Фан клуб - РК Вардар

Од се најдобра беше непланираната анализа на Југо со уште неколкумина после натпреварот.

Несакајќи оставија да чуеме опуштени, искрени разговори за натпреварот.
 
Не пишувам а читам и сакам да кажам дека од старт немаше енергија се чувствуваше и мислам дека внатре во екипата е труло нема врска со квалитетот...
 
Ај што се послаби послаби, ама уште од старт никаква мотивација, жар, нема борба. Висла како дома да играа по говор на тело.
 
Прочитани, немоќни, на моменти бездушни... Очигледно дека сезонава не сме материјал за ЛШ. Мора брзо да се консолидираме, фокусот примарно кон домашно првенство, а до крај на ЛШ и во ЛЕ од февруари секој бод и добар натпревар би бил драгоцен за кревање самодоверба и создавање костур на тимот за следната година.
 
Шурчињава како се слатки со реакцииве. Екскурзија, ова она. Разликата е што Вардар се врати од ЛШ два пати со трофеј, а тие се вратија со 2 победи во 3 години.

А уште послатко е утре задутре коа ќе ги напумпаме 10-15тина гола разлика сред Битола
Автоматски споено мислење:


За последното сум најмногу во право, верувај ми :)
На нив пичурникот мајчин ќе им го ебеме
 
Ајде малце озбилно сега, немало хемија, Чупко не бил за тренер итн.

Defense masterclass by Xavi Sabate. Каква само одбрана изиграа!
Сецкање играта максимално, секое додавање и вкрстување на нашите бекови беше пречекано со контакт, ништо не оставил на случајност, до најмал детал беа спремни.

Ние па од друга страна изгледавме како целосно да се потрошивме во саботата против Охрид и енергетски и тактички. Но, дури и да е така истото не е никакво оправдување, Чупко морал многу подобро.

Колку за информација - за Сабате ова е осма сезона во Висла, неколку сезони Европска Лига и неколку сезони Лига на Шампиони. Екипа која се гради дооолго време, да не навлегувам во споредба на буџети, барем четири пати поголем буџет од нас имаат моментално, ако не и пет.

Горчината кај мене лично останува што изигравме најлош меч од трите одиграни баш денеска, кога сите играчи ги имавме во состав (без Бомаштар), кога играме дома, а во исто време минатите мечеви во кои бевме осакатени од повреди нијанси решаваа.

Срамота е бе да не работи семафорот целосно на меч од Лига на Шампиони! До толку немаме мерак да се занимаваме со детали, да бидат перфектно организирани работите, стварно не разбирам! Да не почнувам за што све има по ходницине на салана. Знам дека клубот не е одговорен за истата, ама како корисник на истото може да направи притисок да нема такви работи. Да беа мали пари во прашање па ајде, дебели пари плаќа за користење.

Исто и „фан зонана“! Диџеј, шанк за пијачки и колите на спонзорот изложени не е фан зона... Со што ги мотивираш луѓето да дојдат? Секаде можат да го најдат тоа што го нудиш таму, во било кој локал во околината на Јане и плус поефтино ќе пројдат.

Супер е што клубот мисли на вакви работи и прави напори, ама мора МНОГУ од тие работи да се прават МНОГУ подобро.
 
Последно уредено:
Сметам дека овој пораз иде само на Чупко. Играш 7 на 6, 7 на 5 кога имаа исклучен играч и наместо да правиш простор и позиции да проиграш преку крило, бековите ја вртат топката и влагаат од грешка во грешка. Љевар денеска очаен. Ако продолжи вака не ме чуди да заврши следна сезона во Охрид. Главата горе, цела сезона е пред нас.
 
Предупредував на сите овие недостастатоци уште на крајот на ланската сезона, а и по составувањето на тимот за оваа сезона.
Како што кажав и лани, во оној стар формат на ЛШ ќе тепавме 3-4 утакмици и ќе 6-то место (евентуално 5-то) ќе беше нашата мета. Во овој нов систем на натпреварување, нема што да бараме. Типував дека ќе имаме макс 2 победи (на домашен терен секако) и дека многу лесно може да имаме 6 порази, што веројатно ќе се случи. Единствено на Мелсунген да не им требаат бодови и да ни дојде со трета екипа, па да ги добиеме.
Луѓето ги оценуваат екипите според тоа каков бил нивниот статус во времето на Самс. Ако сме ги тепале Висла дома лагано во време на Самс, не значи дека сега после 7-8 години се ќора екипа. Го тепаа Мелсунген, на гости во Нант изгубија во последниот напад.
Немаше што да бараме денес. Не прочитаа ко селски буквар, убаво отворија и едино што се вративме малку на притисок од публика при крај на првиот дел. Тоа беше се'.
Единствено нешто што може да радува од денеска е партијата што ја пружи Фадуил.

Спомнав и после Нант, онаа стрелба што ја имаа бековите тогаш, ретко може да се повтори. Сите шутеви скоро влегуваа. Денес, со покорпулентна одбрана и голман кој не отсече од старт, бевме безидејни.

