Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Не му требаше ова на Палмер, може и црвен да јаде...
Автоматски споено мислење:

Ова не е фаул врз Пендерс???
Да не зборам дека можда имаше и офсајд од Соланке во акцијата која претходеше на корнерот.
 
Последно уредено:
Не изгазија на средина. Имавме шанси, ама и Тотенхем е дојден да игра. Добро е детево на гол, дај утре зејтин вцрква да се однесе да не го заречеме.

Куенда доста слабо прво. Очекувам Велбек да влезе.
Го зарече...
Автоматски споено мислење:

Абе Палмер, Палмер...
 
Го зарече...
Уста гомна ми јала. Таман реков стабилен момак зедовме овој автогол си закачи.

Ај ама Чаби апла лошо не постави цела утакмица. Нема овде оправдувања.

Ех Палмер Палмер.
 
Го предвидов дури, нервозен беше многу, глупост направи за првиот жолт, невнимателен за вториот.

Општо, безидејно во скоро сите напади, зошто Естевао не играше пред Квенда, зошто Велбек не влезе...
 
Крш од Алонсо. Се изгуби скроз вечерва.
 
Apsolutno zasluzeno perdashenje, dve utakmici da igravme nemashe gol da im dademe.
Alonso kompletno promashen mech od takticki aspekt.
Igracite si izlegoa previshe komforno mislejki deka Totenhem se vo uzasna forma i ke gi tepaat lagano, Penders imashe dobri i panicni intervencii, unlucky ama ocekuvano, daleku e od prv tim na Chelsea, toa e.
Mentalno posle golot se kompletno izgubivme sto e pak alarmanten znak za Xabi deka na toa pole uste nemame progres.
 
Голмански киксови се дел од играта, тежок натпревар од временски услови до самиот противник за деби на млад голман.

Куртоа на времето кога се калеше во Челзи знаеше да направи кикс, Мартинез иако брани толку време знае да испушти топка, паметам Чех мислам дека беше против Арсенал кога лошо процени топка, за да после тоа на лекар се испостави дека му требало леќи.

Многу битен фактор е како ќе се носи Пендерес после ваков кикс, сигурно ќе ги брани Ливерпул и Манчестер.

Генерално до сега што видов од Пендерес дека е храбар на високи топки без разлика на кој дел во 16 метри летаат, знае да процени и да фати, линиски вчера беше одличен одбрани доста, имаше неколку лоши дегажмани ама пак ќе повторам, тежок натпревар за деби на млад голман.

Голема грешка по мене е што не играше Велбек, имаше неколку топки баш онака за класичен центрафор кои Роџерс не ги испрати,
Куенда не го видовме цел натпревар, неприродна позиција, Роџерс исто на неприродна позиција.

Имав впечаток како да сме со играч помалку во средината, Медисон, Тонали и Фернандез наспроти Каиседо и Хендерсон.
Затоа кога збориме за засилувања треба и Скот и Вортон.

Болен пораз, не дека Челзи немаше свои шанси ама генерална слика е дека Тотенхем во натпреварот беше повеќе мотивиран и растрчан.
Можеби е факторот дека го нема Педро, а да не се лажеме голем дел од уделот и играта во напад се базира на него.

Палмер е нервозен веќе неколку натпревари, вториот жол по мене е назаслижен ама ударот врз Фернандез можеше да биде црвен.
 
Со се се слагам.

Пендерс е млад голман, имаше супер натпревар. Според мене да беше голман на Арсенал или Сити ќе имаше фаул во напад, ама ајде, тоа е тоа.

Се надевам дека ова ќе е научена лекција и дека ќе е подобар со секој поминат натпревар.

На местото на Жоао требаше да стартува Велбек. Нападот беше комплетно без никаква идеја. Роџерс неколку контри ги изгледа како навивач и беше на комплетно погрешна позиција.

Палмер нервозен, не знам што му е филмот ама братот е на раб на црвен веќе неколку натпревари, ќе мора да се разговара и поработи со него индивидуално. Тоа што е страшен фудбалер не значи дека е интелигентен, братот има 3 мозочни клетки, му се познава по фризурата.

За Нето и Естевао го разбирам, Тел го уби од напади Ачемпонг и мораше да го игра Нето за да покрива таму, целата игра им се вртеше од таа страна.

На крајот секако ова оди на грб на Алонсо. Не е ова бундес да може да се заебаваш без шпиц. Исто така мораше да го извади Палмер заедно со Квенда, се гледаше дека братот ќе направи глупост.

Ништо, млад состав, млад тренер, пола тим е нов и играат 3-4 месеци заедно, овакви игри се очекувани, меѓутоа не се надевав дека на Тотенхам вака ќе им дозволат на Бриџ-от.
 
Ме интересира ментално дали ќе се средат сега со Јунајтед. Дали ќе се претвориме во екипа која подарува бодови на екипи кои се во полоша форма од нашата.
 
Неколку недели Педро аут, немаме ни среќа со повреди, прво Каиседо паузираше сега Педро.

Само да не се измислува топла вода, нека му се даде шанса на Велбек кога веќе се донесе како замена.
 
Лошо ова со Педро.

Очекувам вечер да но го земе скалпот Ливерпул будејќи они некако креваат форма а ние сме не баш дефинирани. Мислам после поразов ќе влеземе во криза.
 
Каиседо не е за капитен, премногу е мирен. Ко на Руни кога ми ставија трака. Мирен играч, кој не влегува често во конфликти, ми дадоа улога да се жали и да се објаснува со судии. Хендерсон е за капитен. И искуство, и возраст. И најважно, карактер. Треба некој таков на терен да држи дисциплина. :)
Автоматски споено мислење:

Уште една не многу интересна утакмица, со тоа што сега противникот игра на домашен терен, по квалитет е дефинитивно топ 4 во ПЛ, и има одлично организирана одбрана. За разлика од претходниот.

Повеќе се гледаше кон противничкиот гол, Роџерс е убедливо најдобар играч на теренот, хендикеп е тоа што Жоао е аут. Тој е пола напад. И со Брајтон без него беа тиња. И со Спирс. И сега.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom