Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Golmanite ako ne fatat ziceri,penali togas zosto se golmani!!??? Da fakjat samo sut od 9 radi reda ili na sreka 2/10?
Tatar najdobar strelec lani,a kaj nas ne igra BRAVO !
Pak ke recam duri ne najdime JAK golman nema da imame nisto za zal.
 
И уште нејасно е шо ќе биди со Нтанзи… Потпишан е ќе биди во состав за со пољаците?
Уште 4 дена има до натпреварот а не е во составот на официјалната страна на ЕХФ.

@sterjevbojan Каков е статусот со него?
Со Татар шо се дешава?
Вчера кажаа потпишан е, е сега дебито кога ќе му биди ќе видиме
 
Не може ниту еден од Алекса, Татар, Котар па и Омер што си отиде да не го бива. Да плаќаш оволку странци само да седат на трибини нема во ниту еден клуб и се знае увелико до кој е проблемот. Ако финтата е да се форсираат само македонски играчи нека излезат со соопштение дека амбициите се тие и тие да станат работите појасни
 
Која игра во напад бе луѓе? Кои црни зицери? Напад сме имале, подобра статистика сме имале?.
Која црна статистика сме ја имале?

Дај не се заебавајте, она вчера беше класичен антиракомет шо го "изигравме'".
Си мислеа со Струга играат,
Европа е ова, нема тука импровизации, не поминват фолирања и лажна самодоверба.
Ко ти иди 5,6 та екипа по јачина од Шпанија, и го мети паркето со тебе за 10 минути, јасно е колку е сатот.
Час по ракомет ни одржаа, не беше само голманот, и да не фатеше 20 + топки, пак ќе не тепаја, оти имаа се од игра, од укрстувања, уфрлање на втор пикер, вишок до крило, праење простор за шут за десен бек, игра за пикер.
Не убија во поим со нивната покретлива одбрана, како само покриваа простор, е то е то, шо го немаме ние.
И ко ќе си дефицитарен во одбрана со агресивна игра, со брзи и навремени излегвања на бек и враќање да го затвориш просторот кај пикерот ќе ја завршиш работата.
А со вакви екипи ко нас, шо играт со одење, толку треба, убиј ги во психа од старт и се распаѓат, исто беше лани со Гудме, исто беше и со оние шампионите ко не изметија за 15 минути во второ, ко партали.
Сите тие "зицери"шо ги кажвате, во прво полувреме беа од принудени ситуации, фрлај насила до пикер, барај по секоја цена упорно пикер, над 40 секунди ни траеа грото напади, без идеја шо се игра, без конкретен напад на зона, без игра без топка, менвање на позиции, а то треба да го прат бекојте.
Ние шо прајме? Седат пикерите укопани в место, двајцата, и малите деца знат дека упорно во 80 % од акциите 7-6 бараме по секоја цена пикер.
10 од тие зицери беа насила даени топки до пикер, по секоја цена, насила топка до Петар, удари од неизградени позиции, плус кога веќе скина се шо требаше голманот, дури и со суви листој пробваја и то не помина.
Не можи бе кога имаш бројчана предност во напад, имаш 2 пикери кои ти повлекват автоматски двајца играчи на линија, ти да не можиш да создајш вишок простор преку бек.
Шо простор напрај нашата бековска линија?Ај кажете.
Тој рандом влез на Серифимов во прв напад и то беше, после то се беше насила, ко не остај Ла Риоха да издишиме, оти водеа со +7,8 гола, уште во прво полувреме и ја олабаја одбраната.
Второ полувреме не го гледајте, џабе е то, ни водеа со +9,10 константно и не беше то игра, ревијално беше се, се чекаше само крајот на мечот.
При игра 7-6, идат до израз техничките квалитети на бекојте, дуел играта, убрзвањето на движењето на топката, пасој до крила, праење простор за влез по дијагонала на лев/десен бек, то е та игра шо треба и мора да ја дај та игра 7 на 6,
АМА ТРЕБА НЕКОЈ ДА ТРЧА, ТРЕБА НЕКОЈ ДА НЕ ФРЛА ТОПКИ ВО АУТ, ТРЕБА НЕКОЈ ДА ЗНАЈ ДА ЈА ВОДИ ТОПКАТА, ДА ЗНАЈ ДА ДАЈ ТОЧЕН ПАС, не фрлај на ќоро топки до пикер, па ако ја фати, арно..:D
Уште при 2-9 веќе беше целосно решен натпреварот, и тие видоа дека немаме никаква сила во напад и се опуштија.
Ако сакаа, како шо бевме распашана команда вчера, +15 ќе не изгазеа.

