Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Јас ништо ново не видов од вас денес споредбено со други сезони. И општо досега на трите меча што ги гледав (Охрид и двава европски). Освен една поголема хомогеност на екипата и желба за докажување кај одредени играчи како браќата, Самоил и Мирче, повторно имате иста бавна игра како лани заснована на индивидуални потези. Ако му оди на Фитиљ добро, ако не оди, слабо играте.
One man show беше денеска, не знам од што сте задоволни по коментариве. Човекот даде 15 гола, асистираше и изнудуваше пенали. Сам се пробиваше, тоталка индивидуална игра.
Преслаба ротација, цркнаа едни исти играчи, а реално имате доста широк состав. За квалитет не можам да судам на невидено.
Менував повремено да гледам и кошарка и ги утнав последните 3-4 минути мислејќи дека е готово. Кога гледам нерешено завршила и они имале шут за победа.
Доста лош резултатски старт со двата послаби противници. Гумерсбах тешко да си дозволи уште еден крах како со полјациве, иако германските екипи знаат да си го ладат повремено во групната фаза.
Друже јас зборам за ОВАЈ ПЕЛИСТЕР не за лани и оломнани....
Од првата утакмица (припремни), првенство и регионалната ...Дека сме подобри сме ..
Друго е од тв, друго на трибини ко ќе си и да следиш шо се дешава на теренот, енергија, емоции, комуникација се!
Тргнавме слабо и не е спорно ...
Пишав и јас дека играта е трома и се сведва само на средина...Не е спорно...
Али како јас сега за вас да кажвам брат џабе ЛШ послаби сте од лани слабо ќе помините не ме бендисва тимот...Можи и да е така и со вас ќе видиме....Нити сакам да пишам кај вас а можам да ве сскам и сеир да фаќам....
Дајте досадно е ко ќе нешто е лошо само тогаш ве гледам тука пишите и држите лекции дај не заебавај...
Имаш право на коментар и јас имам право да кажам зошто не се слагам.
Вервам до крај на сезона ќе е уште подобро и имам право на то!
Спортски поздрав
 
Повторно ни пресудија зицерите. Ќе бидиме уште подобри.
Се бореа од еден до последен сите. И сите на форумов сме задоволни од играта и заложбата, сите знајме дека со балканци скандинавски ракомет неможиш да бараш. Сите знајме каков тренер е Лино и дека со лино никогаш нема да видиме брза игра. Ама зато ќе видиме борба и кохезија.
Е сега влетва еден скопјанец со свој коментар и одма ви го релативизира задоволството, одма ви текнува дека не треба да сте задоволни.
Е то е менталитет кој никогаш нема да го изградиме.
Се надевам дека наредниот натпревар ќе бидиме уште подобри.
А скопјанче да знајш дека секогаш тимската игра и борбеност ќе исфрли поединец нагоре. Ако Пешевски ги погодеше зицерите тој ќе беше поединецот шо ќе е најгоре.
Одиме понатаму.
 
Не е страшно. Вака барем ќе се фокусираме на првенството!
 
