Се разочара дечкото, до бунар дојде, вода не се напи.
Ама смирен некако сега,за разлика од Декември, изгледа жешкото го депримира.

И Славета некако мирен беше, изгледа оти сакото не го носеше, вчера по поло мајче, кежуал стил.
Штета шо не победивме, да беа посмирени во тие моменти ко имавме +2 играчи на терен ќе тепавме, гарантирам.
По мое, та грешка на Мирче ја прекрши текмата, да се даеше гол од тој напад, со некоја побрза акција, па тие да напаѓаа со помалку играчи, притисокот ќе беше кај нив.
Многу не изреметија во одбрана, со тие агресивни излегвања на Фитиљо, неколку топки Фитиљо во аут, Мирче 2,3 чисти топки в раце му даде, Хенигман исто поклон му даде, чист вишок имавме на крило, в раце му ја даде и контра, тие неколку промашени зицери на пикерите, ете кај замина утакмицата.
Ако го префрлевме притисокот кај нив, ќе ја добиевме.
На крај, лесно можеше да изгубиме, така да ремито е најреален исход.
На крај херојско закуцавање на Петар, како само изигра детето вчера, за 10 +, маж четворен е напраен оваа сезона, а допрва ќе биди подобар, ќе речи некој Манасков да се врател, хехе.
Штета само шо не се затвори Мате вчера, некако фалеа удвојвања на овај, иако појќето голој му беа од пенал, сепак беше најопасен играч на Охрид.
Не биле појаки Охрид од лани?
Дај бе не зафркавајте, гледате вие ракомет или само да се напиши нешто.
Лани со Томи бој ја истуркаа цела сезона на десен, ќе извадеше Томи такви удари од зглоб и од место ко Мате, нема грешка, можи на турнир некој на плажа во Анталија.
Јошида не искина во 2 правци, каков Прибетиќ, каков Иван Тасески, какви бакрачи, страшен пикер, не можеа никако да го фатат, дандало ни го зеде во 2 правци.
Хенигман играше поистурено,оставаше многу дупки, а требаше удвојвања на Јошида, вака или касневме кај Јошида, па се праеја вишоци по крила,
Стмрљан исто,страшна партија, не беше ефикасен, ама контрола на топка и пасој, страшна партија, сигурно имаше 10 асистенции,
Ако не се лажам имаа минимални или речиси и да немаа технички грешки ко нас во напад.
Ако не беа тие промашвања на празен гол, лошо ќе поминевме со тие грешки на празен гол, тука спасивме 4,5 лесни голој шо ќе беа клучни на крај.
Не успеавме со одбраната да ги пореметиме, ако немаа топка на Јошида, ќе пуштеа вишок по крила, Ојле не уби буквално, да му ебам фацата џокерска.
Чиста среќа шо Славиќ немаше ден, ако имаше ден дечкото и ќе се исполнеше тој сонот шо го сонваше дечкото шо пиша од пред некоја страница.
То шо ме бендиса вчера, е страшната мотивираност, уште ко излегоја на загревање се виде та енергија и тимски дух, знаев дека ќе изгинат на терен,
На гла паѓаја за секоја топка.
30 % да имаа ланска сезона, од таа пожртвуваност вчера, ќе се прошетавме во лигата.
Страшен тимски дух напрај Лино, а тек смо почели, само 6 недели е од почеток на припреми.
Фали очајно тој среден бек, ако се погоди еден од тие шо вчера беа на трибина ( Нтанзи, Колаковиќ, Котар) тогаш веќе ќе бидиме барем 20,30 % појаки во напад, а не гледам зошто не би се погодил,сите се искусни, со двајца то би било веќе нешто.
Фитиљо ќе си се врати кај шо треба, без да игра за сите и да го кршат, како само крвнички му одеа вчера, го убија, ама и тој давање утакмица, страшна партија, да има некој среден бек шо ќе му отвора простор ќе биди уште појак, какви само неколку влеза имаше во прво, страшно.
Татар е многу јак играч, допрва иди неговото време.
Не ме бендисва позицијата на десен бек, посебно во одбраната, вчера Видомски, најслаба карика, очај беше, сите вишоци, сите дупки, сите глупости, од кај него беа, при тие пасој до Ојле.
Ќе го отепаше Лино, со право, очај е дечкото во одбрана, мора да се бара некое друго чаре овде, или пак крај краева да игра кај Хакбарт, а овај да менва, заради та негова брзина при транзиција, па да се убацва некој од Павле или Граховац овде, или пак да менват.
Ако треба да жалиме за некој од ланската екипа, то се Хосни и Цехте, за та нивна игра во одбрана, сега со Видомски не ни се пиши многу арно таму.
И секако за Чичо, за овај најпојќе ми е криво, страшна енергија даваше на вакви дерби утакмици.
Се надевам дека Лино ќе ја затни та промаја од таму, останатите делој од одбраната не се лоши, допрва ќе се подобруват,ама овде, не гледам чаре, посебно ко ќе се види дека и Серафимов нема габарит да покрива овде.
Фали таа координација со бранење на пикер, многу простор оставаме за пикерите, не се спојват навреме, и тука ни се прај проблемот, кога се под пасивен напад противниците.
На крај, се надевам дека некој од голманите ќе проработи, ако не, тешка ќе биди сезоната, без голмани ништо не прајме, со вакви партии ко вчера тешко ќе оди,ако не се лажам топка не фатија цело второ полувреме.
Мора голманите да дат хајп на вакви утакмици.
Тие неколку голој под пасивен на Охрид одат на душа на голманите, тие голој на Иванковиќ, Мате, од надвор од 9, грешни читања, одење на проценка.
Мора да се подобри тој процент на голманите.
Како и да е, сума сумарум, добар почеток на сезоната, фајтерски, адреналински.
Сега да се уигра останатиот дел од екипата, имаме неколку лесни недели, да се убаци барем еден среден бек во таа прва постава и да се уигра, па да се спреаме за Логроњес ( Ла Риоха) за 29.09..
Та текма е must win, ако се добие после на гости со Гдањск, и после отворен ќе биди патот за второ место во група.
Ги гледав неколку пати Гумерсбах на Арена, доста се ослабени од лани, посебно со тие заминувања на Кестер во Кил и Доминик во Магдебург.
Алекс уште е повреден, на Рогановиќ му треба време да се среди, опасен играч, Биоска не е та класа ко Доминик, иако е добар голман.
Остана то јадро од лани, Шурлов на лев, Видарсон пикер, Кај Смитс десен, Вујовиќ лево крило, ама не се толку убоити ко пролетта,
Со една фајтерска игра, можи да пружиме отпор во Ледената, оти да не?
Само да се склопат коците и да се прошири та ротација со странците шо беа вчера на трибини, ќе биди подобро, сигурно.