Па и оние шарлатаните од ЕХФ, какви четки ни манаа.:D
Втори фаворити сме биле за освојување на пехарот? :facepalm: :cuc:
Не знам на шо дроги беа тие шо го пишеа то, ама дај нека кажат број од "ДОБАВЉАЧИТЕ", да си порачаме и ние и да одмориме малку во живото.
Нејќев да коментирам, да не ширам НЕГАТИВА, оти некако сите многу позитивни наеднаш станаа во градот, СКАНДИНАВСКИ ТРЕНД, се живеј во мотото ПОБЕДА ПОРАЗ СЕЕЕДНО Е.:popce:
Не е така, и не треба да е така, според мене, не знам за вас, секогаш треба Пелистер да се стреми само на победа, и се друго да се сфаќа како неуспех и да се барат грешките за поразите.
Само така ќе биди нешто од овај клуб.
Ти изгуби, не е проблем, ама изгуби во машка борба, кога си дал се од себе, ко шо дадоја се од себе, со Охрид.
Она вчера беше тешка мизерија, по анти-ракомет не сум гледал од Пелитер, дури ни во времето ко игравме со постава Кире Митревски на лев, Везениот среден, Вешо на десен бек, итн..
Пошалабајзерска претстава не можеше ни да има, ги надмина дури оние бламажи ланска сезона, да не се враќам пак наназад, пишено е доста.
Да се надеваме дека ќе се испрај работата.
Ќе видиме во вторник, во Гдањск, шо научиле.
Добро во ред ете, катастрофа беше.
Кажи ми ти како голем познавач на ракометот итн, дали е здраво и нормално после секој мал или голем резултатски неуспех да се создава толкава хистерија во секое ќоше на овој град?
Не минкажвај сега ова е Битола итн итн работи. Кој сака нека е град и шо сака нека е ова шо го прајме едноставно не е здраво за никој ни за нас ни за спортот.
На тој Битолчанец шо не му е жал дека изгуби Пелистер да умри, јас така велам. Ама претервате и претерваме со хистерија и ова не чини.
Очекувам јас цела сезона да биди истата игра, ништо по различно, само барем 75% од зицерите да ги годиме.
Исто игравме и против Партизан, исто игравме и против Охрид, исто игравме и против Струга минатата недела. Истиот концепт, исто потполно. Само за разлика од некни погодивме многу зицери.
И забелешка до Бојан Стерјев за статусот на фејзбук исто големо хистеризирање, срам ова она... Глупости.
Иначе ова е шеста година каде во Октомври-Ноември истите личности, профили, како да ве наречам, кај шо ја прогласуваат за умрена сезона, платформата, гаќите турнати, катастрофа, закопувајте итн.
Е то никаде го нема и воопшто не е здраво и нормално.
 
