Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Незнам колку му го пратете body language от на Бруно. Се гледа дека не е задоволен со околината околу него , со кого игра. Не е истиот Бруно од лани, не ни ужива во играта. Ксемиро често правеше потег повеќе сечеше игра, снајпер во ногата пасови напред. Сега овој Сантош игра нешто одбрана ама да прати топка напред слабо, Дијагонала па ич, пас во празно да не правиме муабет, да повлече напред не го гледаме тоа. Тилеманс е премногу спор, краток во нозете често се глупира, Маунт да е здрав него би го играл таму. Ја не знам што купуваа летото на што се надеваа? Одбраната не ја зборам затоа што многу од неа зависи баш од овие двајцата а и млади се не сакам да помислам дека за ништо не ги бива оти тоа ни е иднината
 
А и Дало царката, лабаво џогирање, небаре Кафу и го има фудбалот во мал прст. Пас од 4 метри, право во нозе на противникот. 250 утакмици за Манчестер. Последен центаршут погоден во време на Ковид 19. Е па чорба.
 
Па реално гледано нема некој поголем импакт Шешко од Хојлунд. Немаме игра за шпицот да ни е алфа и омега. Едноставно нема игра за него и Кејн да беше џабе е. Нам моментално ни треба нова сопвтвеничка структура односно нов сопственик, нов менаџер нов доф , се од почеток . Гледаш дека немаат компас не се знае кој јаде кој плаќа. Оваа не е од сега тоа е од 2013та. Бевме ама бевме минато време, поим за успех, поим за титула ако сакаш да освоиш дојди во Јунајтед. Оваа сега е апсолутно надвор од сите шарќи, ќе си патиме ние навивачите на Јунајтед додека не цркнат газдите,

Опнаа еден ПР за ЈЈ Габриел или како и да се вика детето негово право дали сака да продолжи или не со Јунајтед.Дете алооо дете ( немојте сега татко му дедо му праваат да притисок ваму там )виде дека немаме амбиција за ништо што остана за нас што навиваме за Јунајтед 30 години .

Тоа е тоа и , само можеме да се подсеќаме дека владеевме со Англија , Европа, во сите купови , и да не ја тупам , ние сме потсмев за другите клубови, за играчите едноставно за сите, срам е на тоа што го доведоа Јунајтед.
 
И до Керик, до управа, а и до играчи е...Целина без никаква хемија, кохезија и желба за успех.

Како го почнавме мечот, реков конечно ќе имаме еден нормален меч и ни се случи хаварија. По двата гола не се видовме. Ротираниот тим на Брајтон ни одржа фудбалска лекција за модерен фудбал. Паскал Грос на 35 години ги надтрча нашиве младичи.
Неќам да пикирам никого, затоа викам целина.

@dantemkd не се обидувај да поентираш за Аморим те молам...помизерен беше и тој и кратка меморија имаат многумина тука овде. Да не набројувам утакмици каде бевме смешни...Ете Гримзби исто во прво предколо од Карбао Куп сети се што ни се случи, доволно е.

Реално Фулам може да му пресуди на Керик, а што потоа искрено не знам.

@vidooq добро го пикира Фабрегас, ама чисто се сомневам дека би прифатил да дојде во ваков хаос. Очекувај Еди Хау, Саутгејт форс од англичаниве, Конте од странциве.

Мамата ни плакаа на уште непочната сезона.
 


Хејван и Јоро у тандем повеќе не, се гледа дека немаат искуство, нека ги комбинираат со Мартинез, Мегваер и Де лехт.
 
Надежите наши, Хевен и Јоро. :)
Муви без глава.

Уште 5 години да играат, не можат да ги достигнат Мегваер и Мартинез.
Ни во одбрана, ни во напад.
 
