ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој од вас што гради свој продукт? Каков AI setup користите за развој?

Покрај работата, почнав да го градам мојот продукт. Досега користев комбинација од локален Qwen 3 модел и Claude Max, ама со новиот Claude модел ги потрошив сите токени за првите 12 дена.

Дали некој има истражувано што моментално нуди најдобар price/performance (или quality/price) ratio за AI-assisted development?

Немав време овој викенд да истражувам, ама планирам во текот на неделата или наредниот викенд да го тестирам и Colibri:
https://github.com/JustVugg/colibri
ChatGPT на pro планот. Има доволно токени за пишување код + содржина за социјални мрежи. Изборот падна на нив затоа што пишуваат добар код (за AI стандарди) и имаат imagegen во една претплата. Сега сум уште на почетокот, допрва работам на апликации, заедно со warmup на акаунтите по социјални мрежи.
Ако се оди според планот, за некој месец би требало да почнам поагресивно со growth & sales па ке експериментирам со алатки од типот на higgsfield.

Проблем со токени немам, ама имам навика да менувам модели зависно од таскот што го имплементирам. Пробав еднаш да работам со sol @ ultra на секој таск, за 2 дена потрошив се :(
 
Работите се движат екстремно брзо и почнувам сам на себе да се смеам како треба да се прилагодувам на потребите на пазарот. До “вчера” бев поборник за продукт-бизнис, денес веќе осеќам дека е пројден возот со целата хипер продукција.

Апсолутно веќе не би фатил развој на ништо затоа што outreach-от е веќе длабоко навлезен во категорија SPAM со толку многу нови продукти на дневно ниво што е невозможно на ова ниво да се пробиеш макар решавал реален проблем. Едноставно толку многу нови продукти се во фаза на валидација што неможеш да најдеш ни потенцијален тестер кој би ти бил на waiting list.

Огромно презаситување на пазарот се осеќа веќе а што и да направиш големите го прават веќе како интегрален дел од нивното постоечко решение кое го користат веќе стотици илјади корисници.

Кој фатил колач и направил име пред АИ, толку е.

Сервисот од друга страна останува прескап и не гледам тука било каква перспектива. Што ќе прават децава од факултетиве и како они ќе се интегрираат ми е нејасно.

Никој кај нас не фати продукт додека работите се одвиваа споро, денес веќе твојот продукт е само нов feature кај големите.

За некој што сепак сака да прави продукт би го дал следниот совет:

1. Не почнувај ништо додека немаш над 1к следачи на мрежа кај што ќе го пласираш продуктот.

2. Прво ствараш комјунити, билдаш репутација па тек после пласираш/валидираш. Се друго ти е изгубена игра во старт, те јаде алгоритмот и ти не постоиш макар нашол апче за рак.

Нема време и простор за no-name играчи со “брилијантни идеи”. Презаситен е просторот и ова важи за сите безразлика на географска положба.
 
Добро е што си self-aware, затоа е битно да не те слушаат другите кога трескаш глупости (вклучувајќи и сега)
 
Ок, твојот придонес на темава е од историско значење, у право си.
 
Работите се движат екстремно брзо и почнувам сам на себе да се смеам како треба да се прилагодувам на потребите на пазарот. До “вчера” бев поборник за продукт-бизнис, денес веќе осеќам дека е пројден возот со целата хипер продукција.

Апсолутно веќе не би фатил развој на ништо затоа што outreach-от е веќе длабоко навлезен во категорија SPAM со толку многу нови продукти на дневно ниво што е невозможно на ова ниво да се пробиеш макар решавал реален проблем. Едноставно толку многу нови продукти се во фаза на валидација што неможеш да најдеш ни потенцијален тестер кој би ти бил на waiting list.

Огромно презаситување на пазарот се осеќа веќе а што и да направиш големите го прават веќе како интегрален дел од нивното постоечко решение кое го користат веќе стотици илјади корисници.

Кој фатил колач и направил име пред АИ, толку е.

Сервисот од друга страна останува прескап и не гледам тука било каква перспектива. Што ќе прават децава од факултетиве и како они ќе се интегрираат ми е нејасно.

