Никад не ми беа јасни фациве што прогнозираа дека Мовсар ќе победи. Значи уште пред година и више кога беше спомнувам Мовсар да биде противник се молев да му го дадат на Волк, пред Диего Лопез. Значи апла се знаеше како ќе го победи, и дури го кажуваше тоа во секое интервју пред борбата. Толку самоуверен шампион посебно на 39 години, не постои на планетава. Кој го прател Волк низ кариерата знае дека на борбава беше за нијанса успорен, ама за Мовсар и таков е измислен. Кога нема претња од нокаут, па ни на партер, со оглед на тоа како си се дигаше како од шала, и плус он беше тој кој иницираше тејк дауни. Каква само борба на Волк, ваква доминација буквално 7 години, е неверојатна. Криво ми е што во кариерата направи малце непромислени потези, ама тоа е дел од неговиот менталитет, затоа и е на врвот. Со Гејчи доколку се бори може све да биде, ама мислам дека ќе се обиде да одработи како третата борба со макс. Или ако има прилика у партер да го спушти, и со неговиот претпознатлив граунд енд паунд, од кој ни еден борец не може да се одбрани ( фалеа уште 7-8 секунди Макачев да скине конци). Мислам дека на Гејчи не му одговара футворкот на Волк, за разлика од борбата со Илиа кој има многу постатично движење од Волк , укопан у место и те бара да те погоди. Мислам дека во евентуална борба шансите се подеднакви, и зависи како ќе тргне. Као на пример Макс со Гејчи, тоа беше сосема спротивна борба од таа со Илиа. Против Џастин е потребна правата тактика, а Џо Лопез и екипата се мајстори во тоа. Ќе видиме прво дали би била таа борба, али по изјавата на Дејна во која кажа дека тип како Волк не се одбива што и да побара, верувам дека ќе ја видиме таа борба. Ако успее да дојде до дупли појас, тоа ќе биде нешто најдобро за ставање рукавици на клин, и заминување со стил како една од најголемите легенди на овој спорт.