Пораз на Лино е ова, дефинитивно од врвот Пелистер се виде дека не ја спремил екипата, односно не најде решение за противникот, не знам шо и како спремале, ама Ла Риоха не е екс РК Тинекс Пролеќе.
Заслужен пораз и ова е шамар за освестување, пумпање на атмосфера и фаворизирање до безкрај, кај е батецо од ехф уште ме интересира шо не кладе 2 фаворити

.....мора некогаш реално да гледаме на работите, штета шо не го искористивме домашниот терен, далеку тие поспремни за овој меч, а голманот како голман, ако има ден плус ќе те доотепа, а и да имаше помалку одбрани нивниот голман мислам пак ќе бевме поразени. Доказ дека никаков репер не беа утакмиците од забавата на србите шо му ја прајме во регионалната лига, поарно закажи еден асолен турнир во Добој, мобој таму кај шо играт Веспрем, Монтпеље и ред други звучни екипи и види до кај си, отколку со вакви цицибани како Ловчен, Дубочица и ќе редиме по 40 гола непотребно....

Друга работа исто мислам не ги погоди засилувањата (странците), не можи ич шанса да не добиваат ниту во лигата ниту Европа Татар, Котор Колаковиќ и компанија кои беа, со Босанецо изгледа одма видоја колку е саатот и излезе како 2000ка на крај на месец понудата.
Го даваме Тајник можи најклучниот наш екс играч, а ги носиш Котор и Колаковиќ

После Цехте (со оштета) и Хосни, од Умаг клинчето Басенесе (валјда точно го пишав) па внучето 0 од 5 имаше со двојката пред то, кај да се надеваме плус...
Сите се ова играчи на Лино, но рано е, да не носиме заклучоци одма, но скоро сите натпревари ги гледав, не ме чуди и зошто се форсира толку Мирче....Околу тактиката, промена нема да има, Лино е писател на та игра.....