- Член од
- 29 април 2015
- Мислења
- 5.145
- Поени од реакции
- 5.310
- Возраст
- 34
Истово сакав да го пишам, лигашки концепт, а не игра секој со секој.Едноставно е, лигашки концепт си има секоја држава и секоја лига.
Нов лигашки концепт за Лига на шампиони не ни беше потребен. Просто е досаден.
Да не зборуваме дека ова е извртен лигашки концепт, каде што се рангираат меѓусебно тимови кои не ни играат меѓусебе. Знам некој ќе каже, има коефициенти, шешири, бла бла, се океј тоа, ама фактот останува дека имаш т.н „лига“ од 36 тимови, од кои секој тим игра само против седум, а се рангира со сите 36.
Билбао завршил 8мо место, Монако 9то, а тие двете ниту се сретнале, ниту играле.
Искрено, мене во групите речиси никогаш не ми ни биле интересни дерби дуелите, затоа што освен ако не биле директна борба за пласман, тешко дека имало жар или особен квалитет. Групите секогаш биле и ќе бидат само загревање и можност за изненадување, т.е да заглави некој голем тим, па да гледаме колење во 5то и 6то коло.
Ако веќе некој има за цел да одговара на потребите на младите генерации, тогаш тоа треба да опфаќа чекори како што се скратување на времетраењето на еден меч, забрзување на играта и максимално елиминирање на задржување време и досада.
Ова што го направија е глупост.
Подобро би било 24 екипи, секој со секој и на крај само Ф4 и толку.