Штета, добиен меч.
Не ми е јасно како успеа Гдањск да го тепа Гумерсбах, away, со дадени 38 гола.
Ама, то е ракометот, ако го потцениш противникот и ако нема ден голманот, се е можно.
Да не беше тој ( аматерски потег АЛА ВАНЧО ДИМОВСКИ :popce: ) на Жаре ќе ја добиевме 100%.
Во страшен пад во форма е, никогаш не промашувал толку зицери.
Не смееше таков удар да пробва, во круцијален дел од мечот.
Разбирам да водиш со 6,7 гола, да прајш егзебиции, ама во таков момент, кога требаше да ги дотепаме-таков смешен удар да пробваш е фатално. :popce:
Нека му ја фатеше, ама да беше негов класичен удар, она беше мајтап, не беше ни удар.
Вака ги врати целосно во игра, а ние паднавме психички целосно на крај, шо е нормално, оти притисокот се префрли кај нас, плус исклучување на Павле.
Ако прошлата утакмица со Ла Риоха, оди на душа на Лино, вчера доста позитивно- тактички новитети видовме од клупата.
Друг дефанзивец кај најслабата карика во одбрана ( Видомски/Серафимов), Алекса добро се покажа во одбрана, добро ја затвори таа лева страна.
Фалеше во мечот да се уклучи Серафимов, ако проработеше тој ќе беше топ, на крај тој голот по истек на време во прво можи ќе беше клучен.
Слаб ефект, 1/4, ама имаше асистенции и добар проток на топка од кај него, плус далеку е постабилен на технички план од Видомски.
Н' Танзи, одличен, допрва треба да се подобрува и уигрува, Фитило на врвно ниво, на кое можи и треба да игра.
Ете ја разликата на терен, шо брчиме нон стоп, ние плукачите и хејтерите, кога се игра со тактика во која ќе му се најди местото на играчите на природните позиции, без непотребно форсирање 7 на 6, без нервоза и паники во напад.
Нормален плеј, Фитило се враќа на природна позиција кај шо е најпродуктивен. фали да се уклучи некој десен бек и да имаме нормален напад.
Саид доста солиден на голот, то фалеше, да влези во ритам, добар потег шо се ојде со него.
Требаше да се добие на крај, ја заслужија победата, штета шо таа судивката на линија немаше сенс, не беше то за одземање на топка, па ќе можевме да упатиме удар во последни секунди
Како и да е, дава надеж оваа утакмица.(y)
 
Изиграја многу подобро од првата утакмица, како шо кажа Мишевски дека фитиљо имал температура. На сите "засилувања" шо ги донесовме пак зависиме на фитиљо да сака да ги изгази противниците. Нтанзи уште со Бутел се виде дека ќе напрај разлика на среден бек ама пак не можат овие двата да ги годат зицерите на другите. Мора на то да обрнат внимание оти и со Бутел имаше 12-13 љуфнати зицери, со екипи од тој калибар поминва ама во европа не поминва таква игра. Мое мислење е да се бара голман кој шо ќе се надеваме дека ќе нема лош ден, со сегашните се молиме да имат добар ден за да се држиме во утакмицата. Мораше да се победи вчера и јас лично не сум задоволен од играта и од резултатот. Да не ме разберите погрешно поарна беше играта ама само заради фитиљо шо имаше 15 гола и 5 асистенции.
 
Спорт како спорт, некогаш ќе победиш некогаш ќе изгубиш на болен начин, проблемот е друг ама не е само кај Пелистер, туку општо кај цел македонски народ. Ретко човек кај шо има победнички менталитет во оваа држава. Ко ќе дојди да треба да дајме гол за победа и да ја решиме утакмицата сите се блокираат и секој шут е со преголема трема ради тој менталитет поданички.

Како и да е, уба игра вчера, Нтанзи добар, штета шо не победивме. Ваљда ќе се наредат коцките и можи ќе одиме понатаму, ако не ништо страшно то е.
 
Како за конзулски град “познавачи на ракометот” најракомет град итн итн… одвај чекаме да згреши некој и одма се живо да му се искара да се исплука. Сигурен сум дека НАМЕРНО промашваше жаре нејќеше гол да клај во никој случј. Не велам дека нема кривица кај жаре за промашени 4 со ред ( тотално го оправдувам последниот избор на шут-лист, 3 претходно здрави шутој му ги одбрани мораш да смениш и да пробаш со лист, штета му го одбрани , и за то е клаен тој на гол) кривица е поголема кај лино, имаш 3 со ред промашени смениго пробај со друг двајца седат на клупа (иако самоил засега офанзивно е со најлоша реализација).
Друга работа конечно промена на гол, за разлика од со шпанците имавме поддршка од голман 9 одбрани и мислам дека редно време е да се сменат местата Саид да биди прв голман.
Во глобала играта 6-6 ни одговара многу за разлика 7-6, ама стари не се дава мора да ја има (тие 10мин во првото очај од игра изгубени без идеја како да се нападни и искористи вишок).
Фитиљ на лев бек друг чоек плус во одбрана го одмара(нема потреба да игра одбрана да се троши секако многу слаба страна му е одбраната)
3ката фитиљ нтанзи и мартин е тројка која треба да се форсира за понатаму и сигурен сум дека се подобри и подобри ќе бидат.
Колаковиќ и Котар мора да добиваат поќе минутажа ( секоја чест за мирче ама не е за прва екипа) колаковиќ е добар во два правци шо е голем плус и вчера изигра поќе од задоволително.
Стварно штета со победа ќе се вратевме во живот за второ место сега зависиме од други
 
