Јебига барем не дозволваме ликови како Варга да ни влегват на трибина и да ни ги тепат децата. Помалце арогатност не е на одмет барем за ситуацијата во која сте.И да искрено тажно ви изгледаше копот вчера пола испоседнати од по страните,не е ништо лошо малце самокритичност. Не постигнуваш ништо ако напишиш “интересни” досетки за нас, нареден викенд па ќе го видиш копот полупразен.
Тоа видео што си го гледал со тој Варга тоа е на јужна, не запад.
Иначе , читам втор пат , викаш седнати раштркани у коп сега за ракометот со Висла, немаше таква работа.
Точно дека бројката по слаба, али сите што беа у коп беа Комити и навиаа, напротив, дури многу наши членови имаше на другите трибини. Има видео на РК ВАРДАР на инстраграм, трибината десно од Комити можеш да приметиш дека баш на навивачи личат и навиваат цело време и раце и песна, 10 мин по завршување на утакмица. Ти Можеби си видел видео од пред утакмица, или полувреме , или од порталиве кој знаат да снимат навивачка трибина 15 мин пред почетокот и да пишат еве ги Комитите или Чкембарите на мечот со тој и тој. Ние друг проблем имавме, пример на полувреме ако се дозволи да се отвори врата и излегува надвор, 150 луѓе беа надвор откако второ полувреме почна веќе , кафичот надвор преполн, искачаат на пиво сок, на воздух итн и се заборава колку време се седи па треба да ги потсетиме дека заврши полувремето.
На утакмици ЛШ ракомет, мислам дека нешто слично и кај вас се случува последниве години откако играте, многу членови, и сегашни зборам, нормално прво за кај нас зборам, на вакви утакмици знаат да отидат на страна на неутрална, со брат. чичко , вујко , братучед кум , кумашин, така да испоштуваат некој свој што не е дел од навивачка трибина, а сака да го гледа клубот ЛШ, па не кршат атер идат со тој, јас барем 50тина такви сум гледал често,што ги знам сигурно уште толку има. Ми се чини дека и кај вас се случуваше тоа, за ЛШ утакмициве. Ако ме разбираш што ти зборам. Пример сегашни членови присутни у сала, а надвор од коп.