Ко ќе ја гледам тактиката 7 на 6, нон стоп, FULL TIME-ALL THE WAY, се прашвам дали се врати 2017 година, дали е ова скриена камера?
Дали се вратија времињата кога Лино си играше охајбе со репката на СП во Франција, со напаѓачка постава Фитил на среден и Орката на лев, надополнета со Лазаров и бевме топовска храна за сите.
Ама не било скриена камера, крај на 2026 година било.
Иста приказна, различни улоги, со то шо место Орката сеа тука е Хенигман.
Очај, дно дна, не можи и да се очекува нешто подобро, кога играш со 2 бека со бавни нозе, слаба техника, без дуел игра, без брзо исфрлање на топка.
Ко ги гледав вчера Фитило и Хенигман, колку време им требаше да се кренат и да ја исфрлат топката, па и Градимир Чаневски да беше, а не Лето на гол, немаше да поминат тие квази шут-чиња.
Дај бе, не се заебавајте, ете чита управата, следи шо се пиши по интернет, некогаш и пресензитивно ги сфаќаат критиките.
Толку нема координација, план, визија, помеѓу структурите во клубот, па да се седни малку рационално да се видат работите.
Да му се сугерира на стариот дека не оди вака, ниту пак ќе оди.
Стварно не ми е јасно шо визија има старио?
Нормално е дека треба време да му се остај, се знај дека оваа сезона не треба да има притисок, ама со ваква тактика не можиме да чекаме напредок, без разлика кои играчи би можеле да дојдат.
Каде бе со 7 на 6 цело време?
Која нормална екипа игра 7 на 6, цел меч, без престан?
Освен Гудме и некоја скандианавска екипа, јас не знам некоја екипа во Европа да игра ваков ракомет, а следам активно ЛШ, ЕХФ Куп ( по ново ЕЛ) преку 25 години.
Разбирам да играш без голман кога имаш исклучен играч, во краток период кога сакаш да го смениш ритамот на игра, ама константно ти да играш 7 на 6, е па ЧОРБА.
Ај шо играме хазардерски, ама со кој играчи играме?
Единствен техничар шо знај да игра ваков стил на игра е на трибини ( Миха Котар).
Јас не знам шо гледат толку во Мирче, со секоја чест за детето, ама далеку е дечкото од прв тим, тој реално треба да е 4,5 избор на среден бек, а не прв избор ко во случајот.
Не било развоен тим ова, ама некако ми делува моментално ко развоен.
Мирче треба да си игра во двојката, а ако веќе игра во прв тим, да игра во лигата со послабите екипи.
Вчера даде некој гол, да, ама на веќе завршена утакмица, кога ниту Ла Риоха не се замараа.,
Единствениот бек ( Татар) шо можи/можеше/требаше да напрај разлика со некој удар надвор од 9 ти не го земаш ни во состав, за кој да игра, Мирче?
Дај бе не не дупете.
Не знам шо мисли Лино, сериозно? Нелогични потези прај, нетипични за него.
Криво ми е само за публиката вчера, добра атмосфера, позитивна, и ко губевме -11 не падна атмосферата, да се среќни овие шо е не е времето до 2004 година, ако беше така, ќе летаја шамари на полувреме.
Со Хенигман ќе играме 7 на 6? Дечкото не е за напад, можи некоја инцидентна контра, ама да ти е прв лев бек? Тешко...
Вчера го убија во поим, не знаеше кај тера, го местеа на пробивање, го местеа на шутој од неизгледни позиции, во одбрана беше очај, сите дупки од пикер од кај него дојдоа.
Со Фитило ќе играме на среден? Милион пати е праен муабето.
Па дечкото секоја утакмица исто, ако не ја отвори добро и се губи, исто ко лани, ќе ги фрли во аут 3,4 топки на старт и толку, ако му фати голманот некоја топка уште појќе влегва во сивило.
Очај беше вчера, и пак ко лани, ко го седнаја на клупа незадоволен, и шлагот на тортата беше ко го кладе на преден да игра. 3-2-1, да брка, да сечи топки, то беше врвот,

Плус, како играч со тешка повреда зад себе, тој треба најпојќе да го штедат во одбрана, ако веќе игра одбрана да игра само на крајните дефанзивни позиции.
Вака џабе е, ем се троши за џабе, ем е тотално непродуктивен.
Истото ова шо ни се случи со Ла Риоха ќе беше и со Охрид, ако имаше ден Славиќ, и ако ги погодеа тие шутој на празна мрежа, најмалку 10 гола ни чукнаја на празна мрежа, без капка пот да потрошат во напад.
Не е толку поразот болен, колку шо нема напредок во играта.
Фати голманот, то е учиникот на добар голман, после и психички ја реметиш противничката екипа.
Ама, барем половина од ударите шо ги промашија нашите беа слаби удари, по средина на гол, кај шо рефлексно се отвора секој голман, без идеја во шут, без тактика, колку само да се упати удар, е па така нема да помини со Благојче Трајкоски, а не со шпански голман.
Треба да учиме од грешките, да се корегираат, а не да сме предвидливи на уште непочнат меч.
Вчера, уште во 4та минута и 5-0, се знаеше колку е сатот и се гледаше разликата во класи, не толку во квалитет колку во пристапот на играта и тактиката.
Одбраната очај, посебно бранење на линија од 6,не бушат од внатрешна страна, било која екипа со полунормален пикер не ремети како шо сака.
А та несигурност на централната зона прај дупки по дијагонали, па било која екипа со нормален бек шутер ќе не буши, така беше со Мате, така беше и со тој десниот бек вчера.
Се надевам дека со Нтанзи ќе се смени нешто.
Ако, не, уште отсеа можи да ја прогласиме оваа сезона за УМРЕНО.