Па реално гледано нема некој поголем импакт Шешко од Хојлунд. Немаме игра за шпицот да ни е алфа и омега. Едноставно нема игра за него и Кејн да беше џабе е. Нам моментално ни треба нова сопвтвеничка структура односно нов сопственик, нов менаџер нов доф , се од почеток . Гледаш дека немаат компас не се знае кој јаде кој плаќа. Оваа не е од сега тоа е од 2013та. Бевме ама бевме минато време, поим за успех, поим за титула ако сакаш да освоиш дојди во Јунајтед. Оваа сега е апсолутно надвор од сите шарќи, ќе си патиме ние навивачите на Јунајтед додека не цркнат газдите,

Опнаа еден ПР за ЈЈ Габриел или како и да се вика детето негово право дали сака да продолжи или не со Јунајтед.Дете алооо дете ( немојте сега татко му дедо му праваат да притисок ваму там )виде дека немаме амбиција за ништо што остана за нас што навиваме за Јунајтед 30 години .

Тоа е тоа и , само можеме да се подсеќаме дека владеевме со Англија , Европа, во сите купови , и да не ја тупам , ние сме потсмев за другите клубови, за играчите едноставно за сите, срам е на тоа што го доведоа Јунајтед.
Nema greska Hojlund imase rekordno najmalku dopir so topka.
 
Знаеме дека ниеден од потенцијалните нема да го реши проблемот. Знаеме дека проблемот е корпоративен пред се. Знаеме дека нема да се реши во догледно време. Агонија.
 
Лекции по фудбал од Хирцелер. Денеска бевме изгубени во простор после вториот гол и со топка не се составивме 80+ минути.

Перформансите се се повеќе загрижувачки, а скриптата е веќе видена. Здравје во ноември не чека нов тренер и пак почнуваме да го вртиме истиот круг.

Мислам дека овој пат заедно со Керик ќе треба да лета цела управа. Премногу киксеви направија за толку малку време:
  • Продолжувањето на договорот на Тен Хаг и неговото бркање само неколку месеци подоцна
  • Ангажирањето на менаџер кој игра специфична тактика, за која во никој универзум немавме спремна екипа
  • Бркањето на тој менаџер само година подоцна. Практично потрошена година за џабе, ако се земе во предвид коментарот од погоре
  • Завршивме 16то место во ПЛ во меѓувреме, убедливо најслаб резултат во последно бог знае колку години
  • Потпишување на смешни и лимитирани играчи како Доргу, Зиркзе
  • Поставувањето на Керик како фул тајм менаџер
  • Враќањето на Рашфорд во составот, неспособноста да го продадат Зиркзе и да донесат добар и искусен шпиц кој би конкурирал на Шешко и секако тоа што не пробаа ни да средат бар една од бековските позиции
  • Од нефудбалските работи тука исто би ги спомнал и бруките со храната во кантината и тоа што оставија еден куп луѓе без работа, демек до таму дојде работата и до толку сме финансиски очајни

На крај ерата на Ратклиф, Берада и Викокс ќе остане запаметена како најлошата во модерната историја на Јунајтед. Влегуваат од грешка во грешка, од брука во брука. Како што почнав, така и ќе завршам - кога ќе дојде моментот Керик да јаде отказ, а тој момент е се поблиску, треба и тие што му дале договор да бидат доблесни и да признаат дека едноставно не знаат да водат клуб, а со тоа и да стават крај на циркусов што го гледаме.
 
@dantemkd не се обидувај да поентираш за Аморим те молам...помизерен беше и тој и кратка меморија имаат многумина тука овде. Да не набројувам утакмици каде бевме смешни...Ете Гримзби исто во прво предколо од Карбао Куп сети се што ни се случи, доволно е.

Реално Фулам може да му пресуди на Керик, а што потоа искрено не знам.

Пишав претходно Аморим е завршена прича заради понашањето кога си отиде.
Муабетот ми е дека Карик е неискусен и не е за у голем клуб.

Реално Фулам може да му пресуди на Керик, а што потоа искрено не знам.
Јок ќе му пресуди примадоната.
 
Уште кога прочитав дека Керик им ги намалил тренинзите се знаеше дека го вози само среќа и искуството на Каземиро и Бруно.
Енде.
 
Го ебаа и рекордот дека не губиме кога водиме на полувреме на Олд Трафорд. Или тоа само за ПЛ беше?
 
Back
На врв Bottom