Фан клуб - РК Вардар

Искрено, одиграа солидно прво полувреме за нивните можности. Очекував од сам старт да ги демолираме на домашен терен. Во второ полувреме го направивме главниот исчекор, плус они многу грешеа и последните 15 минути беа апла ревијални. Не е ни дерби веќе ова, со ваков размер на силите, на наш терен. Во Битола ќе биде поинаку. Секако и таму сме фаворити, но ќе биде тешко и се' е можно. Висока победа која ќе значи многу во меѓусебни дуели.
Изненадија они во прво полувреме со играта во одбрана. Многу мавање, не навлече старото на таа одбрана од времето на Металург, со многу фаули. Дозволија судиите погруба игра, што им одеше во прилог. Среќа го имавме Љевар кој буквално ги згази во прво полувреме. Нападите им беа бледи, ако играа 7 на 6. Пак се вадеа на Фитиљ кој им е уан мен шоу. Тук таму пикерите ни правеа проблеми, другите бекови не им постоеја. А без бекови толку е. Се повреди и Атанасијевиќ на крило (Гоцка му влезе во движење и овој некако се повлече и лошо згазна (немаше контакт), па пропаднаа и таму после. Ненормално лош е Цветан Кузмановски.
Мора да го пофалам Фадуил за изведувањето пенали. Човекот има страшен репертоар на шутеви. Браво.
Во второ малку ги забрзавме со бразил на теренот. Ги пробиваше многу лесно, асистираше на пикер, вадеше пенали. Се разбрани и Гогов, им дадовме 2-3 гола на празен гол и толку беше. И Марио после првата утка, даде добри два влеза. Единствено на десно крило потфрливме.
Го затворивме Кузмановски, му фатија пенали и се распаднаа они.
Немаше мотивација до крајот, колку и да се трудеа нашите, го приведоа натпреварот рутински до крај. Поповски и Нечовски добија пенали за да постигнат голови, а Поповски и утна зицер од крило.
Кај нив Самоил имаше добра партија на пикер, доста е габаритен. На сите други позиции се многу послаби од лани. Не знам што правеле, ама ги утнале сите засилувања, освен црнецов што го доведоа принудно, кој е релативно солиден. Имаат простор за напредок, не се за отпишување, ама горе доле треба да осигураме предност до полусезона.
Остана рутински да се добие Алкалоид дома и да ги затвориме со големи победи првите 3 дербиња.
Ќе кажам дека Малус изигра доста бледо. Не можам да го тргнам впечатокот дека не дава се' од себе како што беше лани. Се надевам нема да е Хориха 2...
Убаво е да се види како се бодреа меѓусебе, особено Мечка и Малус. Значи хемијата е на највисоко ниво :D
Автоматски споено мислење:

Да Силва одличен играч, јас не знам како не бил дел од некој појак клуб.
Доста стаклен е, подложен на повреди. Нас ни дојде ко кец на десетка.
 
Да Силва одличен играч, јас не знам како не бил дел од некој појак клуб.
Kako trgnal ke bide, za zal :D
Vidi Vardar moze ne pravi svoi deca, ne vadi igrači, ama nema podobar klub od Vardar vo Evropa što ke najde nekoi polumrtvi rakometari i ke gi napravi zverotinji...
 
Последнин 15 мин трета постава им извадивме требаше на поголема разлика да им идеме и до крај силување ,а не со деца од 17 години да играме.Децава нека ги игра со послаби екипи или во балканска лига.
 
Јас незнам зш Еурофарм вака прајт ви ја даде намерно ах срамота срамота хехехехе.
 
Back
На врв Bottom