Последно уредено:

Tocno taka i siite pred sez0nata velea da mu dajme malce vreme nov sistem nov koncept. Ne mozi vo oktovmri se da e tuto kompleto. Sezonata e dolga ova e samo pocetok. Mora da se zastani maksimalno zad igracite. Nishto ne dobivame ako gi isvirkame samo pogolem pritisok. Zato use ednas pocetok e boli porazot ama ne e kraj na svetpt. Ke dojdat podobri denoj kaj sho istite sho sega gi plukate preku nok ke gi velicite. Samo pozitiva i niso drugo
 
Odime vtornik na pobeda !!! Mislam deka nauxija lekcijata i mora da vervame ! Ajde malce pozitiva nisto ne e zavrseno ☘️☘️☘️☘️
 
Конечно добар трансфер.
Да можи уште голман да се донеси, ќе биди екстра
 
Конечно добар трансфер.
Да можи уште голман да се донеси, ќе биди екстра
Не знам Мартон Секељ од Татабања до кога има договор и во која форма е сега, али бранеше супер за нас тогаш, плус не сака многу има и причина имаше објаснато во интервју,го следи клубот ете сега и честита за Французино....
Ако се врати некојпат кај нас ќе е супер!

Иначе второто со Бутел играше и Нтанзи....Не е лош

Последно уредено:
Добро во ред ете, катастрофа беше.
Кажи ми ти како голем познавач на ракометот итн, дали е здраво и нормално после секој мал или голем резултатски неуспех да се создава толкава хистерија во секое ќоше на овој град?
Не минкажвај сега ова е Битола итн итн работи. Кој сака нека е град и шо сака нека е ова шо го прајме едноставно не е здраво за никој ни за нас ни за спортот.
На тој Битолчанец шо не му е жал дека изгуби Пелистер да умри, јас така велам. Ама претервате и претерваме со хистерија и ова не чини.
Очекувам јас цела сезона да биди истата игра, ништо по различно, само барем 75% од зицерите да ги годиме.
Исто игравме и против Партизан, исто игравме и против Охрид, исто игравме и против Струга минатата недела. Истиот концепт, исто потполно. Само за разлика од некни погодивме многу зицери.
И забелешка до Бојан Стерјев за статусот на фејзбук исто големо хистеризирање, срам ова она... Глупости.
Иначе ова е шеста година каде во Октомври-Ноември истите личности, профили, како да ве наречам, кај шо ја прогласуваат за умрена сезона, платформата, гаќите турнати, катастрофа, закопувајте итн.
Е то никаде го нема и воопшто не е здраво и нормално.
Јас не сум голем познавач на ракомет, ниту сакам да бидам.
Сакам единствено да бидам голем познавач на мојата професија шо ја работам, а нејќам да бидам познавач на ракометот.
Нека си бидат големи познавачи тие шо живеат од ракометот и нека заработват од својата професија.
Јас можам и сакам да бидам само голем навивач на Пелистер, со преку 33,34 години стаж во салата ( утакмици, гостовања самоорганизирани и порано и со навивачката група, на времето редовно секојдневно следење на тренинзите).
Малку ги грешиш работите.
Ова е форум, и секој можи и треба да си го искажи својот став.
И не знам шо толку се плашите ако некој размислува поинаку од вашето позитивно размислување и гледање на работите?
Некои се отворени во своите размислувања и без влакна на јазикот ќе напишат пост за нивното гледиште на работите ( не значи дека е точно), некои не се, зато е форум, секој си има стил на пишење со кој го презентира своето гледање на работите.
Преку 17.5 години сум член на овај форум, и најголем дел од постојте ми се во оваа тема, секогаш јавно и без влакна на јазикот сум го пишел то шо сум го мислел околу Пелистер, сите шо ме знат приватно ќе потврдат дека то шо го пишам овде е мој став и надвор од форумот.
Кога требало да фалам, сум фалел, и ќе фалам во иднина, ако има повод за то, кога треба да критикувам, ќе критикувам, детално и со ред ќе набројам, без страв да не ми се налути некој од клубот за то шо го пишам.
Врати се наназад во моите постој, ќе се увериш во то.
Стојам зад мојот став, (не велам дека сум во право), то е едноставно мое гледање на работите, зато е демократијата измислена.( барем на хартија)
Е сеа, некои како тебе во случајот, ќе пробват црното да го прикажат дека не е црно, дека се е супер со играта на Пелистер, со изборот на играчи, со тактиката на Лино, дека не треба да се притресваме, да шириме негативна енергија, дека мора по секоја цена да ги тапкаме по рамо од управата, да му клаваме лајкој, да го величаме Лино, да не ни се налутат.

