Шешко не е лош, колку што нема среќа со повредиве. Со Сантош не знам што се случува.
Немам верба во управата, засраа со Тен Хаг, потоа со Аморим. Кого и да донесат, ке го заебат баш кога најмногу ке треба да го помогнат со играчи. Сега излегуваат вести дека Сантош и Тилеманс биле далеку доле на списокот на засилувања. No shit.
Проблемот со Керик е што сум под импресија и да му ги дадат сите играчи што ги бара, пак нема да знае како да менаџира со нив. Разбирам противникот да има период од 10-15 минути каде што ке е подобар, ама кај него има цели полувремиња во кои само немо посматра додека противникот креира шанси и доминира, и нема никаква тактичка замисла да промени нешто, се дур не дојде полувреме. Доцни со измени, форсира играчи кои не се во форма(Лисандро), Тилеманс, па и Бруно, не може да најде решенија ако противникот направи некоја тактичка промена.
Да те натрча Тотенхем со играч помалку? Да мислиш дека нема потреба да трчаш колку и противникот? Некои работи се нереално лошо, и нема како да ги браниш.
Ако го донесат Хау, верувам дека ке го стабилизира клубот, ама човекот сака да работи со млади и надежни играчи. Нас цела одбрана ни е за промена, им истекува договорот на скоро сите од позади, а таму треба квалитет, а не младост.