Пророкот
Ќе ме биде...
Споредбава ти е, најблаго речено, нечесна.Иран беше во војна со Ирак од 1980 до 1988 и војната заврши практично нерешено.
САД го прегазија Ирак за неколку недели. Ако Иран бил толку воено супериорен колку што се претставува, немаше после осум години војна и стотици илјади, па и над милион вкупни жртви од двете страни, да заврши без остварена победа.
А за тоа што го дискутираме денес, не ме интересира што имале или немале во 1979. Зборуваме за сегашниот капацитет. Еве ти артикл од Ројтерс што покажува сателитски потврдена изградба на над 30 нови објекти во клучни ирански комплекси за производство на балистички проектили започнувајќи од 2023та. Самите ирански функционери цитирани во текстот потврдуваат дека целта е зголемување на производството на конвенционални балистички ракети и UAV-и.
Значи не е прашање дали Иран имал проектили порано. Прашањето е дали го зголемува производството денес. Одговорот е да, а тоа го потврдуваат и сателитските снимки и самите Иранци.
САД го згазија Ирак, ем затоа што Ирак веќе беше утепан од војната со Иран, ем што по размер е неспоредливо послаб од САД во секој поглед.
САД никад не војувале со противник кој им е барем приближно јак по капацитет...ама затоа фрлаат бомби на банана-држави.
Тоа што Иран градел капацитети за ракетно оружје, треба да биде за САД „причина повеќе„ за уште една „реденка„ од воздушни напади од САД врз Иран, нели?...
Сега фали само уште еден генерал од САД да излезе на говорницата од ООН и да почне да лаже дека Иран станал споосбен да ги уништи САД, РФ и Кина заедно...
.