го сака Пелистер, кажа @Ултрас БТ поназад сите овде го сакаме Пелистер и никој нема право да кажва другиот колку го сака!!!

Добро е шо има различни мислења и то е супер, ама на крајот на денот @Goran Bt е во право, кога е добро да се пофали, кога е лошо да се критикува. Лино, а и Зоран на првиот прес во Офицерски најавија напад на двојна, а вервам дека то му е желба на сите во управата, а и на цела Битола без исклучок. Процес... кој процес? Каков процес? Со Сајкалот и Ванчо Димовски најголемиот антибитолчанец процес? Со Шундо и Ице процес? Светот ојде напред, имаш модерни менаџерски луѓе во светот, скаутинг служби, па неможи бе факинг Струга да има подобра скаутинг служба од нас. Знајте дека Малус наводно ни го нуделе? Исто и Хорига... завршија во Вардар и сега не мелат... Точно е дека НИКОГАШ не сум бил фан на Лино, точно е дека нормално иди во твојот клуб, град и беше поддржан без разлика на моите лични очекувања кои се потврдуваат... Лино ги донесе сите играчи освен Серафимов, кој и то шо го играше во Алкалоид нема да го игра, оти го вади после првата грешка, а најголемата грешка е шо се истурија пари на Лино, наместо на десен бек од Фитил класа... Случајно ја даде Фитилот изјавата? Не не, не е случајно и не се случајно тие зборој одбрани... Случајна е нервозата кај Никучот? Не е случајна ич... Дали е во процесот исто така лошата подготовка за натпреварот од цели 14 дена? Натпреварот со Богданци не го рачунам, екипа која има 0 бода и ние од тука да се собериме ќе ги победиме... Дел до процесот е да донесиш играчи да ги пуштиш, а натпреварите да ги играш со истите 6-7 играчи и ако нив не му тргни толку? Го видовме то и со Ла Риоха и со Гумерзбах и со Вардар... Дел од процесот е да му дајш на анонимец 3 години договор и после 2 месеци да речиш не ми треба, а притоа истите такви донесено во јули 2-3ца ги бркаш во Август? То ти е исто како да сакаш зеленчук да купиш, а да влезиш во месарница... Разбирам се, да промаршиш, да не се прилагоди, да е лош карактер се разбирам ама да немаш костур на екипата ИЗВИНЕТЕ ама не разбирам... Му спомнав на член од управата за Марко Фис десен бек уште лани зимата, ми рекоја договорен е во Барселона ќе оди, не напрај трансфер... Кико Кошта ни гостуваше во Битола пред 3-4 години, не го забележавме... Валах ни ја спушти ролетната пред исто толку години не го забележавме... Чекаме Ванчо и Сајкалот да ни кажат/одобрат... Факт е дека многу промаршивме од крило и општо сицери ама спортот е игра на грешки, ќе победи тој шо ќе згреши помалце, а тука фактори се физичката спремност, подготовката за утакмицата, фокусот, нервозата, и најмногу формата... Можи па и јас преголеми очекувања ама Пелистер е и среден клуб + нови спонзори, фан зона, далеку подобар маркетинг од тој до лани, среден клуб, а кубуриме играчки...жално...

Околу тренери, за мене прв избор би бил Киро Лазаров, со цело негово знаење, со цела пасија и мотивација... после него Тамше, Алонсо, па Пајовиќ... а тука ми е негде и Миркуловски како надежен
 
Процес за кој Битола нема трпение, а управата нема знаење.
Очекувате врз градежен шут, Лино за 3 месеци да изгради куќа и таа да стои, внатре да живеат 20 души и на сите да му е таман.
Многу ми е жал шо не се разбираме и кој и да дојди тренер, ќе мора да помини неколку фази дури да развие систем и дури да одбери вистински играчи, да направи база... Џабе збораме на крајот секако и бабите и жабите ќе бидат на едно место ставени.
Така да, толку од мене.
 
Тимот од лани ја изгуби буквално сржта. Хосни, Манасков, Радивојевиќ беа фраери, мотиватори, беа преискусни за лигава, знаеа да решат изгубен меч и управата не најде соодветни замени за нив летово
 
Јас незнам за каков процес се работи. Трошиме исто пари ко другите. Играме тактика од пред 20 години. Се се потпира на играч кој вгодина ќе си замини. Се шо донесе ко засилување, не припари на терен. Освен Фитиљо и Нтанзи се игра испод просечно. Кај гледате процес бе луѓе? Јас гледам уназадување на сите нивоа. Па добро и то е процес. Убо кажаја поназад, рибата смрди од главата. Некој друг е крив што се донесени Лино и играчите. Шо да пеат тие, Не се тие криви по толку му дал господ.
 