Поразот прво оди на сметка на Чупиќ. Млад е, ќе се учи, ама денеска потфрли на многу полиња.
Ајде што играта со 4 бекови не одеше и внатрешната линија НЕ ЈА ПИПНА ТОПКАТА, лесно ни пресекуваа топки, тераше цело полувреме без пикер. Кога конечно Фадуил и бразил (кој не беше на ниво баш) малку ја растресоа противничката одбрана за разлика од денес статичната тројка Левар-Малус-Абделхак, намаливме на 2 на полувреме, НА ЧУПКО МУ ТЕКНА ДА ИГРА ДЕСЕТ МИНУТИ НА СТАРТ ОД ВТОРО БЕЗ ФАДУИЛ. Имаш играч што за 15 минути дава 7-8 гола, има моментум и ти го седнуваш на клупа. После кога го врати беше доцна. Место да сменеше порано на брза линија со Фадуил, Малус и Бразил десно, со Јанковски на пикер и да ја воиграме малку внатрешната линија, се реши да игра со статични бекови и да стави пикер. Мечка тотално индиспониран. Изгледа ќе го чекаме пак до зима да се врати во форма.
Кеита и Тузолана дно пробиваа. Кеита може и да го избркаат. Човекот кога и да добие топка, место да влезе бега кон бековска линија. Па Манасков да го земат кој 5 месеци е без клуб, сигурен сум на искуство бар 3 гола ќе дадеше.
Не знам што идеја имаше Чупиќ, дали сакаше помалку ротации за одбрана, важно тотално го изгуби почетокот на второ полувреме што беше решавачко.
Голманите дупка. И во оние моменти кога кренавме одбрана, примаа гол од мртви шутеви при пасивна игра за тотално да те демотивираат.
Ништо не одеше, осудени бевме на пропаст.
Љевар денес беше тешко дрво. Ептен просечен играч, не знам веќе што да мислам за него. Добар за во македонско, просек за Европа. Ми личи на Омерагиќ во суратот, малку и на Љафтов :D
Абделхак исто лесно прочитан, али пак имаше по некој обид за пробив.

Добро е што клубот има поддршка од една хомогена група од 1000-1500 фанови/навивачи што дадоа поддршка и на крајот и што секогаш ќе се тука во потешки утакмици. Нема јадење гомна, лесно се прифати реалноста дека не сме за ЛШ и се надевам ќе остане поддршката во ЛЕ каде што ќе може повеќе да се надигруваме.
Не знам со кого вкрствуваме како четврто пласирани, али претпоставувам и така може да налетаме одма на некоја страшна германска екипа.
 
Пишав и за време на натпреварот, немаше теорија да ги стигнеме. У секој аспект беа подобри од нас. Ако на претходните 2 натпревари за малце ни избега бод, овој пат и да ни одземат нема да е незаслужено. Комплетно не надиграа. Разноврсна игра во напад до пасивен скоро, додавања за крила за пикер акции за бековите, Косоротов не избуши. Во одбрана цврсто максимално до крај без простор за игра на нашиот пикер. Од друга страна ние млитаво во одбрана, недоречени попустливи лоши превзимања задоцнети реакции, во напад само со еден расположен играч со отсечени крила и пикери речиси без лев бек. Само со 4 бека игра несериозно е да очекуваш нешто против екипа како Висла. Многу работи ни фалат за овакво натпреварување во моментов.
Во сала одлична подршка, иако не очекував празни столчиња. Максимална подршка добија играчите и по завршување на натпреварот, дури и Алилович гестикулираше со рацете као добро у реду смирете се.
Се на се овие 3 натпревари ни покажаа каде ни е местото во моментов.
 
Од трет шешир ќе биде најбитно Висла да се избегне, не знам како некои ја посакуваат за противник кога тие се убедливо најквалитетен тим од тој шешир и клуб кој ќе атакува на Фајнл 4 наредната сезона.
Малвин Ричардсон, Зарабец, Митја Јанц, Фазекаш, Косоротов, Зоран Илиќ, Бергеруд, Сердио, Шушња...
Би се осудил да кажам и дека одбраната им е една од најдобрите во Европа.
Ептен воиграна екипа, шпански систем, одлично селектирана и предводена од Сабате, многу наликуваат на Вардар од некаде 2015/16 година, таму сезоните со Раул пред да ја овоиме првата титула.
Нема да сум изненаден и ако за сезона или две станат шампиони на Европа, посебно ако се остварат најавите за уште неколку екстра засилувања.
Сепак да не се залетуваме премногу, ќе кажам и дека малку сум разочаран од нереалните коментари со многу очекувања.
Некако имам чувство како да не сме свесни за разликата помеѓу нашиот и квалитетот на противниците.
Само на крајот да не дојде до големо разочарување каде беспотребно ќе се плука по играчите и тренерот.

Искрено јас не сум баш оптимист, мислам дека поверојатно сценарио е да завршиме со 6/6 порази, отколку да ја поминеме групата.
Ова го пишав пред и после ждрепката за Лига на шампиони, така да за мене овој резултат и не е некое изненадување.
Знаев дека со нив најтешко ќе поминеме, многу јака екипа е Висла, со години паметно вложуваат и напредуваат.
За мене тие се Dark horse оваа сезона, типувам и дека ќе освојат.
Уште пред почеток на сезона уплатив дека Висла ќе биде шампион(150 квота :D).

Немаме квалитет за Лига на шампиони, задоволен сум што и покрај поразите публиката е свесна за ситуација и реално се гледа на работите.
Очигледно сме доста навивачки созреани (без разлика што имаше и луѓе кои 15 минути пред крај почнаа да си заминуваат).

Браво за сите што останаа после натпреварот и ги поддржаа момците!
Така се остава добар впечаток и лице во Европа.
Сигурен сум дека тоа многу им значи на играчите и ќе им биде дополнителен мотив за во иднина.

Остануваат уште три натпревари, најверојатно и три порази, после тоа може да се фокусираме на Лига Европа и најбитно на домашното првенство, тука е нашата главна цел оваа година.
 
Back
На врв Bottom