Имаше баш еден финансиски аналитичар на Linkedin пред некој ден, правеше пресметки за моменталниот пазар на недвижнини во Скопје споредено со други земји низ европа, со земање во обзир на просечната плата, не ми текнува кој беше, ама знам дека пресметката беше дека 2-ца со просечни примања во Македонија, можат да исплатат стан по 36-40 години на станбен кредит и ние бевме на дното на листата за тоа колку е куповната моќ на нашите плати во Македонија.
Имаше напишано дека реалните цени на становите требало да бидат 1200-1400е/м2, додека за некој згради во пожелни центарски населби би требало да бидат од 1700-2200 евра, зависи нова/стара зграда и точна локација, што има смисла да според мене, ама сега кога ќе отвориш и видиш дека стан се продава од 1950 година градена зграда за 2600е/м2, ти иди да си пукаш вколено, што е скроз разбирливо за тие што сакаат да купат стан во Скопје, но сепак да не одам оффтопик премногу.
Многу е зафркнато да живееш овде во оваа вукојебина и разбирливо е. Имам близок роднина, живееа фамилијарно во Виена, Австрија и тој и жена му работеа low-end работи, и сега се преселија во Германија во градче од околу 80000-100000 жители и сега се во процес да си купат куќа, а дур беа во Македонија пари на заем им дававме да преживеат, а сега со најобична работа веќе гледаат стан/куќа во Германија во цена од 180000-250000 евра, што можат да ја отплаќаат со тие минимални/просечни плати таму, да си отплаќаат рата за автомобил и пак да живеат пристојно.