Не знам зошто во ироничен контекст наведуваш дека изданието на Пелистер беше КАТАСТРОФА?, Кога навистина беше катастрофа,
То го виде пола Битола шо ја гледаше утакмицата на тв, то го виде цела сала, и го видоја дури и децата шо прв пат стапнаа на ракомет.
То си го призна и самиот Лино, иако проба со некоја самоизвлекувачка изјава да ја префрли топката на играчите. ЈАБОЛКАТА, ГАЈБАТА, аха, да, нема грешка.:facepalm:
Најголема вина за катастрофалниот пораз и очајното издание во двата правци ја има Лино, заедно со стручниот штаб, со грешната тактика, тотално неподготвени влегоа во мечот, прочитани од противникот до најситен детал, без ПЛАН Б-ШО ЌЕ БИДИ АКО НЕ ПРОЧИТАТ? И се случи то шо се случи.
Се надевам научи од грешките.
Утакмиците во та квази регионална лига не се репер за ништо.
За утакмицата во Охрид имаше ефект та игра 7 на 6, шо е факт, факт е, ама за со Ла Риоха беше погубна тактика.
Јас упорно стојам на ставот дека 7 на 6, со овај ростер на Пелистер, да биди фиксна тактика за Пелистер нема да донеси арни работи во сезоната, то е мое мислење, дај боже да ме демантираат на терен.
П.С.
И шо има лошо во статусот на Бојан?

Баш коректно дечкото, со огромна доза на моралност и доблест призна дека тимот не личеше на ништо, и во свое име и во име на управата се извини на цела Битола, на пола сала шо во 10 минута седна разочарано на своите места ( како никогаш досега) и одвај чекаше да заврши утакмицата.
То е потег за поздравување на Бојан, а не за критика, и така треба да биди во иднина. :cuc:
Ако има повод за славје, пофалба да се пофали, ако не оди работата, треба јавно, транспарентно и без срам, да се излези и да се кажи шо не чини, а то го напрај дечкото, како ретко кој од некоја управа на европски клуб.
Така треба да функционираат работите.
Кога не чини нешто, треба да се изват грешките на виделина и да се бара чаре како да се реши проблемот, ако ги туркаме проблемите под тепих ништо не прајме.
 
Последно уредено:
Кога ќе почни првенството само го бодриш тимот и пробуваш да извадиш максимум од тоа што го имаш.
На крајот сублимираш, фалиш, критикуваш, санираш и продолжуваш.
Годините ба форумот и трибината никој не ти ги оспорува и не ти ги зема. Јас немам години на форумот од вакви причини, а на трибина секако сум од мои 8 години од кога памтам.
Ништо не се обидувам да прикажам, само сакам да ви кажам дека ништо не постигнувате со критики и со негативни коментари, посебно со навреди кон играчите.
Искрено ни те знам ни те познавам, се согласувам со голем дел од работите шо ги пишиш, ама и со огромен дел не се согласувам и избегавам да те читам оти знам дека од ова ништо конструктивно нема да излези.
А оваа година ќе изгубиме уште 5 пати, од прилика, значи уште 5 вакви вени сечење не очекуваат.
Ок така нека биди. Наместо да наметнеме некоја иницијатива, за салата, за стипендии, за услови, такви работи треба да се разговараат сега во овој момент. Да регрутираме нови навивачи, да се претставиме дека не сме хулигани итн, ние овде умревме од еден пораз, готово крај на светот, тетки пред влезот пред зграда. Ова ќе го збораме на крајот од сезоната. А сега само бодрење.
Знам дека ова шо го пишав ќе си го сфатите како шо сакате, ама не ми е гајле, како и вас шо не ви е гајле кога пишете се и сешто.
 
Back
На врв Bottom