Фан клуб - РК Вардар

Првиот дуел од нашата група меѓу Нант и Висла Плок заврши 26-25 со гол во последната секунда од пенал и победа за Нант ..

Наредна среда со добра атмосфера тука во Скопје мислам дека имаме добри шанси да ги добиеме Нант ..

Реално во Скопје со пеколна атмосфера секој тим тука би имал проблеми , лани Монпеље видовме како помина во Скопје и да не беше високиот пораз на гости сигурно имавме големи шанси за пролаз понатаму ..

За утре ке биде многу тешко , големи фаворити се Мелсунген но тоа е мора да се бориме за секоја топка и се надевам на неизвесен натпревар ..
 
Не ми е јасно ова со Урош. Тек сега му даваат суспензија од 4 меча за инцидент од пред 4 месеци? За ова не се знаело пред неделава?
 
Не ми е јасно ова со Урош. Тек сега му даваат суспензија од 4 меча за инцидент од пред 4 месеци? За ова не се знаело пред неделава?
Да така е ,ама за тој цреп без памет само така треба па во иднина да смири емоции и да знае што прави кога игра.
 
Да така е ,ама за тој цреп без памет само така треба па во иднина да смири емоции и да знае што прави кога игра.
Абе дека глупости правеше, правеше. Ама многу нефер ова. Не може комисија 4 месеци после инцидент, ден пред прв ЛШ натпревар да каже дека нема да игра 4 ЛШ натпревари. Да се знаело на време, може ќе се донесело некој да го смени. Вака без 2 бека, ептен сме осакатени.
 
Не ми е јасно ова со Урош. Тек сега му даваат суспензија од 4 меча за инцидент од пред 4 месеци? За ова не се знаело пред неделава?
Не е ова денес кажано, денес е само јавно објавено од ЕХФ, иначе клубот бил сигурно порано известен за одлуката… Во секој случај престрога е казната иако фаулот беше прегруб и многу несмасен, сепак престрога казна, ракометот е сам по себе груб спорт…
 
Значи денес официјално аут се Мечка, Урош и Педро?? Или има уште на листата?
 
Ве замолувам да дадете stream каде ќе има за да се гледа вон Македонија.
 
Тешко дека денес може да дојдеме до позитивен разултат, мислам дека и генерално групата ни е премногу тешка за да се надеваме на некој посериозен успех.
Уште кога беше ждрепката пишав тука, мислам дека се поголеми шансите да завршиме со 6/6 порази, отколку да ја поминеме групата.
И не е ова потценување на нашата екипа, едноставно играме со поискусни и поквалитетни противници, една до две победи ќе бидат премија за нас.

Сепак најбитно е што после четири години повторно сме дел од ракометната Лига на шампиони.
Штета што медиумски не знаеме да продадеме производ, инаку имаме материјал за снимање и пишување како никој друг во ракометниот свет.

Сум кажал и претходно, засекогаш ќе ми биде криво што за втората наша титула не снимивме некој квалитетен документарец кој ќе остане за идните генерации.
Сигурен сум дека со добра продукција можеше да се направи филм кој ќе беше хит во целиот спортски свет.
Приказна за клуб од една мала држава, без никакви парични средства, со лојални играчи и со силна поддршка од пубиката, успеваат да ги победат сите и стигнуваат до европскиот врв.
Стварно ретки се таквите приказни во денешниот спорт.

Еве и Србија конечно доби свој претставник, без разлика што Партизан е во група со Фуксе Берлин, Веспрем и Порто (практично без никакви шанси за поминување на групата), овие одма направија два поткасти, првиот на Жика Богдановиќ, другиот на Петар Џорџиќ.
Гости сите поранешни и актуелни репрезентативци на Србија, приказни и анегдоти безброј.
Сигурно и пред натпреварите ќе има студиски емисии на Арена, интрвјуа со сите играчи и се останато.

Со какви само суперлативи зборуваат за Вардар и Скопје, за нас како публика, за атмосферата во Јане Сандански, за ракометот во Македонија...
Мислам дека ние не сме ни свесни како изгледаме во очите на сите љубители на ракометот од целиот свет.

Повеќе од 15 години имаме чест со настапи на репрезентацијата на сите големи натпреварувања, цело тоа време по некој претставник во ракометната Лига на шампиони, две титули на Вардар, европски трофеи на Охрид и Алкалоид, гостување на сите најголеми гиганти и ракометни ѕвезди, убедливо најдобра публика и атмосфера на ракометен натпревар и ЕДИНСТВЕНА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ КАДЕ РАКОМЕТОТ МОЖЕ ДА СЕ НАРЕЧЕ СПОРТ БРОЈ ЕДЕН.

Без разлика на резултатите, оваа сезона треба да биде главно за стабилизација на клубот, а ние како публика да дадеме максимална поддршка и само да уживаме во натпреварите.
Имаме нешто со кое никој друг не може да се пофали, само нека продолжува приказната.

Со среќа уште една нова сезона на Вардар во Лигата на шампиони!
 
Значи денес официјално аут се Мечка, Урош и Педро?? Или има уште на листата?
Да без тие 3, со тројца голмани против Мелсунген

 
Јас мислам дека не треба да се задоволуваме што пак сме дел од ЛШ. Ние сепак сме екипа со сериозно реноме. Буџетот ни е тој што ни е. Ама треба да е поголем од лани, нели најголем единечен спонзор во историјата на клубот имаме? Цело време се повторува дека излез од групата е цел, што не знам колку е реално и во полн состав. Но ако тоа било целта, не требаше да си дозволиме да играме во Европа со помалку играчи од лани. Да, замените може се поквалитетни, но ни фали бек и дефанзивец за да може покомотно да ротираме. Што ни вреди ЛШ ако не исплескаат сите 0-6?

Не сум оптимист за вечер, али со Господ напред.
 
Back
На врв Bottom