Полиција = Јавна безбедност?

  • Креатор на темата Креатор на темата statusQuO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали чувствувате страв покрај полицајците?

  • Да

    Гласови: 34 44,2%
  • Не

    Гласови: 43 55,8%

  • Вкупно гласачи
    77
...до каде е чистењето од несоодветни кадри во дувлото на МВР ?
МВР одамна е дувло на партиски послушници што се поставени да мижат пред криминалот на своите и да ги гонат политичките противници на своите патрони. Во државава не би можело да се краде ако МВР има компетентен и независен кадар. На политичките чинители (дали биле ВМРО, СДС, ДУИ) им одговара да имаат лојални, зависни кадри што се послушни, а не луѓе што работат по закон. Ако МВР работеше со квалитетен кадар, по закон, немаше државава да плива во ваков криминал и да биде до овој степен дисфункционална.

МВР и судството се рак рана на Македонија како држава. Партиските пипци се длабоко навлезени во нив, и се додека партиите раководат со овие две институции, државата ќе продолжи да се краде, милијарди ќе се пумпаат надвор од државата, ќе се даваат дозволи за градби на заштитени подрачја, милионски тендери за роднини на клучни партиски функционери, и тн. Без независно МВР и судство, истите клучни луѓе по партииве ќе продолжат да пљачкаат, нивните ботови ќе ги бранат по секоја цена да сочуваат месечни примања, а државава ќе продолжи да тоне. МВР и судството мора да се рестартираат (по модел на реформа од Грузија: отпуштање на сите од прв до последен, и аплицирање и вработување од нула).
 
Back
На врв Bottom