Дечки збораме за процес , а уназад години по 2 месеци одма се бара смена на тренер.
Тоа е контрадикторно и еве и сега да се смени пак на почеток на наредна сезона по два месеци ќе се бара смена оти оваа ќе ја дотурка оти сите сме свесни дека е изгубена.
Јас ако се прашувам би му дал шанса до на пролет со тоа што да видиме дали нешто ќе се донеси што обеќава и покрај тоа што знаеме сите дека е тешко и играч да донесиш во Битола ако не го преплатиш.
Супер презимето даде предлози ама јас се кладам со кој сака за да не бараме оставка по два месеци наредна сезона кој и дај е спас му е само на ќоро да се погодат играчите , во секоја друга опција со оглед на нашето трпение му следува отказ.
 
Ова мене ми е исто како некое чупе си фаќа дечко. Дечкото првите 3-4 месеци ја тепа, ја малтретира, коцка, пие и се швалерисва. И сеа некој да му речи, абе истрпи уште малце, за 2 години ќе ти е топ. Е Пелистер е чупето во цела приказна. :D
 
кој ебан процес,последните титули во лигата пелистер ги освојуваше затоа што немаше стабилна и квалитетна конкуренција.......се појача значајно лигата,конкретно годинава има многу добра четворка и требаше да биде неизвесно до крај кој ќе биде шампион,а пелистер како прв да испадна од трката,одма зачкрипи работата кога се јавија поквалитетни конкуренти

реално ништо не се работело за напредок во наредните сезони,напротив ....

некој ќе рече треба повеќе пари,како се работи не ќе да е работата до пари,повеќе е промашување на играчите и тренерите кои се потпишуваат.......тренерите досега не направиле добар костур кој ќе ја носи екипата во следните сезони,ниту воспоставиле хемија меѓу играчите,ако со овие играчи не било можно требало да се побараат играчи со менталитет за игра,а не за кафани и дискотеки
 
кој ебан процес,последните титули во лигата пелистер ги освојуваше затоа што немаше стабилна и квалитетна конкуренција.......се појача значајно лигата,конкретно годинава има многу добра четворка и требаше да биде неизвесно до крај кој ќе биде шампион,а пелистер како прв да испадна од трката,одма зачкрипи работата кога се јавија поквалитетни конкуренти

реално ништо не се работело за напредок во наредните сезони,напротив ....

некој ќе рече треба повеќе пари,како се работи не ќе да е работата до пари,повеќе е промашување на играчите и тренерите кои се потпишуваат.......тренерите досега не направиле добар костур кој ќе ја носи екипата во следните сезони,ниту воспоставиле хемија меѓу играчите,ако со овие играчи не било можно требало да се побараат играчи со менталитет за игра,а не за кафани и дискотеки
Многу нормално, тие и кога немаше скоро никаква конкуренција со полумртов Вардар првите две титули се освоија благодарение на Алкалоид и Тиквеш. Друга работа е шо ни еден од тренерите шо имаја потенцијал не го остаја да си работи на подолг период а то беа Бабич, данецот и Раул. Бабич сработи нешто до некаде, реално чоекот ги погоди 90% од играчите шо си ги донесе, данецот не го остаја ни сезоната да ја заврши ни тим да си склопи за новата сезона, му ги тупнаја Дејвиси, мејвиси пичке материне шо си ги договараја на бафтана и ајде работи иако и со нив напрај солидни резултати на почетокот. За волја на вистината Раул сам ги еба, ама ко виде со какви аматери си има работа и го оправдувам и разбирам.
 
Јас незнам за каков процес се работи. Трошиме исто пари ко другите. Играме тактика од пред 20 години. Се се потпира на играч кој вгодина ќе си замини. Се шо донесе ко засилување, не припари на терен. Освен Фитиљо и Нтанзи се игра испод просечно. Кај гледате процес бе луѓе? Јас гледам уназадување на сите нивоа. Па добро и то е процес. Убо кажаја поназад, рибата смрди од главата. Некој друг е крив што се донесени Лино и играчите. Шо да пеат тие, Не се тие криви по толку му дал господ.
Povrzano so ova, proces bi bilo ako igravme so postava petar, tatar, mirce, basanese, dzelilovic i da recis rastat se ucat, ama nie igrame so ista, veke iskusna iskusna postava 95% od vremeto. I jas mislam deka menvanje trener sega ne e resenieto ama proces deka e ne e opravduvanje
 
Арен си е тренерот, треба само промена во пристапот на скаутирање на играчи!
Ако се продолжи со глата в ѕид, не вервам дека ќе го турнат ѕидот.
 
Back
На врв Bottom