Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Убав голман пред 5 години со Нексе тој ја направи разликата (Кузманович не бранеше) но не е профил кој би донел поголема разлика од ова која сега ја имаме. Ако се бара нешто по асолно од погоре споменатите Палашиц (договор до 2027), Фелин (има активен договор до 2028).Морено Цар е исто интересен голман, шо бранеше во Нексе пред некоја сезона. Сега е во Швајцарија и му завршва договорот ова сезона. Можи да се проба и со него, имаше доста добар перформанс во Нексе.
За голман е барем полесно да се најди, тие се активни и во позрели години.
Моја желба од екс-ју просторите е хрватот Пешич од Нант. Последна сезона му е во Нант и е во напредна фаза од преговори со Алкалоид. Штом покажва интерес да дојди во суперлига, Лино можи многу лесно да го договори да дојди во Битола. Таков голман ни треба моментално ако сакаме стабилност помеѓу стативите.
И нормално Галецот да си го вратиме во Битола ама засега неговата фамилија е анти-пелистер и тешко дека би дошол назад во Битола.
Има голмани, ако се искешира добро ќе го зарвориме то прашање за наредни 2-3 сезони.
Telepnev go zaboraj,nego mu go baravme da ni go pozajmat za evropa ama Petrusev veli ako vi go pustam nema da saka da se vrati vo Bogdanci.Ропаци беа и останаа.
Децата пораснаја, ништо не е сменето.
Уште од времето на Гоце Петрушев ( RIP), кој беше алфа и омега, градоначалник, спонзор, тренер.
Еден од најгадните терени за игра.
Притисоци огромни, еден Сиудад Реал во златните времиња изгуби таму.
Гнасна екипа беа, Сергеј Турченко ( татко му на Ихор Турченко од Нант), Бичковски,, Перо Банцалиски на лево крило, Горбах голман итн.
Најмалку 2 титули ни имат земено овие...
Толку време помина, ништо не е сменето, притисоци, плукања..
Па тој коментаторо најак беше, ОВА Е ВИКА НАЈРАКОМЕТНИОТ ГРАД..ЦАР.
Истата сала, роскоп, најминимални услови за игра нема онде, за училишен спорт, камоли за професионален.
Не знам како овие од РФМ не се запрашват за условите во сала и како дозволват онде да се игра суперлигашки ракомет.
Ќе земи некој ќе се отепа онде, ѕидот е одма до терен, аут линија нема, не дај боже да има некој дуел меѓу играчи, кај шо се затрчани, ќе остај некој некоја нога/рака/гла во ѕидојте, столчиња од канцеларија остаени како замена за резервна клупа,радијатори на ѕидојте закачени
, и шо уште не?
Она сала е МОРТАЛ КОМБАТ ЗОНА, не е за ракомет.
Ми текнува на едно гостовање со Чкембари, сезона 99/2000, пролетна полусезона, тепавме со гол во последна секунда на Лазаров за победа 19-20, 20-21, така нешто беше, држ не дај беше утакмицата.
На бегање, со КОСТЕНИ ФРЛАА по автобусот.
П.С.
Браво за децата вчера, има надеж во двојката, многу интересни деца има шо можи и треба за брзо да чукнат на вратата на првиот тим.
Изгинаја на терен вчера, штета шо не победија, ја заслужија победата.
Не му доликува на онај Бојаниќ суртукот, да се расправа со децата, зеде онде да урла в сала, да се брука.
Татко можи да му биди.
Па на крај и се чапна и со то левото крило, шо му падна топката од раце.
Штом еден мирен лик ко Резо го извај од такт, јасно е шо се дешаваше вчера.
Арно Бранче шо беше стабилен, кузнеј шо ќе беше ако влезе тој во "дуело'
Зато нема професионален ракомет кај нас, уште со вакви ликој ко Бојаниќ, па и онај србино на среден шо го имаја, одвај одеше тој, торлак невиден, само кукаше нон стоп.
Тексо, посебна приказна, како падна на колена на последниот напад ко ни свирна пенал судијата, како да го коли некој, а играчот на Младост пола метро внатре во 6 со нозете.
Цел живот истото го прај, и ко играч ко беше и ко тренер, само се расправа, се кара со сите, тензии прај, кај шо ги нема...
Зато не можиме играчи да извајме, оти место деца некој млади да се развиват, Тексо ќе буфта со Бојаниќ, некои треторазредни Срби, Африканци.

Се сложвам апсолутно за Кизиќ, криво ми е шо го испуштивме лесно дечкото.Реално МКД голман нема со врвен квалитет кој е достапен. Томовски да пред две а и три сезони флертуваа премногу со него во два наврати не откачи со изговор дека сака кариерата да ја гради во странство. Мн малку фалеше да го добиеме.
Друга опција која би ни била прикладна а е македонска се дури не добијат поголемо искуство горе споменатите Иван и Мелвин би била Марко Кизиќ, колку и да се негира во него има искуство и е една од трите опции на голманска позиција за светско првенство овај Јануар, покрај Томовски и Галевски иако овде во прединство би го ставил Гогов кој има некој блескави моменти но поради тоа искуство кое го има Марко би го ставил во преден план.
Баш за голман од типот на Ферлин, Паласиц голманот на Мешков брест русинот е добар голман интересен.
Немам конкретно избор на голмани направено со статистика од поголемите првенства но се наоѓа солиден голман за парите од финансиите кој заедно ги примаат и Никучо и Нинџа. Со тие пари се зема некој квалитетен пример Владимир Цупара па и да му дадеше 2-3 илјади плус и да го обврзеш на 3+ години нема да биде лошо, но и самиот во некое интервју кажа дена не гледа некој предизвик да игра во тим од помала лига каде што му се добиени утакмиците дури и пред да ги започнат, затоа и се приклуче во тим каде шо е сега и има можност вистински да се докажува колку вреди.
Ако би бирал јас би го избрал него идеална возраст кој има договор само до 2027ма, докажан голман со солидно искуство од европски натпревари. Ова е само површинска анализа на каков голман ни треба. Но да има вампири во Шпанија ко Лето, во Франција (али повеќето се профил на играчи кои не би дошле во Македонија).
Ајде нека биде идеа ова за некој кој чита небитно дали ќе биде Цупара или пак некој друг вампир барем да се ставе крај на една таква сага и да се осврне тимот према еден голман кој ќе направе поголема разлика, како шо кажа Томасино кој би имал во просек по 25% на утакмици (не тренинг утакмица). Оти за тренинг утакмица договлен е некој просечен голман од тие шо ги имаме во 2ката или за некоја поголема сигурност да биде Марко но тој би барал некој 3-4 европски.
, дечкото е срам за професионалниот ракомет ( појќе личи на главниот глумец од филмот CASS
, отколку на полупрофесионален ракометар)
, со Вуко, со Стојковиќ, ќе бидат само мета за зицери на сите екипи.
, е тежок очај, колку само топки му троши за едно лево крило, со глупи егзебиции, Вуко се послаб, Нејц е страшно паднат во форма за разлика од лани.