Ма не е проблем ништо од ова ако сме реални. Не може мене општината да ме условува да одам со точак или тротинет на работа, кога еве има дожд, снег, ладно е, дува ветер и сл, а никакви опции за да не одам со кола не ми нуди.
Опциите ми се:
- да одам пешки, на ладно и дождливо време. Ајде летно време (ако не е 50 степени) и пролет кога е убаво, ќе одам, под услов да ми е блиску работата а не да треба да цркнам додека стигнам на работа или посакуваната дестинација.
- да одам со автобусите на ЈСП (летото се качив последен пат зошто многу брзав а бев пешки тргната, беше ко во времето на Хитлер што ги возеле Евреите во возовите). Позади мене човек, до мене човек од двете страни и напред човек. Си платив карта, и го напуштив автобусот. Последно реков, толку.
- да одам со такси, секој ден да плаќам 1000 денари за такси.
- и последната опција ми е кола, која исто така не ми е најсимпатичната опција ако има гужва и ако треба цел саат да се возам до работа, и да барам паркинг ко ненормална, па да плаќам и казни заради погрешно паркирање.
Епа не знам еве, секој ден се будам со дилемата кој избор е правилен и што да направам.