Никој кај нас не фати продукт додека работите се одвиваа споро, денес веќе твојот продукт е само нов feature кај големите.

За некој што сепак сака да прави продукт би го дал следниот совет:

1. Не почнувај ништо додека немаш над 1к следачи на мрежа кај што ќе го пласираш продуктот.

2. Прво ствараш комјунити, билдаш репутација па тек после пласираш/валидираш. Се друго ти е изгубена игра во старт, те јаде алгоритмот и ти не постоиш макар нашол апче за рак.

Нема време и простор за no-name играчи со “брилијантни идеи”. Презаситен е просторот и ова важи за сите безразлика на географска положба.
re: сервис
А да почниш со сервис во AI светот? Сите сакаат да користат AI, ама многу фирми незнаат како. Продади им приказна дека ке ги направиш AI Native и наплати им дебело за сето искуство со AI што го имаш собрано у последниве 3-4г.
Кај програмерите голем дел од стварите се оптимизирани, ама затоа пак во сектори како маркетинг и продажба на пример, имаш многу low hanging fruit што можеш да го искористиш во твоја корист.
Кога ке „заврши“ ова со AI ке направиш pivot во друга насока, и така до пензија....

re: Продукт
Слободно работи си тоа што те интересира. Направи mvp и почни со барање корисници најрано што можеш. Се друго е небитно. Сите ствари што ги спомна важеа и пред AI. Единствена разлика од тогаш до денес е тоа што у терија имаш повеќе конкуренција, ама во пракса, има еден куп луѓе што работат на истите идеи без да размислат на бизнис моделот и на моментот со маркетинг и продажба. Со малку работа и среќа ке најдеш начин да се издвоиш од другите.

Нормално, сето ова важи ако имаш продукт што решава реален проблем. Ако идеата ти е QR кодови за ресторани, или сајт за закажување на фризер откажи се од старт и барај подобри проблеми за решавање.
 
Тука муабетот беше ко да сме 2000та во СФ, кај што програмери правеа фирма во гаража. Реалноста е дека пазарот е одамна созреан, уште пред АИ, и големите играчи ги јадат помалите уште у старт како и во секој сектор. Треба да си бизнис поткован за да преживееш и успееш, нешто што нема врска со програмирање.

Ако можеш да го напраиш тоа тука, веројатно можеш и со кафич, банани продавање, и тн.
 
Тргна напред возот, ќе не биде. Финки, АИ, лидерство, бизнис, све во едно. Потемкин на апарати.

Како лош лаунџ џез во лифт станаа евентиве за АИ во Мк. Кој стигне организира и присуствува на нив, и ќоро и сакато.

У најмала рака можеле да пишат што се дискутирало и кој бил заклучокот. Вака со три реда статија и министерот опенинг гост, само лош ПР и просечен рич.

Ама сепак да споделиме да не пројде незабележано
 
Мене ми се причинува или некако сите фирми истовремено одлучија дека квалитетот е небитен? Или вработените одлучија дека malicious compliance e најдобрата стратегија?

Не е до буџетот, имаат пари за AI, не е ни до времето, сигурен сум дека имаат 20-40 минути да разгледаат тоа што AI го направило.

1788515284550.png
 
Овие Crazy Labs се загреотка, кој црн квалитет кога појма од животот немаат. Само отвори и види кој све им се “(тим) лидери” таму во фирмата и ќе ти стане јасно колку е саат.

Настрана тоа, него после првиот нивни настан за АИ кај што имаше двајца без тројца присутни и каде поканети беа сосема маргинални ликови на Македонската ИТ сцена, сега гледам дека со промотед на втор настан за вештачка интелегенција имаат два лајка.

Ние ако не ги спомнеме тука како лош пример и како не треба, никој не ги рецка за живи.

Треба да се захвални и за лошиот публицитет кој им го даваме, кој е сепак публицитет на некој начин

Мене ми се причинува или некако сите фирми истовремено одлучија дека квалитетот е небитен? Или вработените одлучија дека malicious compliance e најдобрата стратегија?

Не е до буџетот, имаат пари за AI, не е ни до времето, сигурен сум дека имаат 20-40 минути да разгледаат тоа што AI го направило.

