Имам многу пати пишувано на оваа тема. Одговорот е прилично едноставен.
Целосно се смени популацијата во скопските населби. Повеќето од тие што растеле во овие населби во 80-тите и 90-тите и сега имаат свои деца кои треба да ги заменат на трибина се отселени од Македонија. Целосно се смени ликот на населбите, се изградија уште милијарда нови згради во кои се населија луѓе кои апсолутно ништо не ги поврзува за Скопје (и за Вардар, МЗТ и Работнички).
Имам пишано и претходно, во градинка кај детево има повеќе деца со родители битолчани на пример отколку скопјани. Нормално дека тие деца нема да навиваат за скопски клубови кога ќе пораснат.
Види како изгледаат Комити на гостување во Германија само со членови што се отселени таму. Поголема бројка од нас во Скопје вадат.
Гледам вчера извадено знаме WPH, се прашувам кој го извадил пошто од тие што одеа во тој период и ја основаа подгрупата, еден нема останато во Македонија