Аморим најфраер се покажа. За третманот на Маиноо само тој знае што мислеше, ама факт е дека не му донесоа играч од средина (а најверојатно не сакаа дури ни во јануари) и на крај преку "онаа работа" му дојде на Рубенчо и беше што беше.Па Аморим затоа ги качи на онаа работа, откако земаа да му сугерираат дека треба да смени формација, а се имаа договорено на 3-5-2. И ај на страна тоа, па и играчи не му купија за истата.
Самиот Ван Гал го има заебано тој трансфер. Паметен тренер ке му каже дека за таков играч, дека ке му најде место. Овој уште на почеток му кажал, дојде, па ке видиме дали ке играш.
Можеше да си ќути, секако само реМи играше поради Бруно повреда, плус без Амад и други AFCON ѕвезди па после Арсенал/Сити easy money отпремнина ќе си земеше. Ама се гледаше дека сака да успее во Јунајтед, за негова а и за слава на клубот.
Carrick мислам дека очекуваше стварно уште играчи дека ќе му донесат и братот (а и целиот тим) беа во шок (башка физички неспремни) едно цело лето.
Ова е отсликана 2018/19 кога истиве играчи кои завршија 2-ро со Мурињо заборавија фудбал како се игра и Лукску дрвото промашување зицери кога не' плесна Тотенхем 3-0.
Керик не сака од почит да се пожали, а и кое фајде да се жали пред камери за некупени играчи? Да не земат новинарите да донираат пари па да земат играчи сега во јануари? Па пола од нив се платени од Глејзери а другите им е ќеф што Јунајтед е на колена. Така да нема некоја смисла Керик да излезе и да цими дека не му донеле играчи. Лани со истиве правел што правел, а сега не може ни 30% да постигне од тоа лани со ист кадар (минус Касемиро).
Ван Гал малку нереални трансфер цели имаше и сакаше по 3-4 класа во еден трансфер период да зема -- играчи кои не би ни се ни испулиле на тој тогашен Јунајтед, а камо да дојдат да играат за него -- така да малку и теренот треба да биде реален со условите.
Мурињо беше единствен кој успеа да ги земи Погба, Златан, Микитаријан во еден рок оти беше Мурињо и имаше позадина за да си бара играчи (плус тие сакаа да играат за него).
Така да тоа со условите што го пиша погоре може само некој како Конте/Анчелоти да го бара. А и веќе се кажа дека клубот отсега ќе купува играчи кои ќе се вклопуваат на целокупната философија на тимот/идентитетот. А не после да дојде Луис Енрике и да рече јас не ги сакам овие бековите од Конте, плус не сакам да играм со шпиц.


