Проблемот во Македонија е што, ако ги споредиме платите со цените на недвижностите, дури и „високите“ плати во ИТ веќе не изгледаат толку високи.
Дел од проблемот е што на истиот пазар не се натпреваруваме само со луѓе што живеат од плата. Имаш функционери, судии, обвинители, инспектори и други луѓе блиски до системот кои располагаат со капитал чие потекло е КОРУПТИВНО. На некој што сака да внесе или легализира голема количина кеш во недвижност, не му прави огромна разлика дали квадратот е 2.500 или 3.000 евра. Наместо три, ќе купи два стана и парите ги претворил во легален, физички имот.
Потоа имаш огромна сива економија. Голем дел од микро и малите бизниси со години прикажуваат помал промет, работат исклучиво во кеш и избегнуваат даноци. А бидејќи кај нас нема развиена инвестициска култура, длабок пазар на капитал или особена желба за преземање ризик, огромен дел од тие ДРЖАВНИ пари (избегнати) завршува во бетон. Секој втор бизнис е таков буквално, додека овде има луѓе кои проповедаат да плаќаме 10% данок на 3000 евра - луѓе настекаа пари и изнакупуваа згради избегнувајќи КОЛКУ ШТО Е МОЖНО повеќе од државата. Па вие глумете си емпатични овде додека некој ве гази со чизма се повеќе и повеќе.
Зошто некој што собрал 100.000 евра би ставил 50.000 во македонски стартап, кога може да купи стан? Стартапот може да пропадне, додека за станот логиката е: „ќе капе кирија, ќе расте вредноста, а ако ништо друго ќе остане за децата“. Не мора таа инвестиција ни да биде оптимална - доволно е луѓето да ја перципираат како најсигурна.
Трета категорија е дијаспората. Луѓе (најчесто бугараши што сопствениот корен си го издале) кои 10, 15 или 20 години работат во Германија, Швајцарија, Австрија итн. и дел од акумулираниот капитал го инвестираат во Македонија - стан за пензија, стан за децата, стан за издавање. И тие повторно не купуваат според македонска плата. Човек што доаѓа со 150.000 евра кеш од странство не го интересира многу дали просечната плата во Скопје може да поддржи квадрат од 3.000 евра.
И тука доаѓаме до суштинскиот проблем: ИТ-евец со 3.000 евра плата не се натпреварува само со друг човек со плата од 1.000, 2.000 или 3.000 евра. Се натпреварува со акумулиран капитал.
Некој може да има плата од 1.500 евра, а да поседува три локали, четири станови и бизнис што 20 години генерирал кеш. Друг може да зема 3.000–4.000 евра плата, а да почнува практично од нула. Првиот е многу побогат човек и има далеку поголема куповна моќ на пазарот на недвижности.
Ако некој веќе има, да речеме, еден милион евра акумулиран капитал, дури и принос од 4–5% годишно е 40–50 илјади евра. Тоа е повеќе од цела годишна нето-плата на ИТ-евец со 3.000 евра месечно - а сопственикот на капиталот може паралелно да има и сопствен приход од работа или бизнис.
Затоа мислам дека е погрешно цените на становите во Скопје да ги гледаме само низ призмата „просечна плата vs. цена по квадрат“. Пазарот не го формира само приходот од плата, туку и огромната количина веќе акумулиран (прљав/црн/корумпиран) капитал што постојано бара каде да се паркира. А во Македонија единствено паркинг-место за капиталот е недвижност, јеби га просечен IQ e 84.
И токму затоа човек со 3.000 евра нето плата може истовремено да биде во можеби највисокиот процент според месечен приход во државата, а сепак да се чувствува како да не може да конкурира на пазарот за недвижности.
И да, овие проблеми се глобални - не се само македонски. Истото се случува и во Германија, Британија, Австралија и каде уште не.
Секако, бројките се можеби подобри таму, но дека и таму цветаат рози последниве 2-3-4 години особено во поглед на недвижности и трошоци за живот - не би се согласил. Таму имаш многу поголема акумулација на капитал и многу повеќе големци кои ги јадат ресурсите на обичните луѓе.
Eве ви баш еден таков пример, бивш премиер можеби има net worth од 1 билион, неговата жена е ќерка на мулти БИЛИОНЕР. И сеа рачунајте ако тој негов ликвиден капитал од 500 милиони го има инвестирано и тој расте 10% годишно. Што ќе прави тој со тие 50 милиони раст секоја година? Нормално, ќе купува asset-и и истите ќе бидат поскапи и недостапни за нас обични смртници. И таму како и овде, некој ИТ-евец со 100.000 фунти плата се натпреварува со ваков крупен капиталец (бивш евидентно КОРУМПИРАН државен службеник) за куќа/недвижност. Истото како и кај нас мање више. И затоа ќе има масовен егзодус на млади од британија во Дубаи. Ради вакви изроди.
Остај тоа, него и што на овој богаташов му е дозволено он истовремено да си биде Сениор Адвајзор во глобални корпорации, додека вас вашиот работодавач ако ве дознае дека шљакате фриленс на страна или имате втор клиент - веднаш ќе ви даде шут карта од "морално-етички" причини или конфликт на интерес.