- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.550
- Поени од реакции
- 8.191
Самиот Михо изјави дека имало понуди од наша страна за Ѓорѓиев, Серафимов и уште некои други, а ниту еден од нив не прифатил, така да далеку од тоа дека клубот немал обиди за истото.Критиката моја е за раководството, а не за играчите. Македонците кои ги донесоа не се кадарни да можат во комбиниран состав со некој странец, да ги победат ни најслабите противници. Донесоа играчи на бековите кои никогаш нема да прераснат во играчи кои би имале и епизодна улога, бар тоа се гледа од старт. Нема поента да ги имаме во состав. Можеа да соберат многу поасални епизодисти од нив, кога веќе немало опции за првотимци.
Непотребно истите играчи играат константно и тоа се познава и на овие дуели од ЛШ кога во крајните решавачки моменти им е воочлив уморот.
Плус ризикот од глупи повреди.
Ако објективно погледнеме и никогаш сме немале бројка на солидни македонски играчи кои ќе можат да го прават она што го зборуваме. Во сезоните 2016/2017 и 2017/2018 Канељас го цедевме максимално. Немаше меч дали во домашно, дали во СЕХА, дали во ЛШ каде што стартувавме без него и играше по најмалце 25-30 минути на мечеви кои беа веќе решени.
Столе, Бутин и Тимур заради македонскиот пасош беа играчите на кои што можевме да сметаме тие сезони, две крила и еден пивот. Бекови со македонски пасош за лек немавме ни тогаш. Ончев, Мишевски, Карапале, Ќосе, Кукуловски, Ѓорѓески, Кизиќ... придонесот на овие сите беше речиси никаков. Со враќањето на Михо малце од малце мрднаа тие работи кога дојдоа: Гоце, Тале, Борко, Томовски итн. кои беа веќе профилирани играчи.