Штета наша беше ова на крај се доведовме бод да спасваме и си ги намаливме шансите на минимум за пролаз понатаму, искрено очекував пораз послем таков бродолом и противник во налет, позитивно бев изненаден резултатски како се одвиваше натпреварот до последните 2 минути, но не сум задоволен од играта која рака на срце има промена посебно со Нтанзи иако изгледа физички недоволно спремен но екипата има друга физиономија со него и нинџа на голот стабилен далеку подобра опција од Митревски моментално. Она шо загрижва е и послем таква моструозна партија на Фитиљо и подршка од голман не успеавме да победим one men show, се прегоре буквално, незнам шо се случва со близнако зошто не добива барем 10/15 мин , вака тешко ќе оди долго е првенството ќе изгори фитиљ. Самиот факт дека второ полувреме до кај 48 мин од 8 гола 8 беа на Фитиљ никако не е добро, никаква подршка од останнатите. Како и да е одиме понатаму нека темпират форма се надевам екипата ќе оди во нагорна линија, треба сите да допринесват барем сега имаме играчи.
 
Последно уредено:
Pak se pokaza deka samo Fitilj e svetska klasa igrac vo cela ekipa. Mnogu tenki na krillnite pozici, mlaki vo odbranata. Noviot sreden bek se gleda deka ima golemo iskustvo i zelba za igra. Del od igracite izgledaat kako da se bez ambicii vo karierata i vo svoja komfor zona, ni ugore ni udolu. Da se nadevame na uspeh vo prodolzenieto od sezonata.☘️
 
Pak se pokaza deka samo Fitilj e svetska klasa igrac vo cela ekipa. Mnogu tenki na krillnite pozici, mlaki vo odbranata. Noviot sreden bek se gleda deka ima golemo iskustvo i zelba za igra. Del od igracite izgledaat kako da se bez ambicii vo karierata i vo svoja komfor zona, ni ugore ni udolu. Da se nadevame na uspeh vo prodolzenieto od sezonata.☘️
Стварно и мене некој работи посебно оваа сезона не ми се јасни дали сакаат комфорно зона дали се прегледуваат со плата нешто не можам да разберам сите млади играчи да не именувам значи сите па ете и по старите да се идиш или си во Пелистер шо е име и презиме во ракомето на Балканот те тренира Лино жива легенда имаш најјак подршка всала можи во Европа цел клуб среден без никаква забелешка за пари премии се друго да тие капитен Кузамонвски шо никој не остајл на цедило во клубот шо дава 100 или 120% на секој натпревар да не земиш еден напад да напрајш да одиш со глата низ одбраната или да земиш на слободен протоср да шутниш не можам да разберам значи за десен бек зборам и крилата абе во 60 минути само да подаваш или крило да имаш само еден шут без ниту едно утчавањр на втор пикер било шо да напрајш не можам да разберам море со се клупа ќе ги однесам ќе ги здрвам ќе дам 200% ко гледам другите шо даваат има крв да плукам да играм со една нога и рака ај да разберам порано ги шлепаат со шамари немаше пари никакви услови ама сега нема оправдување пред се за младите да се докажат покажиш шо е ова сите од мочка праени колку ради реда никој како ништо да не се замара ете го Фитиљот тој нека му ја дума треба сите да си го клат прстот на чело многу лабави сите нови играчи исто и сите од старите од лани даваат некогаш 100% ама тоа не е доволно треба да се одгледаат на капитенот да искористат шанса да дадат 200% да изгинат а не да прајш исклучување во пресуден момент оти три пати те врви значи зборам за близнаците за серафимов за сите тие новите шо знам кокосови бели итн...демек ај ќе изиграме загарантирано ние местото не ќе не избркаат плус сите се во репрезентациите а грешките се повторуваат со години или сакаат да бидат ракометари или не трето нема мора да работат на себе и на секое да даваат 200% за Пелистер па после да одат на страна некаде ако не ќе си останат во лигата како вечни таленти а со Бутел и јас можам 10 да дадам на трчање само
Автоматски споено мислење:

P.S.да се разбериме сите ги сакам но мора да превземат одговорност и да се осоколат напрат играчишта а не само да додаваат и играат одбрана
 
Не можеме да очекуваме оваа сезона Павле, Цветан, Петар, Самоил, Видомски и останатите млади играчи веднаш да ни решаваат натпревари. До лани беа втора опција, а сега одеднаш се ставени во ситуација да бидат прва опција и да носат многу поголема одговорност. За тоа треба време. Треба искуство, самодоверба и најважно од сè натпревари.

Кога ќе се погледне составот, реално е дека скоро целата прва постава ни е променета. Хосни и Џехте ги заменивме со Видомски и Серафимов, Тајник со четворица нови играчи, Богдан со Ненад, Жаре со Самоил, Манасков со Петар и Цветан, а Абутовиќ со Хенигман. Тоа не се мали промени. Практично, треба повторно да се создава тим, а не само да се вклопат двајца-тројца нови играчи.

Затоа и не треба да очекуваме играта веднаш да биде на нивото од претходните сезони. Кога имаш толку многу нови играчи, нормално е да има падови во концентрацијата, несигурност во нападот, погрешни одлуки во клучни моменти и недостаток на самодоверба. Особено кога натпреварот се крши и треба некој да преземе одговорност. Лани во такви ситуации имавме играчи кои веќе беа навикнати на таа улога, а сега таа одговорност ја преземаат момци кои до вчера влегуваа од клупа.

Во моментов многу работи зависат од Фитиљо, Нтзани и Колаковиќ, затоа што тие имаат најмногу искуство и најголема индивидуална одговорност. Но не можеме цела сезона да очекуваме само тие да решаваат. Ако сакаме Пелистер да оди напред, мора постепено да се појавуваат и другите.

Колаковиќ полека почнува да фаќа залет. Ако успее да влезе во вистински ритам, мислам дека тешко ќе го запре некој. Истото важи и за Видомски и Серафимов. Знаеме какви играчи се и што можат. Серафимов веќе покажа дека може да биде еден од носителите, а го држеше Алкалоид и репрезентацијата заедно со Фитиљо. Кај Видомски, пак, се гледаше уште на почетокот дека има квалитет. Лани знаеше да одигра како ѕвер, но сега како да има страв да не згреши и премногу размислува пред да преземе ризик. Тоа е нормално кога од втор план одеднаш треба да бидеш еден од главните играчи.

И тука е можеби најголемиот проблем во моментов не е само квалитетот, туку и самодовербата. Кога играчот знае дека мора да погоди, понекогаш токму тогаш најмногу се плаши да не згреши. А кога тоа ќе се повтори неколку пати, почнува да се игра со кочница. Наместо да се игра природно и храбро, се игра да не се направи грешка.

Затоа мислам дека периодов ќе биде тежок. Ќе има натпревари каде што ќе изгледаме одлично, а потоа ќе имаме падови и натпревари каде што ќе се прашуваме како можеме толку лесно да испуштиме предност. Тоа е цената што мора да се плати кога правиш голема промена во екипата. Ама баш затоа треба малку да бидеме стрпливи.