Прегледај го приврзокот 486470
 
Attachments

  • IMG_3050.jpeg
    IMG_3050.jpeg
    507,8 KB · Прегледи: 51
Што правиме со job marketot? Некако скроз е паднато срањево на дното, така ми делува или грешка сум?

Со топ портфолио со реални проекти аплицирам, абе ретко некое интирвју да падни, порано со 1/3 од skills и проекти што имав повеќе интервјуа имав, и тоа сега со 6 години искуство.

Некој да сподели нивно искуство?
 
Подобро е од претходни години, доста луѓе мењаат работа. А и немало некое големо бркање по големите фирми кај нас одамна.
 
Не знам по кој критериум е „подобро од претходни години“, ама мислам дека малку се мешаат бројките со реалноста.

Денес фирмите многу поретко ќе ти кажат директно „те отпуштаме“. Си тераат со silent layoffs и те тераат сам да си заминеш. Завршил проектот и ти праат гитла преку суптилности како : Те ставаат намерно под притисок, HR те замара за глупости, менаџерот те гази, а кога ќе пријавиш нешто - HR намерно се прави на Тошо додека не ти прекипи и сам не дадеш отказ. На хартија нема layoff, ама човекот пак си отишол.

Плус, процесите за вработување станаа циркус. 5-6 круга интервјуа, coding task, HR, technical, manager, director, „culture fit“... и на крај можеби позицијата ни не е реално отворена.

Има и еден друг момент: фирмите сфатија дека масовните layoffs им го јадат employer branding-от. Ќе отпуштиш 10% одеднаш и следните два месеци имаш LinkedIn плачење, Joberty, Indeed 1-star reviews и бивши вработени што раскажуваат што се случувало внатре со valid harrasment stories.

Па наместо тоа, сега полека си бркаат луѓе case by case. Еден денес, двајца следен месец, тројца преку „performance issues“, некој преку „немаме проект“, некој ќе си замине од притисок и заради токсична околина.

Така компанијата официјално „нема layoffs“, HR си има работа да замара, LinkedIn employer branding-от не им гори, а headcount-от сепак си паѓа.

Затоа и тоа што „луѓе менуваат работа“ не ми е баш доказ дека job market-от е добар. Може да има churn, а пазарот сепак да е срање за нов човек што бара работа.

И искрено, ако некој со 6 години искуство, солидно портфолио и реални проекти едвај добива интервју, не би го отфрлил тоа како „само така ти се погодило“. Тоа е прилично добар сигнал дека пазарот е многу позатегнат од порано.

Еве ти валиден пример како изгледаа ривјус кога имаше mass % layoffs до пред некое време во нашава вукојебина.

После тоа, дотичниве ја “научија лекцијата” и веќе не направија public layoff, туку се насочија на други начини да си ја остварат истата цел.

Успат, заради фрикција помеѓу вработените и HR (case by case) некој ќе скрши вилица/зуб кога ќе наиде на малку контра од вработените, па HR ќе си даде отказ откако ќе се исплаши (…што значи има жртви и на двете страни) , и така, СЕʼ е дел од циклусот на psychological warware за да се задоволи corporate greed на CEO-to, во конкретниов случај Американизиран Индиец. А тие се најлоши!!

IMG_3054.jpeg
 
Последно уредено:

Прегледај го приврзокот 486589
А што треба да направат и они ако нема проект за тебе? Да те чуваат и да ти даваат плата со надеж дека нов проект/нов клиент ќе најдат? Ќе те направат технолошки вишок и ќе ти дадат отказ со отпремнина. Тоа е реалноста и работите нема да се подобрат за жал. Ко што еднаш реков, за идните генерации ќе стане многу добро, ама прво ќе стане многу полошо пред да стане подобро.

Денес да најдеш работа преку оглас е рамно на лотарија. Ако сакаш да бидеш приметен е треба да бидеш активен во твоето community/tech stack. За жал се повеќе и повеќе читам вакви приказни

1788688568033.png

иако човеков не е во ИТ, пазарот е брутален за сите кои на некој начин се дел од дигиталнава економија
 
Back
На врв Bottom