Со навреди, свирежи и притисок како на претходниот натпревар во Битола нема ништо да постигнеме. На овие играчи сега им треба поддршка, затоа што самодовербата не се гради со еден натпревар. Се гради со победи, со доверба од тренерот, со поддршка од трибините и со чувство дека сме зад нив и кога не оди.

Јас искрено мислам дека од следната сезона можеме да очекуваме многу повисоко ниво од оваа екипа. Оваа сезона е период на создавање. Треба да се навикнат едни на други, да се создадат комбинации, да се види кој до каде може и кој може да преземе одговорност кога е најпотребно. И можеби токму тука лежи шансата на Пелистер. Да бидеме тим од сенка кој никој нема да го очекува. Нешто слично како Спортинг кога излезе од никаде и почна да ги победува сите. Не велам дека истото мора да се случи, ама потенцијал има. Само треба време.

Не треба да заборавиме дека овие момци до лани беа резерви или имаа многу помали улоги. Сега од нив се очекува да играат пред полна сала, во Лига Европа, Регионалната лига и во домашното првенство и во натпревари каде што секоја грешка се анализира. Тоа не се учи преку ноќ. Затоа, дајте им малку време. Дајте им поддршка. Нека згрешат, нека научат и нека стекнат самодоверба. Ако успеат да го фатат вистинскиот ритам, мислам дека Пелистер може да биде многу поопасен тим отколку што изгледа сега. А ако оваа генерација се вклопи како што треба, следната сезона со мали промени на пикер и голман може да гледаме сосема друг Пелистер.

Истиот случај го преживеавме кога се смена кимплетниот тим со заминувањето на Секели, Табоада, Граџан, Мараш, Марковски, Перич, Велковски, Мандалиниќ ама овај пат сме во каде каде подобар правец од тогаш.

Само треба малку трпение.
 
Последно уредено:
Трпение треба со двојката во кецот се бараат само резултати и ништо друго посебно сега последните гпдини кога се е средено во клубот друга работа како тоа да не се бара да решавале ша кога ќе решаваат утакмици ако ке годинава сега сите се прва опција имаат искуство значи треба само да ја зградата шансата и да се покажат и тоа цело време следната сезона е без врска ное не сме Охрид туку Пелистер и треба да се бара од почеток плус дадоа сите изјави дека е напад на трите титули шо муабето ова наредната сезона плус горе долу сите се на една година со договори како тоа следната кога пак ќе заминат принер пола и шо тогаш пак ќе чекаме следната сезона да дојдат нови играчи дека не треба да му се свири на лош дена не треба дека треба да се поддржат треба патем не знам каде на друго место некпј е повеќе подржан муабето ми е дека мора да се бараат резултати а не од старт да се дава гратис или бара оправдување следната сезона нека се оди all in оваа сезона па на зима ќе видат каде и шо фали и така а ме вака лузерски менталтет и оправдување уште не почнати пд нас зависи шо треба да думаме за влт1 и влт2 или алкалоид нека земат таму сите да ги изгазат и дадат 120% па ако не се успеја то е друг дваесет но вака од старт дај другата сезона нема да можи да помини а можи и се лажам читајќи на форумот и фб значи да се повторам тоа шо е за фалење ќе се фали тоа шо се греши ќе се критикува и само така можи да одиме напред но тоа не значи да се бара преку леб погача но во нашето првенство треба да си ја вратиме титулата
Автоматски споено мислење:

Со други зборови буџетот колку шо е достапно е зголемен со плус Пелистерка и Зик шо значи треба да оди секоја фодина погоре а не да се враќаме назад значи има пари работата беше шо Лино овие сам си ги одбра освен Серафимов кој го потпишаа претходно значи оправдање нема и не сме да има мора да се атакува на сите можни фронтови пред се во домашното првенство да беше намален буџетот да правиме развоен тим тогаш ај следната сезона но сега не гледам како
 
Back
На врв Bottom